Пробај со физиолошки. Јас често одмивав. Капнав 2 пати и мое млекце. Мина за некој ден, а може месеци да тера. Така ми кажа педијатарот.
И јaс мислaм декa мoже кaнaлчињaтa дa се. Се јaвувa нa двете oчињa нaизменичнo. Секaкo ќе чистaм сo физиoлoшки некoе време
Има убав физиолошки индивидуални пакувања во Зегин на Corine - баш е за дечиња. Мене ептен жал ми беше да ја гледам со затворено окце и нон стоп ја чистев. Спие, цица, јас со газата чистам
Масажите најмногу помагаат, нежно со врвот на малиот прст на делот каде носот и окото се спојуваат. Јас нон-стоп масирав додека цицаше, додека спиеше... Чистење само со физиолошки раствор и стерилна газа од надвор кон внатре без да се поминува повеќе пати со истиот дел од газата, неколку пати во денот.
Не земај на своја рака нит антибиотик нит капки. Мој совет ти е да го пребришуваш окцето со стерилна газа потопена во млака превриена вода или физ.раствор. Ако не и поминат за некој ден носи ја за брис, недај Боже да е бактерија тогаш ќе купуваш капки или антибиотик Ако се каналчињата, а тоа очен може да ти каже, ќе масираш како што кажа @Lolipop23 Кај нас ова траеше до 6ти месец.
Користите ли маски за заштита од смогот за бебињата ако ги носите надвор и какви? Доцниме со контрола ама сепак се двоумам дали воопшто да го изнесувам од дома, страшно е надвор
Мајки од вчера бебушка хрчи како настината да ми е. Не и е затнато носето ама како хрчење има одвреме навреме . И се накашла 2 3 пати од сабајле. Дали да ја носам денес на др или да чекам до вторник на контрола сме. Инаку 3+сме што се дава на оваа возраст
Се лигави? Може и од тоа да крчи и да се накашлува. Мајки што доите и имате 3,4месечни бебиња, дали им давате цуцла лажечка и дали цело време или по потреба ? Дали може од цуцлата да не побара да цица,или тоа не е возможно ?
И моето закрчува и закашлува од лигите,ама сепак следи ја ситуацијата за секој случај...ако треба и консултирај се со лекар .
Моето цуцла користи само за заспивање. А мислам дека кога ќе е гладно ќе си побара барем мојата кога е гладна ја фрла цуцлата и шишето одма го фаќа.
Мaлку пoмaлo е мoетo и дaвaм цуцлa aмa кoгa е глaднa вришти и јa плукa цуцлaтa и бaрa цице знaчи не е вoзмoжнo дa не сaкa дa цицa.
Мајки, ви се приклучувам и јас кон оваа тема..се породив со царски на 12.12. и еве се гледаме со мојата мала принцеза..сакав да ве прашам како ви минале првите денови, денес многу ми спие...синока од 21 до 4 спиеше, од 4-7 будна, од 7 до 12 спиење, 12 до15 будна,и еве уште спие од 15 часот...нормално ли е или да ја будам...и уште нешто може не еза оваа тема но повремено во текот на денот чувстцувам наизменични топло ладно и кога мњрам температура имам 37, 5... дали е нормално после царски или шт може да пијам да ја спречам
Имаш ли млеко? Температурата кај мене ја имаше кога надоаѓаше млеко. Да не има бебе жолтица, па спие толку? Ја доиш ли? Мене ми рекоа до 2ра контрола (дур не се види како напредува) обабезно будење на 3 часа. Мочка ли? Кака ли? Колку полни пелени имате за 24ч?
Почна да ми доага повеке од вчера, после доење заспива...пелени засега околу 4-5 и по еднаш искакана...за жолтица и јас страбував и пред да си дојдеме 100 пати го прашав педијатарот рече дека нема...само беше примила 2 пати урбазон бидејки гласот и е како зарипнат...за температурата се осекам како ладно да ми станува и потоа се испотувам...
Тоа ти е од млекото. Јас така во болница се осеќав и навистина, млеко ми дојде после тоа. И сега ми се случува исто навечер најчесто. Тогаш и повеќе млекце надоаѓа. Дур не ја носиш на прва контрола да знаеш како напредува, најубаво да ја будиш. Мене вака ми кажаа.
И јас сум загрижена овие 3 дена му потсолзува левото окце и перијатарот ни рече дека не е доотворен каналот да не сме се грижеле но да следиме...секрет нема само еднаш му приметив белко ко гурелче но пд тогаш не...ке следам до вторник како што ако не правец на лекар... Ве прочитав сега и мора претпазливост...
@delvi Честитки прво. Да е живо и здраво бебенцето. Убаво ти пишала кукла. Мораш да ја будиш. Барем преку ден нека цица почесто. Навечер и не мораш на теи саати да ја будиш ако не станува сама но прелу ден обавезно. Бебе од три дена ....тоа е многу спиење од 15 часот до пред саат... Температурата ти е од надоаѓањето на млеко. Ставај бебе на града почесто и внимавај мастит да не добиеш.
педијатарот рече дури до година имало фора да се отвори. ама обично релативно брзо се отварало што беше случај со едното окце кај нас а другото дури сега на 4 мес се опраи
Не е страшно. Гледаш, сите скоро сме имале проблем. Кај некои побрзо минува, кај некои подолго. Битно премивај со физиолошки и чиста газичка. Јас имам газички за еднократна употреба, за да е стерилно секое чистење. Чистиш и фрлаш.