А да прашам,тие што поминуваме или поминале во скоков на 3 месеци...дали малите навечер ви се будат за цицање почесто од обично? Моево еве скоро недела се буди на саат ипол во просек, а само што почна да врзува по 3-4 саати? И приметив преку ден помалку мл мл ми пие, поналку е гладен... Другите?
Исто е и кај нас еве 3 ден денес како има промена во однесување. На 9 ти ние правиме 3 месеци. Со јадењето нема проблем си јаде редовно на 3 часа. Но почна да не спие на дење како порано, дремнува 30 мин и се разбудува, постојано кенка сака В раце особено навечер. Проблем е што кај татко му В раце плачи а кај мене не па јас си го држам, кај цел ден сама со него па уште и навечер В раце. Среќа со спиењето на вечер немаме проблем како го ставам В креветче околу 9 часот и си заспива не го нишкам, од кога е роден без нишање В раце заспива, се буди во 3 и 6 за јадење му давам и одма потоа заспива. Исто така не сака да го облекувам плачи многу дури зајдува, дури го преслечам се препотувам. Се надевам побрзо ќе помине овај скок. Неможам по цел ден сама и во раце да го држам, лошо што навечер плачи кај мм. Ако го оставам да лежи треба да бидам над него да го занимавам па да не плачи а мрднав готово. Мислам и дека зарипнав од зборување и пеење. Песни му пуштам на тел ама го оставам подалеку од него за да не гледа, а ако е пуштен телевизорот гледа во него ама кратко па го исклучувам. Вчера бевме излезени шетавме во еден мол и несакаше да лежи В количка цело време кенкаше и плачеше што никогаш не правел така одвај го дочекав мм да не земи.
Срам, не срам ќе те цитирам Се буди на саат, саат и пол бара цицање па бљуцка... Се смее на глас вика... Насабајле нејќе да цица... ко ради реда некоја голтка... после 12 ко друго дете, цица и се по ред . @orhideea исто со количката. Порано си заспиваше и немавме гајле по мол, во парк и сл. Сега само во рака и да разгледува. едит- ова лавчиња се, нема шала
^За количката се надоврзувам Бевме во џамбо викендов и што никогаш не се случило, кенкаше за во раце. Кога го зема мм, си беше мирен и заинтересирано набљудувашеD И до центар со количка се излажав во саботата да го носам и пак се раскенка и ајде во раце...а претходно таа дестинација без проблем си ја шетавме во количка...
Ние сме 2 и пол месеци на 26ти ќе правиме 3. Засега е супер, нема промени, многу е мирен повеќе сака да си лежи отколку во раце, си јади редовно...навечер спие по цела ноќ, веќе подолго време е така. Заспива околу 9 и пол или 10, се буди еднаш во 5 или 6 да цица и пак спие до 8. Ама како шо ве читам да очекувам да смени за брзо. Се надевам лесно ќе го поминиме скокот
Ај и јас пак да се пожалам.. Пред некој ден пишав дека бебе ми се смири и повеќе спие, еве вчера и денес пак е кенкав Исто како што кажа @orhideea само кај мене се смирува, поретко мм да го смири. Таман си реков добро е, изгледа му поминаа грчевите и се смири пак се враќа на старо. Пред 2 дена бевме на гости кај другарка, нејзиното е 2 недели помало од моето.. абе бебе мирно само за јадење пушти гласче, а моето кога ревна оди па смири го, а и он незнае зошто плаче. И со јадењето имаме мака, од лакомо бебе наеднаш почна да не си го испива цело млекце А згора на се и носето уште неможеме да го управиме, затнат е и се нервира неможе убаво да дише, а едвај му го чистам со аспираторче, плаче цела куќа ја дига во вис. @eli25 ме насмеа, таман лавчиња опасни се
И моево е лавче, ама уште се нема разлутено. Мирничка е. Кога скенкува знам дека има некоја физиолошка потреба. Или и се јаде или е какана. Навечер се буди на 3 саати и не сака многу во раце. На готовос сум во секој момент и не би се изненадила да смени табиет. Сакам да ве прашам од кога може да почне тој скок во развој на 3 месеци? Ние сме 3 месеци и 2 недели, немам забележано ништо такво...
