@eli25 не сум му дала ништо , ама еве го нејќе да спие уште . Имам дома еферглан чепчиња ако во случај ми качи над 38.5 . А и кај се погоди утре неработен ќе треба на дежурен да одиме
@eli25 спиеше малку , сега стана си го испи млекцето добар ми изгледа . 37.5 е температурата. Мене и течната столица ме загрижи . Фала ти што не мислиш
Да. Мојот секој заб така го вади. Течна столица температура па дури и повраќање. едит -јас не би го носела на лекар. во сезона на вируси може се да фати дур чекате а ништо да не му било. некаде по светов има едно правило-ако пет дена има температура тогаш се носи на лекар. ние тек 39.3 кога качи отидовме наредниот ден. испадна вироза поради паднат имунитер поради заби.
Кај нас кога сакаш можеш крвна да направиш. Јас направив пред да го однесам на лекар приватно за да имам ако треба терапија да му се даде, да не одам по сто пати. На мм сестра му беше во Сиднеј кога малата качи температура. Отидоа на лекар и баш ова и го рекоа, ако пет дена константно има температура тогаш дојдете. Таа четвртиот ден симна. Тројка и излагала на малата..
@LiliBoz мила фала ти , ме утеши малку . Сега е добар 37.1 , весел е , активен . И мене ми е страв да го носам на дежурен педијатар , ако не ќе почекам утре матичната . Се молам само од забче да е . А му ја фаќам жлебината не грепка ништо
ехеее чекај, рано е да грепка. од пет месеци знаеше симптоми на заб да даде а прв му излезе на 10. убаво вика Ели, чуј се со матичната, мада 37 темп не треба да те плаши, соблечи чорапи замиј лице ќе падне..
Здраво мамички. Марко има 4 месеци и 4 дена. Уште кога направивме 3 месеци му се затна носето и од тогаш ништо живо неможе да му го одзатне. Не пумппици аспиратори капки спрејови ништо не му помага. Една недела ми качи температура 37.8 највисока ама педијатарот вика дека тоа не е температура за него. Едно време почна како шлајмче да има си го подголтнуваше ама пројде и тоа. Се плашев да не му се симне на плуќа го носев два пати на лекар ама немаше ништо. Вака си е весел си јаде.. Насабајле ни е најзатнат. Му шприцам еден спреј од мртво море па со аспираторот колку ќе ми дозволи му вадам малце течни мрсулчиња. Приметувам дека понекогаш кога спие си дише нормално. Еве незнам. Ако го однесам уште еднаш на лекар мислам дека луда ќе ме направат
Не. Немало потреба мал бил. Во понеделник ќе го носам на лекар и ќе настојувам да ми даде упат за брисеви.
Често т.е. највеќе носе се затнува од сув воздух. Значи од самото греење се суши воздухот. Ќе ставаш чашки со вода кај што греете или ако сте на дрва...над самиот шпоред повеќето ставаат тенџере со вода. Кај што спие на страната кај главата ( значи да не му е ептен блиску до главче ) ќе ставаш навечер исецкан кромид во танирче. Вака секоја вечер и од самиот кромид ќе се одзатне и ќе му е полесно.
@stevemila На моја другарка ќерка и ја правеа операција на кила во ремедика кога имаше 1 годинка и супер поминаа, немој да се грижиш се ќе биде во ред. @buzzy и на моето на неполни 3 месеци му земаа брис од носе и испадна дека има бактерии, сега после терапијата уште му се затнува но е далеку подобро од тоа што беше.
Има чаша со морска сол на парното и купивме и навлажнувач на воздухот пред неполн месец. Го пробав и тоа со кромидот две вечери и немаше баш некој ефект. По се изгледа е некоја бактерија ☹ Ќе видиме здравје во понеделник. Фала за советите сепак
Nemoj te molam na forum da baras odgovor na vakvi prasanja. Toa samo doktor ili farmacevt moze da ti kaze. I za vozrasen, a kamoli za malo bebe.
Мајки, бебето ми има малку коса, меѓутоа позади на тилот има еден круг без коса. Од што постојано ја врти главата и тие влакненца што се појавија паднаа. Кога спие главата ѝ е на страна секогаш, а кога е будна си ја врти. На меше не леже зашто не знае, одма ја дига главата и нема шанси да леже или спие на меше. Да ѝ ставам ли од тие стегачите за глава за да не и се трие главчето а со тоа и косата да и паѓа или нема потреба? Искуство некое?