Јас ги имам користено вторите после вакцина на 2 месеци само една лепенка ја сечев на три дела и ја лепев на местото кај што беше боцнат синко .
Cool Pad ги имаме користено и ги сечам на пола. Само кога прима вакцина ги ставам на боцнатото место. Кога му излагаа првите запчиња ми дигна тт па на пола исеков и на челото му ставав.
Планирам да и ставам кога ќе ја примаме вакцината. Инаку на колку часа ги менуваше и дали само тој ден кога ја прими вакцина ги ставаше или и наредниот ден?
И двете ги користев после вакцината кога ја прими . Два дена и ставав ги менував на 6 саати. Наквеќе 10 часа може да се носи една лента.
Мамички да ве прашам, што е со малава овие два дена приметувам дека се поти? Исто е облечена од почеток и температурата е иста дома 23 еве денес и клима не пуштав и пак и вчера и денес после лежење ја фаќам на грбчето испотена и топла и косичето жива вода. Вчера и на цело стомаче и гради имаше црвени точки претпоставувам вруќаници така ги викаат. Ја избањавме, на крај со камилица ја исплакнав со не толку жешка вода и денес еве полабаво околу 22 беше ама и претходно било толку и она била исто облечена, само што била помала Денес и кога ја држам после цицање или на заспивање испотена е на косичето и мојата рака што стои на грбчето кога ќе ја тргнам како испотена Инаку денес баш е плачлива сака да цица почесто, кенка цело време, вообичаено спие 15мин и се буди. Претходно неколку дена спиеше повеќе и навечер и преку ден( затоа ме нема само да се жалам ) Ама денес пак исто. Инаку ве читав и она навечер врти со главата лево десно, со рацете прета ги крева ги става на лицето, нозе крева, испушта звуци многу немирно спие. Не знам зошто така. Носи капа. Дека е бањата. И имаме проблем, после прво станување да цица, одвај ја заспивам некогаш по саат ипол и повеќе. Не сака да спие, не знам веќе како да ја успивам
Колку месеци е бебчето? Кај мене до 2 месеца отприлика спиеше немирно навечер. Првото спиење после бањање му беше супер, ама откако ќе јадеше, некаде кај 01h беше тогаш, се грчеше, креваше нозе, испушташе крици некои докторката ми рече дека е нормално, но јас не можев да спијам бидејќи го слушав. Решение ми беше да си го земам кај мене на кревет, но јас спиев кај неговите нозе и со раката му ги држев стопалцата и така си спиеше мирно. Во врска со хранењето навечер, обично гледав да не се разбудува ептен да плаче. И го хранев во темно, без да палам ламби и да му зборувам и еве до ден денеска навечер кога јаде, не ни ги отвара очите. Само заплакува јаде и продолжува. Сега има 4 месеца и спие мирно во креветче, така да не створи некоја навика да спие на спалната.
Мајки пак јас.. моето бебе за 5 дена полни 3 месеци, а веќе неколку дена ми јаде на пола од тоа што јадеше. Прво го дојам ( 5-10минути мах ) и пиеше по 120мл, а сега пие по 60мл и почнува да плаче и тоа вришти. Инаку јадеше на секој 3ч а сега и 4ч да поминат не бара , го тера на спиење и последно млекото го испи но со плачење и во раце шетање низ соба. Таман ќе седнам се залисува плачејки. Претпоставувам дека е тоа тој скок во развој, но колку време трае и дали воопшто ќе си дојде во нормала како што беше?
За овој период кај бебињата сме дискутирале многу пати, иди неколку страни наназад или во темата за скокови во развој. Најтешкиот скок во развој е околу 3тиот месец и трае претежно 1мес. Ќе помине ќе се среди све. Читни ја темата за скокови во развој.
Исто и кај нас пиеше по 120мл дневно околу 780мл а сега едвај со сила 600мл. Се надевам брзо ќе помине ова нејадење.
@Mia.milicka Колку месеци е бебчето? Кај мене до 2 месеца отприлика спиеше немирно навечер. Првото спиење после бањање му беше супер, ама откако ќе јадеше, некаде кај 01h беше тогаш, се грчеше, креваше нозе, испушташе крици некои докторката ми рече дека е нормално, но јас не можев да спијам бидејќи го слушав. Решение ми беше да си го земам кај мене на кревет, но јас спиев кај неговите нозе и со раката му ги држев стопалцата
Исто е и моето од кога направи 3 месеци намали со јадење ,јас прво мислев до млекото дека е и го сменив ама пак исто ,мене ми успева додека спие да и дадам така ќе испие и 90мл а пред тоа пиеше 120 сега кога е будна 60 а кога спие 90..ништо ќе чекаме да помине докторката вчера ми рече дека и до месец дена траела оваа фаза