Мора да заржат Синко од ноќеска на 1-1,5 час на цицка. Не плаче, сма скенкува. Ама затоа денски новитет му е да вика кога му се цица. Забавен период следи.
@Ano @Igle мора да се запознаат. Интересен "хор" ќе биде Со @orhideea ќе се гледаме преку viber Со @Seduction си се знаеме Ајде ќе мине. И нам не ни е секој ден ист, така си викам
Хахахаха добра идеја Ние В зима си идиме не чека долг пат не би било лошо да си се запознаат лавчињата
Опасен збир на лавчиња би било тоа, чувствувам Може да се реализира средба некогаш, сега во скоков опасни се ептен
Се што имате напишано за скок во развој на 3 месеци и ние го поминавме:од одбивање да цица со вриштење,држење во раце дење и ноќе и тоа само кај мене,плачење во сон. Нема каде не сме го носеле со количката си спиеше,сега сака да разгледува и колку пати туркам количка и дете во раце.Денски спие 7-8 пати по пола саат,заспива вечерта секогаш како под саат во 22:30 и се буди за јадење во 5 наутро. До пред некој ден цицаше сонлив и само навечер сега воопшто не сака.Ме гледа кога се измолзувам и отвора уста за цицање,му давам си игра,почнува да тече млеко си лиже како сладолед и се смее,ако сум упорна почнува пак со плачки. Мислам дека скроз се одби од цицање иако кога е гладен се мести накај градата.
Имам едно прашање до мајките со зимски деца. Кажете ми ве молам кога почнавте да правите прошетки надвор на отворено, и кога во затворени простории со повеќе луѓе, а и кога прв пат излеговте на пазарување со бебето, бидејќи малку ми е страв по моловиве да го носам, а некои ми викаат бактерии он и од вас ќе фаќа, демек нема ништо да му биде. Син ми утре ќе има еден месец, до сега на тераса го вадам скоро секој ден, на почетокот по 15тина минути, сега по пола саат до 45 минути најмногу ако е сончево, но го вадам и кога е облачно. Пред некој ден го однесовме кај баба му, таму беше и тетката на маж ми и сестра му со сопругот, што значи до сега сме го смешале со повеќе луѓе наеднаш, не е дека во стаклено ѕвоно го чувавме до сега, ама ме интересира вашата пракса, иако знам дека сите различно прават.
Искрено јас не би носела мало бебе во молови. Вентилацијата е ужасна. Пре би изнела дете надвор на воздух (нормално, ако не е високо загадувањето).
Ќерка ми е родена на 02 јануари. Кога направи 40 дена, значи некаде средината на фебруари почнав да ја изнесувам наоблечена. Ама кога беше помеко времето. Кога беше ептен ладно, тие денови си преседувавме дома.
Докторката во систина кажа да се изнесува на отворено од одма, а да се избегаваат затворени простории и мешање со луѓе, посебно деца. Баш викаше на Водно да се носи, а кога ќе биде ептен загаден воздухот седење дома.
Па ни јас, страв ми е, ама наидувам на спротивставени мислења. А па зимата допрва почнува, не е ваљда дека до Март- Април месец ќе го чуваме во 4 ѕида детето, тогаш ќе има веќе 5-6 месеци, затоа ме интересира на која возраст е најдобро да почнам да го прилагодувам на околината во која се движиме ние секојдневно, без разлика дали е тоа на отворено или затворено. :-/ Мене па педијатарка ми рече на Водно бил оштар воздухот за толку мало бебе, сите различно значи. Читав дека се додека е температурата во + треба да вади на воздух детето, само кога се минусни температури да се држи во затворено, така и ќе правам .