Спреј за чистење Аква марис,влечење со пумпица..тапкање по грпчето за да не се спушти,неколку пати на ден (јас пред цицање правев најчесто) и инхалација со физиолошки или со нешто плус ако треба (по препорака на лекар) Инхалатор земав од Еурофарм,околу 2300..Со две маски, и за дете и за возрасни.Добар е.
И јас нe сакав луѓе на почетокот. Ми сметаа. Сакав тишина и мир. Да се радувам на бебе сама со мм. А и не знаев кај се наоѓам. Се беше хаос, немав проблем со раната од царскиот ама општо од новитетпт дома бев во бунило, без организација и со бебе со високи стандарди и побарувачки Среќа и освен кого ќе викнев не доаѓаа други. Доев сама во спална, сега дојам пред секого и секаде, но реално најубаво ми е во тишина, и на бебе исто. Дури и тв ни смета. Сега сакам гости и едвај чекам некоја другарка да договорам да ми прави друштво : )
Кај мене баш дека беа без осет и влагаа кога ќе им текне сега има клуч на врата а кога спиеме и телефон на нечујно. Баш затоа е период на прилагодување на бебе и мајка а не на бебе и гости кој се лути нека му стои.
првата недела не сакав гости зашто уште неоправена од царски, хормони работат...единствено моите на два три саати што дојдоа и тоа гледаат да ти помогнат...дури ми сметаше и целодневното седење на свекрвата со мене и нејзиното солење памет како треба со бебето како биломпред 30 г....што и да направев не чинеше..и ке седнеше до бебе и мене и само го гледа и жали кога плаче...и неможеш нинда одмориш ни ништо...се додека не ми оукна филмот па и се изнавикав, потоа и маж ми и рече да не остави малко....сега веке сакам гости...друштво...за доењето пред блиски немам проблем, за другите бегам и јас вонспална...
И јас несакав гости до 40 дена. Нон стоп се правев со млеко по маица и тоа само што ќе помислев на доење уште некој да ми имаше дома во тие моменти ми требаше. Кажавме на сите дека несакаме посети. Ретки беа од моите дома само. Не дојам пред никој освен мм, си го сметам момент мој и од ќерка ми, поготово во почетокот е потребен тој мир за доење и поврзување со бебуш.
Фала, истото ми го кажаа и на лекар. Уште инхалатор да купам. А кажете ми каков топломер користите за бебиња?
Кога ве читам за гостите, ми се крева косата когаќе помислам колку се нервирав првите 2 месеци. Не идеше некој подалечен, ама јас од домашните си имав мака. Само за мајками ми беше ок, неа можам се шо ми смета да и кажам. И татко ми и брат ми не ида толку често, ама друго ми се моите.Свекрвами ме нервираше со солењето памет. Бебето лакомо, таа мисли гладно било, да сум му даела да цица греота било. А тоа по 1 500 гр месечно напредва. Ти набива мисла дека не си го глесаш како шо треба. Па бацвање на раце. Нервно попуштив дур да се реши тој проблем. Па свекорми се мота мене маицитр потоп од млеко, пупки ме болат неможам да допрам до нив ништо не да ставам влошки за гради. Нерви нерви....па сестраму на мм скоро секој ден со внуците над бебе тие залепени му дишат, а одат на училиште. Па страв да не ми разболат бебе штотуку родено. Нерви. Па сокче сакале ова она. Мене рана ме боли трчај по гости. А мм на работа јас сама. Ех нерви беа тоа не играчка...
Јас па шознам сакав гости , се разбира мама ,кумата , свеки , незнам оти мм одеше на работа досадно ми беше. Сакав најблиските оти искрено се породив во јуни царски и кога си бев дома бев без гаќи , така ми рекоа во болница. Они идеа ама шо им требаше сами си зимаа , дури и ми помагаа. За доење освен пред мајка ми и мм пред друг несакав. Еднаш така свеки ми се бутна во соба , викам ејј каде дојам и на тоа ми вика е ако де жени сме. Викам ако сме жени пред друг несакам . Напрчи носот и излезе , мене па едно гајле ум наглава немам. Тој период кај адаптација кај секој различно делува. Познавам примери кај што сопствениот маж не сакаат да си го видат.
@kukla21 какво ви е искуството со бесконтактен топломер, си споредувала ли со друг? Знам дека се скапи па да знам што да очекувам. А за спиењето сосема те разбирам, меѓутоа штом спие навечер врзано тоа е одлично, преку ден сака да надокнади гушкање. А ред не постои, некогаш се мрзливи да се нацицаат убаво и да заспијат, некогаш бараат само сигурност, ама пак ке кажам додека си спие убаво ноќе се е полесно.
