Чинам моето и твоето бебе се тука некаде, моето сега за пет дена 5 месеци ќе прави. И ја мачат гасови исто и мислам дека е нормално. А и ние почнавме да пробуваме вкусови, ама не верувам дека е од тоа зашто и претходно ја мачеа, а само на млеко бевме тогаш
kiki исто и со нас се случуваше. какаше еднаш на 3-4 дена и премногу гасови има. почнав со крушка и јаболко и гледам дека и се допаѓа и и помага да кака.
Мајки, ние сме 3+. Синко почнува да седнува Нејќе исправен кога е во раце никако нејќе во лежечка положба, а кога е исправен во раце напрега стомачни и потседнува. Истото го прави и во релаксатор . Кога го земам врз мене легнат буквално станува и седи . Кога почнаа вашите да седат?
Исто и ние. Да ја оставам ќе си седи без проблем стабилно. Само што направи 3 месеци почна да се напрега за седење, ама не и давам.
И мојата сама, ама јас внимавам да не ја оставам да седи. Еве нека споделат и други мајки,ама мене ортопедот ми кажа од полни шест месеци да ја оставам да седи.
Мајки бебето ми е 2+. Од пред 2 дена накачивме мл на млеко пие по 120 и сменивме од 3 на 4 часа по препорака на педијатар. Детево плаче за јадење значи плач од глад е, и давам шише и почнува борба со него. Го пљука млекото врти глава прета ме бутка и плаче. Ми остава по 30мл не го допива. И се јавив на докторката вика незнае што може да и биде. Има ли некоја од мајките вакво искуство, грчеви не се ни поминаа, скок во развој е многу рано.?
Исто како твоето. Од 3 се исправаше да седи во скут и релаксатор. Самостојно многу подоцна. Сајковски а подоцна и каличанин рекоа чим сам станува дека е ок. Е сега не го оставав којзнае колку време, ќе го навалев па јово на ново Давај на 3ч. Никогаш не сум зголемувала саатнина сем ако спие. На 3ч треба бебе да јаде
@eli25 исто! Значи буквално седнат сака да си седи во скут кај мене. Истото е и во релаксатор ама таму почнав во полегната поломба да го оставам. Цел оди со главчето и рамената нанапред кога е во раце. Сака да седне. Мене видоевски ми рече сам ќе си покаже кога ссака д аседнува и дека не е проблем ако сам си покажува спремност да го почувувам на кратко во таа положба. Ќе одиме на пет месеци кај него пак, имаме закажано и ќе видам што ќе каже.
мојот исто правеше на 3+. Кога бевме кај педијатар на редовна контрола на 4 месеци ми рече се што прави сам остави го нека прави. Од 4+ почнавме да го ставаме на 45 степени во количка (релаксатор нејќеше за жива глава). Од 5+ веќе седеше сам во количка или на под со перници околу него. На 5+ бевме на ортопед и добивме потврда дека може сам да седи.
Мамички од кога почнавте да ги инхалирате малите? Многу и е затнато носето, физиолошки не помага. Педијатарот вели дека е мала за инхалација. Инаку сме 4 месеци без еден ден...
Majka sekoe dete razlicno se razviva dokolku samo saka da sedi i se isprava ne go maci neka sedi i mojata taka od tri meseci se ispravase i ja sednuvav pa zdrava i ziva e nema poaktivno dete od nejze. Nema pravilo koga da sedi i ne slusaj sekogo. Toa ako saka da sedi ti bre majka so sila ne ke go legnuvas samo ke go macish i ke kemka i ke placi pozz
Да, но треба да ги слушаме и докторите. И педијатарот и ортопедот ми рекоа од полни шест месеци да се седнува бебето. На три месеци е многу рано. Сепак секој нека си одлучи за своето.
Ќе го оставаш по малку. Ти не го седнуваш, туку тој сам станува да седи. Се' што може сам да прави, дозволено е. Ако се исправа во релаксатор, нека го, ти биди до него. Нека се исправи, ќе поседи малку така, ќе се умори и пак ќе легне. Па пак ќе стане. Тоа е добро, оти на тој начин ја јакне стомачната мускулатура и многу брзо ќе почне да седи самостојно. Оставај го почесто на меше, да почне да се врти, ако веќе не го прави тоа. И кога ќе почне да биде поактивен, ќе го ставаш на земја. Најбезбедно и најдобро за моториката е тоа.
Мамички како ги облекувате бебчињата ако сакате да излезете на прошетка на пример преку ден овие денови? Имаме веќе 40 дена, сонце гледам утре задутре па сакам да го изнесеме малку бебчево на воздух каков таков, па не знам колку да го облечам. Дали е во ред како што си е облечено боди, пижамки и шпихозни, капа ракавички и да му облечам скафандерче ама од оние меканите, како мече(многу од вас ги имаат постирано во темата што купивме за бебушот) Или ладно ќе му биде така? Ми се чини дека е рано за класичен скафандер, ако сега го облечам така што да му облечам кога ќе биде во минус температурата И временски колку може да се задржиме надвор? Инаку бебчево мое последниве денови почна многу да се лигави, околу устето цело време е излигавено му тече, си прави меурчиња со плунка, а и цело време му се водени ракавчињата што ги става во уста рацете. Од што така?
Јас за надвор ја облекувам како за дома (боди на кимоно, шпикозни) плус во скафандер исто така мекан. И ставам капа памучна плус капата од скафандерот. Покриена со потанко кебенце и ставенa и зимскaта прекривка на количата одозгора. Мислам дека е доволно.
Облечи го како што кажа,со шпикозни и скафандерче, јас ја проверувам на носето ако и е ладно и тоа ќе е ладно, но за надвор не ми важи тоа правило. Иначе мене педијатар ме советуваше од 5 степени нагоре по два часа надвор, со паузи. За лигавењето тоа е орална фаза која започнува околу 2-3 Месец и е нормално да се лигави, така почнува да ги распознава работите околу себе.