Од тт е осипот ништо страшно. Синко исто имаше 3 дена тт ди 39 кога излагаа запчињата. 3тиот ден тт спадна и беше цело со осип од памет се извадив незнаев што е. Педијатарката кажа дека е нормално од тт осипот и ќе помине. Ништо не мачкај ќе си помине само од себе природен процес е. Ништо не мачкав освен што после бањање регулар си го мачкам со кокосово нерафинирано масло и за 3дена немаше ништо. Реакција е од тт слободно прашај педијатар.
Prasav sinoka odma isto mi kaza od tt bilo normalno da se isfrli.Lele I jas od pamet se izvadiv koga vidov. @jovana03 eve I denes uste I stojat.Ako ne pominuvaat ke probam.
Не мачкај со ништо, нормален процес е и за 3 дена ќе помине. Не експериментирај сепак јајцето може да направи и реакција, не секоја кожа е иста. Прашај дерматолог ќе ти каже што може да направиш од јајце на детска кожа, каква реакција може да се деси па тек тогаш да се извадиш од памет. Ќе се повлече само од себе за 3дена ќе нема ништо. Може денес и на лицето да се појават кај челото, не се плаши не е алармантно. Природен процес после висока тт кај некој деца може да избијат како црвени точки, а кај некој како пликчиња.
Јајцето порано го ставале во водата за бањање за да се исчисте бебето, ама може да даде алергиска реакција. Подобро остави само од себе да си помине.
Мајки бебево ми е 10 недели, 5дена се бориме со шишето, гладна е ќе голтне 3 голтки и почнува да плаче да го пљука млекото и да ми ги турка рацете. Едвај пие по 60мл. Може ли да е скок во развој и што можам јас да правам, се плашам на килажа да не падне?
Ти пишале веќе. Се работи за розеола, вирус. Температурата не е од забите, туку од вирусот, таква му е клиничката слика, три дена температура околу 38-39, после третиот ден се јавува осип по цело тело. Ќе помине, не треба третирање со ништо, бањање со јајце уште помалку, може поголема белја да направиш. Ако плаче неутешно, ќе застанете, ќе го извадиш од транспортерот, да се смири, после пак во него ќе го ставиш. Види дали му е удобно, да не го стегаат каишите. Не е само тој така, ама мора трпение за да се научи дека мора да седи во транспортер/седиште. Нема да падне на килажа штом пие млеко колку толку. Само трпение, ќе го поминете ова. Скокот на три месеци е, кај вас порано почнал.
Може да му е доволно давај му помалку па ќе видиш ние на први 3 месеци ќе правиме и некогаш ми остава неќе да пие јас од скоро почнав по 150 да му давам и додека не почне да плаче од кога ќе се најаде нема да му зголемам количината на млекото
Малава, овие 3 дена е многу плачлива. Зајдува од плачење, дури и на цицање плаче. Дури нервозно врти со главчето и со носот се пика во мене. Дури ме плаши и дека недоволно цица. Се надевам убаво објаднив. Не знам веќе што да правам, се побудалев.
Охоо моево едвај 90мл пиеше, ама сега воопшто неќе да јаде. Плаче за јадење и по 3-4 голтки го бутка шишето и го пљука млекото. А весело е се смее прета само незнам што и стана
Може да е период ако е добро нема што да се грижиш деца такви се секој ден различни мојов денес само плачеше вчера бевме кај мојте и сите во раце го чува а јас дома не го чувам и си бараше секогаш кога одиме ваков е размазен
Не се ушињата, одма ја проверив, сор не гледам, утре ќе одиме на педијатар. Сега се смири малце ќе видиме понатака. Си цица и и се спие. Офф сили немам, секое ковче ме боли. Ептен ми е жал кога има мака. Триста мисли низ глава ми поминуваат.
Имаш ли млеко? Пробај со ад. По секој подој давај ад. Така правев јас првата недела и од кога ќе се напиеше ад се смируваше. На 4ти ден ми дојде млекото. Може да ти шприца многу млеко и од тоа да бега пробај одмолзи малку пред подој. Може да ти плака и од што и се спие. Незнам колкаво е? Да не има грчеви? Заби да не вади? Кога вадат заби не сакаат баш да цицаат и гризат многу. И на крај има плачливи деца како мојата Без гајле ќе си фатите ред Ако си исплашена ептен оди на педијатар.
2+ сме млеко имам, обавезно проверувам пред подој и баш прска. Јас мислам грчеви се. Ама веќе сум избезумена, еден период ќе сме смират па пак ќе почнат. Иначе пика и раце во уста. Кака мочка ок е тоа. Ноќе си спие, како и секое бебе. Само ноќеска на 2 саати стануваше а предходно и по 5-6 сврзуваше. Ше видиме утре што ќе каже. Иначе мислсм дека не цица доволно од што има мака. А од друга страна знае и да бљуцне. Уф не знам се ми е измешано.
@Цвет88 Штом бљуцка јаде доболно не се секирај, можно е да се грчеви . Рачето сите почнуваат од 2 месец да го пикаат во уста.Ставај топла пеленка на мешето и на меше можеш да го држиш за да пртка Грчевите траат и до 4 месец.А и мојата така правеше 2-3 дена не сакаше да јаде па јадеше па пак не и така си растат тие , а ние се нервираме
Најубаво ќе ти каже педијатар. Ама јас не би те советувала да даваш ад. Може е само фаза. Мојов има периоди кога не сака да погледне цице, па после некое време ќе се стабилизира. А и многу јак млаз може да го нервира. Јас откако почнав да одмолзувам за да учиме на шише, градите знаат да ми се наполнат толку многу што кога ќе повлече се засркнува од што не може да постигне и се нервира и не сака да фати пак додека не ги олабавам градите. Исто и за спиењето, цело време менува. Најчесто сврзува 3-4саати првото преспивање, е после тоа секој ден е различен. Има ноќи кога многу немирно спие и се буди на пола саат, има ноќи кога станува на два саати. Само трпение мајка. Знам дека е тешко. Барај си помош ако се осеќаш изнемоштено. Некогаш и нашата нервоза и умор ги осеќаата и дополнително се нервозни
@Ano не ни помислувам на ад. Зошто знам дека млекце имам доволно. Она цица на 2 саати но некако незаинтересирано. Ќе цицне ќе дремне и така во круг. Па јас се плашам дека не и е доволно. Работата е што кога има мака неќе кај никој вришти. А јас душа немам да ја слушам. Може и јас се трипам од исцрпеност, може стварно се само грчевите. Ко изгубена сум. Се вртам у круг. Ќе идеме утре на педијатар, ќе видиме што ќе каже.
Дај му капки ако се смири значи се грчеви и мене ми правеше така само кај мене се смируваше нас ни помагна еспумисан пред тоа му давав колиф и био гаја не ни помага од еспумисан одма се смирија