Совети, искуства од мајки за бебиња од 0-6 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од meU, 16 октомври 2012.

  1. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.743
    Допаѓања:
    40.198
    Пол:
    Женски
    Еве го од страна
    IMG_20171104_215014.jpg
     
    На iki26 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Положбата на релаксаторот на кој е означено 0+ и транспортерот е направен прописно и соодветно за положбата на бебе. Консултирај се и со ортопед истово ќе ти го каже, исто бев вака загрижена и со се релаксатор и транапортер отидов кај ортопедот кој ова ми го кажа. Осто нагласи дека и доколку не е адекватна положбата немаше ни да се одобрени ниту пак ќе се продаваа. Мојот релаксатор беше баш овој кој го користевме до неполни 5мес. На 2 подесувања и од прв ден беше на прва позиција која од страна гледано изгледаше како кај тебе што е. На самава слика е подесено 45°С еве за споредба и можеш да видиш дека е баш подседнато за разлика од кај тебе. Немај гајле супер си е бебулето наместено.
    14390899-1164881090259534-6532473326672771759-n-245x245.jpg
     
    На forumce му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.728
    Допаѓања:
    18.443
    Пол:
    Женски
    Мами бебе не ми се искака вчера цел ден, ниту утрово :( Само гасови испушта...се мачи :(
    Баш вчера беше само на мое млеко, не му дадов воопшто ад ...и сега си викам дали дека не испи воопшто ад (хип комбиотик ) и не се искака ??
    Се мислам дали намерно да му дадам сега адаптирано има пробиотик внатре може ќе му е полесно....чајче воопшто не ми пие...сабајлево му нудев го плука...
    Му правев и масажи и ништо..
    Помош?
     
  4. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.743
    Допаѓања:
    40.198
    Пол:
    Женски
    Нормално е да не какаат секој ден, не се сеќирај. Пробај стави го во релаксатор, можеби ќе се покака, барем мојава така прави.
     
    На Igle му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Elen4e_sonce

    Elen4e_sonce Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2016
    Пораки:
    508
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Моето бебе денес наполни еден месец и треба да прима вакцина и да оди на ортопед. Арно ама, здравствената книшка сеуште не му е готова. Дали може да ја искористи мојата?
     
  6. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.515
    Допаѓања:
    27.301
    Пол:
    Женски
    Од докторот зависи, јави се и прашај. И ние за првиот преглед бевме со незаверена книшка, ама не прими.
    Која вакцина ќе ја примате сега? После таа од болница, наредна е на 2 месеци. И на ортопед го однесов прв пат на 2 месеци.
     
    На Elen4e_sonce му/ѝ се допаѓа ова.
  7. forumce

    forumce Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 февруари 2017
    Пораки:
    8.743
    Допаѓања:
    40.198
    Пол:
    Женски
    На вакцина можеш извод да однесеш. Нас така ни кажаа, или книшка или извод, што имаме.
     
    На Elen4e_sonce му/ѝ се допаѓа ова.
  8. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.195
    Допаѓања:
    124.778
    Мами, уште малку правиме 3 мес.
    Ме интересира, дали вашите бебиња плачат во сон? Му се случува на сред спиење да почне многу гласно да плаче, хистерично. Го земам и одма престанува. Ама денес не се смири 15мин:( Јако плачење па на крај и многу жално :(
    Некогаш и кога го оставам сам знае да си викне, ама претежно во сон. Што може да е:( Претходно пелена сменета, најаден...
     
  9. Igle

    Igle Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.728
    Допаѓања:
    18.443
    Пол:
    Женски
    Ели веќе срам ми е и да те цитирам. Се слично ни се случува изгледа, ама па иста возраст се бебушките : )))
    . Еве и мене ме интересира што може да е... малиов мој исто плаче од нигде никаде во сон :( го погалувам или потпевнувам и продолжува или го кревам и понишкувам за да престане...ама некогаш не ми успева, продолжува да плаче и јас не знам зошто...не се грчеви и најаден и среден и се таман...ова нас ни се случува скоро секое сабајле речиси пред станување...
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. elcezelce

    elcezelce Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2011
    Пораки:
    3.118
    Допаѓања:
    20.936
    Пол:
    Женски
    Моето прави така исто од нигде никаде коа ќе викне во сон ,последниот пат толку силно викна да плаче што маж ми дотрча од тоалет а свекрва ми од долниот спрат ,претпоставувам дека сонуваат нешто и се исплашени пошто друго објаснување немам .
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Уживај не е ништо страшно,еве го 7мес и ден денес знае така да направи во сон. Еве го и внук ми е 2г исто. Си сонуваат . Еве и нас возрасни некогаш ни се дешава во сон да срипаме али не плачеме
    Тек ќе мењате све позабавно и позабавно ќе ви биде. Башка сега сте во најтерсане скокот во развој. Овој во 3ти месец е најтежок и се ќе ти е како ново од нејадење, плачење, неспиење, вриштење итн. Ќе издржите и запомни дека овој месец е оној клучниот кога повеќето мајки мислат дека им се гладни бебињата од овие новитети и посегнуваат по дохрана или Ад. Знам на доење сте ако не се лажам. Имаш за овој скок и во групата за доење на фб прочитај. Ако нешто си во прашалници некпј ден слободно на фб пиши ми ;)
    Бакнеж до вас од мене и синко
     
    На Lolipop23 и eli25 им се допаѓа ова.
  12. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.195
    Допаѓања:
    124.778
    Почнавме да не јадеме :worried:
    Бакнеж и од нас:)
     
    На sofi2107 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Не е гладно да знаеш и немој да направиш таква грешка да посумњаш во своето млеко и да мислиш дека не му е доволно. Таков е периодов и ќе помине. Нуди почесто па макар и по малку. Месецов ќе ти е баш забавно стресен ама јака си мајче ќе издржиш ;) после ќе е забавно кога ќе вади заби, па лазење, па проодување итн.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Capricorn Taurus

