мачкај го со некоја крема кога излегувате надвор од оние за заштита од студ и ветер. веледа, мустела.... побарај по аптеките
@eli25 кога минува периодот? Еве сега од 9 до сега спиеше. И тоа јас ја будев да цица (ми рекоа не, ама јас се гладна ја мислам)
Мојава има бебешки акни на лицето, од акни после се направија баш како што ти опишуваш крути и црвени обравчиња. На доктор ми рекоја нормално било и да не ставам ништо, само да мијам со вода. Еден период не ставав ништо, само миев со вода и упорно се повеќе и повеќе и излегуваја, на крај цело лице и беше црвено и ја измив и намачкав со бекутан помада, постепено почна да се чишти, сега уште малку има останато. Секој ден и ставам бекутан, по многу мал тенок слој.
Добро е спие. Мојот ич не спиеше. Нула. Само навечер. Преку ноќ се смени од бебе што убаво нана , утредента око да склопи Околу недела , две. Се утепувавме од нишкања и триста чуда.
За желката ми кажа педијатарот но еве не сум му ставила сеуште се некако одлижувам по изгледа и нема да ставам...јас еднаш ставив и не видов фајде некое... Се надевам дека ќе помине поскоро фала ви на сите
Моево бебе од мирно преку ноќ смени, цел ден е во раце или на цице, до тоалет да отидам одма плаче, незнам што се случи ич не сака да спие на кревет, се надевам дека е период жива ненаспана сум
Ај нека ни е со лесно јас се тешам дека е фаза или скок во развој додуше моево и грчеви го мачат Јас наспана сум бидејќи спијам кога бејби нана, ама жива гладна сум и куќава да има нозе ќе прооди. Спас се надевам ќе најдам во кенгурот, блиски купија па нареден викенд ќе ни го врачат, цела сум во надеж дека ќе го сака па ќе се шетаме така низ куќа
По цела ноќ сме будни и плачеме, некогаш грчеви, некогаш онака и цела ноќ бара на цице на саат,а преку ден на 2 саати обично, ама ако си заспие 3-4-5 саати преку ден се буди прегладнета и вришти право мораме да цицаме. И да сакам да ја будам да не спие толку преку ден никако не успевам. Како да го направиме денот ден а ноќта ноќ?
Галама и светло преку ден да има, а не во тивко да спие. Ноќе да биде темно, тишина, без светлина од тв, телефон, компјутер. Само пригушено светло, колку да можеш да ја гледаш. И секој ден гледај во исто време да почнуваш со ритуали за ноќно спиење. Бањање, пресоблекување, намалување на светлото и тонот, т.е веќе да биде тивко и мирно, полутемно, следува цицање и заспивање. Полека ќе си фати ред.
мислам дека нема начин или сака или несака едноставно ти останува да и купиш др форма да пробаш така на пр мојава првите 30 дена се мачеме пикај она плука никако не фаќа и имав земено на нуби ортодонска пресечени беа тие и нишо купивме на мам ко сплесната е и одма а фати од прва коа а зашмука сега има на авент топчеста ко дојката и таа а сака а пресечена никако не фаќа и ден денес нагрешка маж ми купил и така ми стое нова .. и шишињата такви и се топчести цуцли и си пие од 2 месеца од нив .. може и до тоа е..
ние фативме цуцла лажливка ама само тогаш кога сакаме цело време на цице да сме...незнам колку е добро но барем е мирна и заспива со него..
Баш така и правиме во галама е цело време од болница ја научив на галама и криза нема, вечер тивко ама не ми спие, а во врска со светлово, кога е во фаза заспивање и затворени и се очињата ако го изгаснеме во моментов одма отвара очи плашлива е ептен и од своите рачиња се плаши и трепнува.
Баш поради таа причина сакам да и дадам цуцла.Има вечери кога заспиваме по 3-4 часа,само на цицка да е.Ако и се тргнам се буди и плаче.Имаме на мам ама ја плука,почина да се дави од неа.
И мојата нејќе, пробавме со една на чико мислам беше и една филипс авент и кога и ги давам како нагон за повраќање добива и ги плука. Ретко некогаш пак фати и се успива со цуцла.
Мојата фати една глупава цуцла од ДМ (140 ден чинам беше сосе кутивче за цуцла), а од чико исто и доаѓа нагон за повраќање
@ana-banana кај нас успеа до сега навечер да ја држиме дур не и мине оној рефлексот што го имаат бебињата што се штрецнуваат (моро). После ја спуштаме и си спие. Ноќеска спиеше од 10 до 4 сабајле. Јас ја будев да цица и продолжи до 7.30 сабајлево. Е преку ден слабо спие.