Мајки бебе е на 14 недели, таман почна убаво да си спие да сврзува по 5 часа еве не пак на почеток. Два вечери по ред се буди на секој саат ипол, дури и почесто живи ненаспани сме. И се спие а не дава да ја заспијам, плаче се бутка исто и додека цица, на сред цицање ќе почне да вика да се тегне. Денски спие само во раце и пак додека да заспие церемонии. Почна да си седи во релаксаторот, а сега и тоа не сака, се се измени за една недела. Инаку моево бебе количка несака да види, само во раце по цел, се да види да биде во тек Читам на 3/4 месеци освен скок има и sleep regression дали е тоа незнам, кажувајте совети
Жени бебето ми е 2 месеци и до сега сакаше цуцла лажалка а сега почна да ја плука и да ја гризе и вуца раката. Можно е толку рано заби да го чешаат или нешто друго е? Гладен не е сигурно зошто идтото го прави и после цицање.
Можно е, ама тоа не значи дека на два месеца ќе му излезат забите, едноставно процесот порано е почнат, така беше и кај моето, прв заб дури на 5 месеци извади и тогаш скроз ја отфрли цуцлата која и така со сила пред заспивање едвај ја прифаќаше. Инаку исто ко твоето од два месеци со рацете во уста и ненормално се лигавеше.
Исто е и кај нас така. Ние за 5 дена правиме 2 месеци и скроз истото го прави. Мислам дека е рано за заби.
Повеќе сме на мое млеко еден оброк имаме само ад нан1. Бебушка кака преку еден ден по еднаш само . Ми е страв да не нешто не е во ред.
пошто сте на нан1 претпоставувам помалку од шест месеци е бебето. се е во ред, тек допрва ќе му се регулира столицата.
Мамички помагајте бебуш ми е три месеци и некој ден .До два месеци беше само на мајчино млеко но ми дојде и наеднаш ми намали млекото,почнавме со ад аптамил 1 и супер го прифати е сега последнава недела од кога направи три месеци почна слабо да ми пие ќе направам 120едвај 90мл ќе испие после по 2часа пак бара ќе и направам пак и 60мл ќе испие,додека пие се ја интересира се врти се смее па плаче незнам како да и погодам више ...пред тоа имаше ред сега безредие на оброци само млеко фрлам никако цело да го допие..мислев дека е до аптамилот го сменив со бебелан ама пак исто ..инаку за спиење спие цела ноќ не се буди ама со јадењево со да правам незнам више..а прстите сите во уста цело време и се ,и нервозна е дали заби ќе вади ...ама мислам мали сме за заби?! Што да правам незнам
@eli25 @Ano @orhideea и сите си бебиња на слична возраст, се смени ли нешто на подобро кај вас? Кај нас од викендов е ПОЛОШО. Сака само кај мене во раце, ни кај друг, ни во релаксатор не сака ни 10 минути, рацете цели во уста или само палецот. Се кенка постојано, се тријат очи, а спиење никако !!! Возење во кола и вриштење цели 30минути имаше прееска, моравме да застанеме да излеземе за да се смири. Не заспа во возење замислете... Раце ми паднаа... единствена добра работа е што сега цица нормално...па и за тоа сум благодарна...
Уф ноќеска беше многу тешко. После еден саат имаше будење на 45 минути и така се до сабајле. Во раце мирен спие како бајче, спушти го после 15 минути почнува немирно да спие. Душа немав сабајлево. Ама па денеска преку ден добар беше. А тоа со рачето во уста си тера он. Еве сега кога го легнував се нацица и го ставив во креветче. Пред малку само на врата застанав да видам дали се смирил целосно и слушам шматање, што значи пак е рачето во уста.
@Igle подобар е ама има моменти Денес нејќеше да цица дури сега јадеше како што треба Ме препоти цел ден ќе повлече еднаш и почнува да плаче. Друго, не спиеше цел ден. Заспа во 5 стана во 8ипол и вечер што ќе правиме незнам. За рачето- бевме кај мајка ми. Го видоа комшии , роднини некој и сите дај рачето стисни ме И после тоа во уста. Или ќе го бакнат во раче. И миев цело време и го мачкав со она средство за дезинфекција. Навечер се буди и прво рачето. Кога го земам после. цел е мокар од лигавење Којзнае колку време седи буден со рачето во уста зошто не плаче.
Јас на бебето на секое менување пелена му ставам Павловиќева крема. Дали наместо тоа можам да ставам детска витаминска маст на Бекутан? Прашувам бидејќи терминот "маст" ми звучи ко лек.
Лиги до колена и кај нас....еве го пак плаче, скренавме со мм, до немање здив плаче од нигде никаде...и не е спиен цел ден....си викав дека вакцина прими во петокот дека е кенкав ама ова трае....нема шанса да е тоа
Педијатарот ми рече немора да се витка како на почеток а да има грчеви. Ми ги спомна и грчевите како една од причините за неспиење
Ме замисли сега... уште давам капки и досега беше супер...се е исто само што јас почнав да јадам леќа, грашок, пита со праз Од утре пак ќе пазам некој ден да видам да не се смени нешто..