Здраво мамички. Бебе е пет плус. Денеска прв пат пробавме банана (од кашичките на лино) 3-4 лажички. Одма после тоа се искака и се беше ок. Сега вечерва се искака темно зелено дури накај црно. Можно ли е да е од бананата или?
Бебушов ми е 2 месеци и ми настина, матичната освен капки и инхалација со физиолошки ништо не ни даде. Ама од денес почна некако да крчи и да се дави од шлајмот. Ви даваат ли нешто за искашлување некој сируп или мало е? Страв ми е да не му се слива на плуќа па да направиме поголема белја
Мало е за такви сирупи, само физиолошки и ете ако ви кажала инхалации. Ставај го да спие на повисоко под агол, најдобро под душечето стави перница. И тапкање по грпчето.
Спреј за нос,вадење со пумпица,повеќе цицање,и обавезно тапкање по грпчето за да не се лепи,јас пред секое цицање го тапкав неколку минути,и инхалација.
Zdravo Ima li moznost bebe od 2 meseci koe nema prelezeno zoltica, da se zarazi so zoltica , poradi kontakt so bebe koe imam veke 5 dena zoltica.
Здраво мамички. Незнам што му е на бебево . Цело време кенка до него сака да бидам ,млекото не ми го допива цело време се врти лево десно и не го допива млекото и плаче и не го сака. Примивме вакцина (онаа на 4 месеца што е ) во четвртокот и незнам шо да направам. Од вчера почнавме пак со дохрана ама си кака му давам пробиотик , ама последнава недела е кенкав ептен инаку сме 5+. Заборавив да напоменам се мора да се стави во уста , да може цела рака ќе ја стави во уста.
Кога бевме на педијатар минатата недела рече уште нема набабрено ,ама кај и да е ќе почне. Набабрено нема ама бело му е долното непце.
Мајки не е нормално едното окце на три ипол месечно бебе да забегува навнатре нели? Исто како да има стрбизам личи и се приметува особено на фотографии. Јас имам на левото благо навнатре бегање на окото и еве и на синчево забележувам... Ќе појдам на педојатар и ќе прашам за мислење ама до тогаш да слушнам вие што ќе кажете...не му беа така до скоро...или немав приметено
Обично до 6 месеци кај бебињата се случува да не можат да го фокусираат погледот убаво, ама тоа зависи од детето. Ако ти е на мисла, прашај си педијатар, види што ќе ти каже. И да е страбизам, не е страшно, брзо се средува ако се реагира на време. Ама твоево мало е, мислам дека само ќе му се среди.
Мaјки дaли е нoрмaлнo нa бебе oд 3 недели дa му е кoжичкaтa кaкo перутaвa? дaли дa јa мaчкaм сo нештo и сo штo?
Не е нормално. Сува му е значи. Не мачкате со ништо после бањање? Јас на моево му мачкам логона лосион (масло). Кожата му е супер. Тоа или лосионот на еуцерин исто е убав и мислам препорачлив за сува кожа. Земи си и обавезно мачкај го.
не му е сува кожата тоа е нормално после девет месеци во плодовата вода кожата и се обновува. јас не ја мачкав со ништо по препорака од педијатар и еве веќе сме четири месеци и кожата и е супер мазна и мека и да напоменам со ништо не ја капам и не ја мачкам само со вода.
Точно така. Исто така да кажам, кога ја мачкав ќерка ми со масло, повеќе и се вцрвенуваше кожата. А сега не ја мачкам и не и е сува.
Малата неколку дена има мн гасови. Дури се буди од сред сон се витка се мачи крева ночиња испушта гасови цело време. До пред скоро имавме мака со какањето какаше еднаш на неколку дена, а еве веќе три недели како кака секој ден дури некогаш и два пати денот. Дали е нормално да има толку гасови или ја мачи нешто. Од пред недела почнавме со пробување вкусови досега проба морков и јаболче супер ги прифати ама си викам од тоа да не и се ствараат повеќе гасови.
можно е.Затоа што организамот и цревата допрва ке се прилагодуваат на цврста храна.Морковот иначе ја стврднува столицата внимавај со него.Јас круша кога давав мојата имаше мн мака и грчеви.Ке видиш и самата што и смета а што и прија