    Capricorn Taurus Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јуни 2016
    Пораки:
    1.662
    Допаѓања:
    22.988
    Пол:
    Женски
    Мами каде ви спијат бебушите? Ние сме 2 месеци и 20 дена. Првите два месеци убаво си го фативме редот и спиеше во креветчето. Но последниве три недели цело време спие до мене. Креветчето ни стои така за украс :) Бидејќи тешко заспива навечер некогаш не остава будни до два три сабајле, единствен начин да го заспијам ми е да биде до мене. Ако го префрлам во креветчето веднаш се буди и се расплакува и останавме будни уште еден саат... Мене не ми пречи, напротив, ама не знам како ќе биде кога ќе потпорасне? Искуство?
     
  15. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Мајки малата прееска ми поврати жолто.требаша да цица ја кренав се накашла и ми поврати.Не е од млекото,оти млекцето и беше сваррно беше цицана пред 2 часа.Се консултирав со една докторка ми рече не е страшно,но пак не сум мирна,нормално е така?
     
  16. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Мојот е 7мес и од прв ден спие со мене. Полесно ми беше и ми е за доење, ем кога ќе закенка одма се смирува. Од искуство еве со мојов, поубаво спие и осеќа сигурност. Заспива најдоцна до 20ч и тогаш го ставам во неговото креветче, покасно кога ќе си легнам јас и он ќе побара да цица го зимам и продолжува со мене на спална до сабајле.
    Ако ти е на мисла за како ќе е понатака...од искуство на деца од пријателите, негде после 2-3г самите деца си спијат сами во креветче и немале проблем.
    Можеби не секој би се согласил со мојов став, но јас лично сакам да спие со мене зашто овој период на ваква блискост е сега дур се мали, после ќе дојде ден кога нема ни да сакаат волку гушкање, стискање, бацување па ни спиење со мама . Ја уживам кога спие со мене, па се дешавало и да спие во креветче и јас да го земам за да спие со мене. Навикнат е во спиење ако не сум до него ( со рачето проверува) и почнува да плаче да кенка. Спиеме еден до друг свртени како лепенка и неговото раче на мојот образ

    Киселини се ништо страшно. И на мојот му се десило. Понуди водичка малку да се напие кога че се деси пак.
     
    Последна измена од модератор: 5 ноември 2017
    На Melinda85, Annath, Capricorn Taurus и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    40.513
    Пол:
    Женски
    Уф и ние изгледа малку порано влагаме во оваа фаза. Од завчера е само во раце, така и спие, а денес е врв. Цело раче пика во уста, цело време ќенка и одбива да цица. Го доближувам до града и одма вришти. Немам памет веќе што да правам. Жал ми е, многу слабо е цицан денес.
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.195
    Допаѓања:
    124.778
    Се договараат нашиве. 3 пати цицаше четвртиот онака:( Вришти кога ќе го ставам да цица. Па даваме цуце па подметнуваме града, па пак и така цел ден.... Навечер ечи зградата :drunk:
     
    На Ano му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sofi2107

    sofi2107 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2014
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    5.886
    Пол:
    Женски
    Не се секирај ќе помине оваа фаза. Најтешка е и најстресна и немој да потклекнеш под влијание на околина или да мислиш дека не му е доволно мајчиното или дека е гладно. Период е верувај. Слободно доколку си член на фб во групата на доење прочитај за оваа фаза и скок во 3тиот месец. Овој месец е пресудувачки и месец кога многу мајки кој дојат од паника прекинале со доење.
    Според мене најтежок месец во кој нервно попуштив буквално . Доев и петав низ стан со него во раце, пеев, пуштав фен, ќе почмеше да цица па ќе земеше да вришти мослиш го колат, па ќе прекинев ќе го смирев па пак че почневме и мислам дека 24/7 беше на цицка. Признавам дека купив Ад и сакав да дадам, но среќа се јавив на педијатарката и ми рече ако сакам веќе да не фати цицка и да намали моето млеко слободно да дадам иако она гарантира дека не е гладен и дека не е будала да гладува. Не дадов ниеднаш Ад иако се дешаваше некој од блиските да промрмори : плаче гладен е ете може слабо ти е млекото итн. Не посто слабо млеко или малку млеко. Или имаш или немаш. Ќе помине скоков иако е најдолг и може да трае до 4недели. Мојов на финта го фаќав навечер. Да знаеш дека бебе надокнадува дневни подои со ноќните, така да навеќер форсирај ако не. И ако си на мисла иди секоја недела на мерење. Јас од страв да не е гладен и да не намалува на кг кдев секој понеделник кај педијатарката, а секој 3-4дена дома го мерев. Ете помина хаосот и бебе супер, а мама се прашува како не заврши во Бардовци тие 4недели ;) признавам дека тогаш за прв пат и му подвикнав неколку пати
     
    На Libra88, karibian, Ano и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Ano

    Ano Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 октомври 2016
    Пораки:
    9.151
    Допаѓања:
    40.513
    Пол:
    Женски
    Не помислувам за ад. Криво ми е само што не сака шише може од моето ќе успевав по малку да му пикам така.
    Тоа е ќе стиснам заби и ќе се бориме. Прееска ме фати криза за плачење, мм ме виде и ми го зема и ме испрати да се избањам да се изрелаксирам малку да не му пренесувам и него немир.
    Пред спиење успеав колку толку да го нацицам со фати пушти. Ноќеска планирам да го фаќам во сон да му давам па ќе видиме како ќе поминеме.
     
    На Libra88, sofi2107 и Igle им се допаѓа ова.