Совет за затнат нос и кашлица кај 2 месечно бебе? Цела ноќ нема спиено од што не може да диши, можам ли некако да и помогнам до утре, додека ја однесам на преглед?
Mojata ne sakase i gi kupiv mislam site mozni firmi na cucli na kraj mi ja fati edna najobicna na baby nova firma topcalesta e celata..sega mi e polesno so cuclata,nacecer ako se razbudi a ne e gladna i ja stavam i odma prodolzuva da spie
Колку сте отворени за посети? Јас искрено не сакам да ми идат луѓе по дома. Мајка ми не се брои тука. Везден сум во спаваќа/пижама и не сакам да си рушам комодитет. Пред пораѓај некои нон стоп беа зафатени да доаѓаат, сега ептен се расположени за гости. И тоа и да ги служиш, со порачки за пиење, грицки, јадење.. мајка ми кога доаѓа повеќе се уморува оти не седнува. Не и барам, ама таква е жената. Башка дома ко бомба да паднала. Преку ден бебе е нон стоп на цице. 15 мин дали дреме и нема кога да пофатам ништо. Мм средува колку може, ама друго е. Па и пред доаѓање не можам да им се замарам да средувам, мм со бебе, а тоа кенка. Доите пред други? Јас освен пред мајка ми и внука ми, не дојдам пред никој. Па и обврска имам побрза да бидам со бебе (небаре тоа знае да побрза, јас го прекинувам) да не излезе сум се скрила во спална. Денес не ми се сите овци на број. Само нешто негативно пишувам
Бебето се штрецнува од време на време, така? И тоа најчесто на почеток, дур не фати убав сон. Издржи да го држиш во раце подолго од вообичаено иако ти изгледа дека е во длабок сон. Нека помине "штрецањето" убаво - 3-4 пати и после во креветче стави го. Дур го држиш може и да шеташ низ станот да има "нишкање" за убав сон. Моето девојче вака неколку дена убаво се успива - еве ја уште нана. Легната кај 10, цицаше околи 3.30, па кај 6.30 и нана уште.
Како јас да сум го пишувала ова. Воопшто не сакам гости, и барам прво да се јават и да прашаат дали може да дојдат. Мајка ми исто, кога иде не е гостин, помага цело време. Останатите, кога беше мало бебче ми идеа секој ден... без да се најават. Туку еве ги на врата. А кога бев трудна, воопшто не идеа ниту пак ме прашале како сум. Се сеќавам надвор имаше 40 степена, јас трудна 8ми месец, и под клима се ладам. Маж ми не беше тука, и и се јавил на мајка му да ме праша за ручек дали имам дали треба да ми направи. И она ми се јави и ми вика, има ова и ова дојди со колата да си земеш. Инаку бевме оддалечени 10мин пешки и не сакаше ни да ми донесе. А после еве ги на врата секој ден и тоа по цел ден седење, без осет. Јас со царски со бебето во спална, не ни сакав да дојам пред никој. Они уште и нивни роднини си носеа. Тешкиот период ми го направија уште потежок. Со тек на време почнав да покажувам негодување и директно да кажувам дека друштво не ми треба. Сега сме 5месеца и идат еднаш неделно, претходно со најава. Те разбирам целосно. Можеби јас ете не сум во право, но сепак мислам дека треба да се почитува мајката со малото бебе. Јас со царски, без гаќи, постојано со градите надвор, и да ми идат. Не не...
Целосно се согласувам со тебе. Во тој период и мене многу ми сметаа гости. Освен мајка ми. И блиски кога ке дојдеа ми сметаа,треба да ги послужиш, треба да наместиш. Па ајде дошло време за доење, оди во спална. Инаку дека од прв ден скроз сама го чував, а бев оперирана и слабокрвна првиот период финкционирав во дневна. Значи на двосед наместени бебе таму спие дење, на тросед постелено за доење, на табуретка наместено пеленки, облека за бебе. Се тоа да се поштедам од рашетување низ станот. И сега кога ке се најави некој морам се да раскренам. Плус треба да принесеш и послужиш.
Море како сакам друштво.. Јас па не им се замарам. Какво е такво е, шо има тоа ќе извадам. Ич не ми чуе. За цицање, зависи пред кој. Скоро пред сите си ја дојам(жени де). И чат пат пред некое машко. Си седи понастрана со мм муабет, бебе цица ќе си се покријам малце и тоа е тоа. Ич не се устручавам. А има и такви што мислат дека кога доиш се соблакаш гола.... јас си правам се што детево ќе побара. И на крај, никој не очекувај да разбере, прај си како мислиш дека треба.
