Мајки од кога почнуваат бебињата да остануваат повеќе време будни?Ние сме 2+ и будна е 5-6 сати вкупно од 24 часа.Можи дека е предвреме родено или така треби да биди не знам.И од кога почнуваат да гледаат убаво и да пратат движења.
Мајка и ние сме 2+. Моево пред да наполни 2м почна да прати движења, а е будна околу 8-10ч. Колку порано се роди твоето?
Денес бевме на вакцина и прашав таму ми рече можам и со џинџира спрејот да пробам бил многу добар, ако не еуцерин атопиконтрол да земам. Дома го имам спрејот па ќе видиме.
Мајки, нормално ли е бебево да кака еднаш во 4дена, ама ептен многу, експлозивно, што и пелената пропушта. Инаку е жолта боја и течно. Дали е можеби пролив? Стари сме месец и 20дена
Мами малиот на 1 ќе полни месец и раката цела ја става во уста ја цица искуство со ова и со лимон ја намачкав пак исто за заби рано е
Лимонот е алерген и до 1+год никако не се дава. Јака киселина е можеш да му направиш проблем на желудникот и на цревната флора. И да не ме сфатиш погрешно.. ..како си можела со лимун да му ја намачкаш! Нормално е бебе раце во уста да става, на тој начин ја опипуваат и распознаваат средината т.е. околината. За некој месец и стапалата во уста ќе ги става.
Каков лимун леле кој ти кажа така? Поголема беља со лимунот можеш да направиш. И моето е нон стоп со рачето во уста, па не ми смета. Тоа се фази што секое бебе ги поминува.
3 месеци ќе сме не му давам многу порано кога икале му давале по една капка до две па еве сите се живи и здрави 3 месеци ќе правиме на внуците секогаш кога ика му дававме по некоја капка и ете ги мажина порасна
@Belabelinakinder во ред е мајка , не се објаснувај, реченици од типот "Како си можела тоа да дадеш на бебето" незнам како некој си дозволува да ти каже а па најмалку непознати.Сите се најмајки , сите знаат што е најправилно и ќе те нападнат И мајка ми ми кажува дека на нас по една капка лимон ни капнувала во водичката , ама јас ете не се осудувам да му дадам на син ми , не сакам.Ти како што мислиш прави си , мајка си, подобро кажи на педијатар нема така да ти викне како си можела тоа да правиш туку ќе ти каже дали е во ред или не.Тоа велам за нареден пат кога ќе одите на контрола, се разбира не специјално за ова само. А за рачињата сите ги ставаат, син ми влезе во 5ти месец и постојано му се рацете во уста , колку и да ги тргаш не можеш да го спречиш тоа им е фаза која сите ја минуваат.И се лигават.На лигавчиња не можам да постасам да се исушат.
Во право си секој може да си прави како што сака а како некои му дават чај со шеќер на пример и шеќерот е штетен ама тоа е, не дека се навредив вујко ми е доктор па и тој им даваше на децата јас да слушав доктори детето за џабе ќе ми го оперира само со моја упорност го накренав што дури се чудат сите си знаеме да си ги гледаме децата и сите сме добри мајки убав ден на сите
и јас на поголемата дадов лимон како бебе и кожата и се упропасти цела.Година дена неможев да и ја средам.Не е до тоа кој како пораснал и кој каква мајка е него си има продукти соодветни за бебе и несоодветни.
Нормално е. Мојот од 2 месеци постојано е со рачињата во уста. И јас читав дека оваа фаза сите бебиња ја поминуваат околу 2-3 месец. Поздрав до имењакот наш
И јас на мојата и давам по две - три капки лимон и тоа во две недели еднаш, значи кога се случило ептен да ика. И што може да се случи од две капки, дајте ве молам. Не давам по еден лимон на ден, па ај да си речеш дека може да биде нешто.
I nie sme isti sega sme 2+ cel den dali ke bide budna 5-6 h. Koga beshe 1mesec budna beshe poveke sati