Син ми е роден лани на 21 декември. Од почеток го изнесував на тераса по 10-15 минути, а кога имаше сонце и по цел саат сме седеле. Пауза правев само кога фати ептен ладно, кога беа температурите -20. После 40 дена прв пат го однесов на гости, а на 2 месеца кога бевме на ортопед го однесов прв пат во Сити мол. Потоа февруари, март, почнав редовно со прошетки, во природа, низ град.
Моето е родено на 5 Јануари. Го изнесував надвор однекои негови 10 дена по 5-10 минути на балкон кога имаше сонце. До кај месец ден не го вадев долго зашто воздухот беше загаден. Кога се крена маглата некаде во Фебруари почнавме секој ден да шетаме. Надвор е и на минус и на дожд и на сонце. Не одиме надвор само ако има магла заради загадувањето. Сега е 21 месец и можам на прсти од една рака да зибројам денови кога не бил на прошетка надвор. Во молови и слично избегнувам да шетам со него. Кога беше бебе заради непроветреност, а сега бидејќи не сака да е во затворено.
Ние имаме 6 оброци по 120 и еден 60. Пример во 5ч оа во 8 после 11 па 2ч, 17ч 19ч и 21 60мл. Се менуваме секој ден различно. Три часа издржува когаспие. Кога е будна 2часа максимум.
Мамички брисот е чист. Конечно е излечена бактеријата, но се уште носето и шмркори. Крвна слика исто добра. Од што може така?
Мајки ај совет за кенгур? Ги гледам тие на чико од енци менци , незнам дали се ок . Ако има некој искуство да ми каже
Зависи од кг на бебето. Ја кенгурот го искористив ни 1мес искрено. Април се роди и неможев ептен бебе да го ставам. Па негде мај-јуни чат пат го користев. Па летото пекол топло и во кенгур неизводливо жива вода и он и јас се праевме. Еве го сега е скоро 10кг и искрено неможам во кенгур да го носам ми тежи многу и рипа и толку беше од кенгурот си го спакував. Ако е тешко бебето пр. еве мојов е машала тежок, а јас 50кг имам и исто како да го шетам во раце. Па сеа зима и кога ќе го наоблечеш бебе и у кенгур ќе го ставиш мислам ич не комотно ќе му биде натуткано и стегнато. Незнам ова е мое искуство може друг има супер искуство со кенгур. Јас ептен мерак имав и му се радував на кенгурот, ама дали 10 пати го искористивме. Ако имаш од некој земи па прво пробај неколку пати за џабе да купуваш.
@sofi2107 па и јас од мерак повеќе сакам кангур , барем 5,6 прошетки да направиме сега кога ќе е поубаво времето не е крупно бебе оти се роди помало , 5150 е сега така да со скафандерче и во кенгурот мислам дека таман ќе му биде.
Дур не стигнете до најмалце 8-9кг шеткајте во кенгур, зашто после е тешко . Чим ти е мерак да си земеш и да си шеткате таман е сеуште убаво времето па ќе го искористите максимално.
Друштво @Ano @Igle и други, почнавте ли да спиете? Синоќа само 3 часа. Де нишкање ќе заспие ќе го легнам отвора одмаа очи и почнува да прета со нозе и раце. Нејќе еве и сеа да спие синоќа спиењето беше до полноќ и толку. Дежуравме со мм за да отспијам малку. Педијатарот загрижен зошто не спие И спомнав за скок, ама нешто посебно не рече. Инску има одличен напредок .
Уф променливо му е расположението. Вчера го преспа скоро цел ден, затоа ноќеска од 3 наваму беше ќенкавица и цело време мрдаше. Ќе го земеме, јас или мм ќе се смири, го враќаме во креветче, после 15 минути иста приказна. Денес имаше неколку напади на вриштење, а сега еве го бајче си се смешка во релаксатор. Во глобала не е страшно како пред некој ден, ама нема ред и правило. Секој момент очекувам да викне пак. Ајде ќе помине овој скок. Ќе си се жалиме тука за тоа време
Јас незнам кај нас дали е скок , за некој ден 5 месеца ќе правиме , ама како моево бебе да го опиша. Цело време кенка , ноќеска на секој саат се разбудуваше и мрдаше. Во теков на денот неколку пати вриснување плачење на цел глас. Незнам шо да направам.
Здраво мајки. Јас не сум мајка уште, но имам едно важно прашање за вас. Денес се породи вујна ми со царски, 3300 бебенцето. Но, никакви рефлекси немало кога се родило. Ниту заплакало, ниту мрднало, ниту продишало. И од Струмица со брза помош за Скопје. Сега е во инкубатор, со кислородна маска. Пулсот му е добар. Велат дека голтнало плодова вода. Дали некоја од вас има слична ситуација? Може ли да има големи последици? Докторите велат требало да се почека демек. Ви благодарам однапред
Нема што да правиме. Ќе се гушкаме и мазиме со малите додека да пркнат. Тоа ни е најбитна задача во моментов. Не е лесно, ама ќе издржиме. А во меѓувреме ќе си се жалиме тука
Ќе направат ренгенска снимка на плуќа и ќе се види според снимката како се плуќата. Јас се породив царски и исго синко "као" се напил плодова вода, бил модар, немал баш глас и го ставија исто под кислородна маска и терапија примаше паравенозно. Ренгенската снимка си покажа дека е супер све, го следеа до четвртокот ( јас понеделник се породив ) примаше терапија,беше под кислородна маска и четвртокот ми го донесоа и еве го 7месеци маженце буцкасто е . Честито на вујнати мајчинство,на тебе честито братучедче и со Божја воља све ќе е во ред. Само трпение и убава мисла да ве води. Знам како и е на вујнати, но освен да се надева и да чека убави вести друго не и преостанува. Верувам дека све ќе е супер.
@eli25 спие првите 3-4саати. После тоа кенка, прета па цицнува и така дремнува. Го спуштам за да спијам и он пак исто...прета, врти со главчет...јас пак го земам и така во круг до сабајле...и уште плаче без причина...
И ние синоќа иста приказна. Нервозно маваше со рачињата и ножињата и кенкаше цело време. Како да го мачи нешто. Денес цел ден го преспива и кога се буди е нервозен и плаче, лигави и се поти. Или е тој скок што сите го спомнуваме или си викам да не му излегува забче?
Мајки, бебето 4 месеца почна да се превртува и во сон. Бидејќи се селиме, спие со мене во кревет неделава. Се разбудив кога слушнав звуци и го најдов на стомак со главата надолу. Сега ми е страв да го ставам во креветче. Како се справувавте со ова?
Преку ден почесто ќе го ставаш на стомак ( обавезно ти до него ) за да вежба мускулатура ( врат, грб, раце и стомак). Со самото тоа ќе се научи главчето да си го движи лево/десно. На тој начин ем ќе зајакнете мускулатура, ем кога ќе си се преврти на стомак самостојно ќе си го врти главчето и така ќе спие некогаш. Тој период јас го оставав денски некогаш и на стомак да спие за да се научи да не гњури . Немај гајле самите се свесни и си се вртат лево/десно со главата кога се на стомак. Но, запамти дека само несмееш да го оставаш се дур не зајакне вратче и да може само да контролира движење.