Мајки во последно време ептен лиги му течат и му се направија ситни брунчиња на брадичката, педијатар ни рече дека не е ништо да ставаме на frezy derm кремче за црвенило од лиги ама не помага , а грев ми е така да му биде . Го одмивам на саат време де со вода, де со камилица . Искуство некое ?
Не сум била фрик. И јас во дневна имам ствари @irena.1 - тука менуваме пелени, се пресоблакаме. Мајка ми кога иде се си е на свое место и не се замарам, ама другиве се жалат ако нема каде да седнат. Првиот ден кога ми се тупнаа од болница само што дојдовме. Јас лежам во спална со спаваќа крената (оти мм ми ја мачкаше раната) и мм им вика да не доаѓаат. Ете ги, железни парички во креветче да стават. Дека не може да почека тоа. После ти лош си.
Ма каков фрик, прави си како ти е полесно тебе и не очекувај разбирачка од секој. Периодот на адаптација си бара време. Тој период се устручавав и пред родителите на мм ( сега е веке друго), се ми беше ново. И мајка ми неколку пати понесе со себе баба ми, тетка ми, братучетка. Кој ми се ок и блиски, ама требаше малку време да се сталожат работите. Па и укажав и на неа. Па нагодуваше, демек го изнесуваш на прошетка, па што ако го видат. Ама не се работи за тоа кој го видел бебето, туку да си дојдат работите на свое место со новиот член. На некој му е поубаво со луге, некој ко мене му треба период на осамување.
Не сте фрикови, сосема нормално е тоа дека не сакате луѓе по дома на почетокот. Особено прво дете кога е во прашање, макар што јас и со второто не сакав. Си треба време за опоравување и навикнување, не за џабе е останато дека до 40 дена мајката е леунка. А и после царски кога одвај се движиш и одвај креваш бебе, стварно нема смисла да служиш гости. Ама луѓето се без осет, тотално. За среќа, немав такви проблеми со второво, со првото така така. Ама поминува.
Мене никој не ми идел, не ми ни иде, море не се ни најавува Мајка, сестра, свеки идат почесто, мајка најчесто, свеки на 5мин и бега , сестра викенд на саат-два, татко, свекор речиси ич, а золви еднаш со туто комплето, никого не служам и не се устручавам какво ми е што ми е Дојам пред мајка и сестра, ајде и свеки пред други не би, што знам.. Така да немам гужви низ дома од старт, на бебе сум посветена 100% цело време, ништо не се очекува од мене и кога погоре споменатите дошле. Да би било инаку да би ми сметало, гужви ич не сакам. Сега кога ќе почнат да се најавуваат на повојница (се сомневам и дека ќе се ,,потепаат,, да дојдат ) само викенд ќе примам, ненајавени нема кој да ми дојде
А ти дојдат и прават порачки за пиење што ќе правиш? Уште па и мм дете да им занимава, а јас со тазе рана го викам да ми помогне со дете. Ти се погодиле луѓето. Со некои нема разбирање.
и кога идеа првите недели јас и бебето не седевме со нив.Мм ке ги послужеше јас у спална си седев со изговор дека на бебето му смета галама,дека сака да спие да цица.Така кратко ке поседеа и си одеа.Вториот пат фала богу и не дојде кој знае кој.Откако направи 2-3 месеци веќе полесно беше за се па идеше било кој
И јас не сакам нешто мн гости особено сега овој период,кога има вируси...дојдоа до сега само најблиските. Дојам само пред моите,свекрва ми а ако има друг во спална ,колку ќе се задржам толку,не се брзам. На почеток тоа беше мнноогу долго,сега пократко
Јас па искрено сакав да ми доаѓаат гости, зборам за блиски, родители, брат, кумови и дел од друштвото сите беа пред да наполи малиот 40 дена или набрзо после тоа. Пред никој не сум се потресувала какво ми е дома, додуша и не ми беше некој хаос невиден. Маж ми беше задолжен за служење, бебе си пазев јас или па го држеа гостите, тие што имаа желба. Ако дојдеше време за доење идев во спална. Мене искрено раната престана да ме боли уште во болница, проблем ми беа градите, неможев ништо да трпам на нив. Што знам мене брзо ме фаќа монотонија и не би можела да издржам 40 дена сама по дома. Ние малото го шетавме уште првата недела надвор, после секоја контрола во Сиситина ние шетавме по саат - два. Сакав да сум меѓу луѓе.