Мм тестираше и повеќе од 0.1 разлика не му покажало. Задовилни сме- го користиме и за мерење топлина на вода во кадичката
И кај нас освен моите, сестра ми со дечкото и кумовите никој не е доаѓал до 40 дена. И тоа повеќе на наша иницијатива доаѓаа. Свекрвата зема одмор 1недела кога се породив за да ми помага, ама освен за бањање друга помош не ми требаше. Ќе се качеше да праша треба ли нешто, ќе поседеше малку со бебе некогаш и толку. Во врска со доење, ја доам пред моите и свекрвата, пред други уште не. А за коментари сите знаат да дадат коментар како они да знаат повеќе од мене што сум цел ден и ноќ со бебето. Некогаш вратам, некогаш речам само ахам и толку. Правам како што јас сметам. Еднаш на мм баба му ми рече да наполнила малата три месеци па да сум ѝ дала каши да јаде оти на нејзините деца од тогаш им давала храна. Само ја прашав дали имала млеко и доела, ми рече не,немало млеко и ѝ кажав епа јас имам и до 6ти месец ќе ја доам. За перница што не сум ѝ ставала колку имаше коментари, ама никој не слушам. Сите тие си ги одгледале и воспитале нивните деца, сега е на ред ние нашите да ги раснеме и одгледуваме. Не може некои луѓе секаде да се мешат и закони да стават.
А од каде ви е купен или која фирма е? И јас денес морам уште топломер и инхалатор да купам, додека не се јави потреба за нешто следно за купување
Кај мене и околностите наложија да не се примаат многу луѓе. Незнам како ќе беше ако доаѓаа повеќе луѓе, ама сигурно немаше да служам и правам ѓезмиња. Доаѓаше само мајка ми. Свекор и свекрва не ни беа во Скопје првиот месец дена. Сега мајка ми е најредовен посетител. Свекор и свекрва еднаш на десет дена. Татко ми ретко. Брат ми и золва ми се со мали деца во градинка, па и они само без деца и тоа многу ретко. Јас најмногу се изнервирав за земање од болница. Свекор ми се запна морало да ме земат. Кај они па и моите дојдоа, брат, снаа, золва внук. Коса ми се крена во болница кога се нацуцулија. Па и дома морало да се дојде да се дарува, како да немало други денови. Дојдовме дома и јас фино лепо се спакував и во спална. Ги избркав сите. Видоа невидоа се собраа и си заминаа. За шетање и ние го изнесувавме уште 10 дена кога имаше, ама друго е надвор, а друго е дома да ти дојде човек. Надвор седам колку сакам, каде сакам и си одам кога сакам. Не можам да разберам како некои луѓе се без осет. Се знае дека за кај мајка и бебе се прашува дали може и кога може да се оди. И тоа посетата кратка, а не засеснување. Жива среќа сите околу нас се разбрани, па не сум имала непожелен гостин. За доење пред женски можам да дојам пред сите. Пред блиски машки не. А за пред непознати немам проблем. Нормално колку можам подискретно.
Мене од болница ме зема само маж ми па бевме поштедени од такви адети и цела сурија луѓе по мене да дојдат .До 40дена не е дека не сакав луѓе ,сакав ми требаше малку муабет ,ама освен свекрва ми свекор ми со кој живееме заедно ,моите дојдоа два пати (ма да после секој контрола на бебе ние си одевме кај моите на гости ),и блиски другари што ни се дојдоа да не видат .Јас за спремање не се замарав имав многу помош од сверкавата и маж ми се што требаа они ќе спремеа .Имав проблем со раната од епизиотомијата дека беше прежешко ми се спуруваше некако и тешко ми зарасна ,така да секој слободен момент го користев да лежам пошто неможев да седам .Инаку за доење и ден денес дојам пред сите женски особи што ги познавам ,а кога има мажи се повлекувам во друга просторија . Немојте да се устручавате тој периодот е за мајката и бебето да се поврзат еден со друг и да се адаптираат ,така да ако ви сметаат луѓе отворено кажете си ич да не ви е гајле ако некој се навреди ,правете како вас ви е најдобро и на вашето бебе .
Дека спомна за земањето од болница. Идам дома и сите беа тука наредени. Ми се темнеше пред очи. Јас нејадена ништо 4 дена (ми беше страв да јадам заради одење во вц), готова бев да се онесвестам, пребледена, а дома 10 души наредени и со внуците 10 и 6 год залепни над 3 дена бебе му дишат . Ќе припаднрв малце фалеше. И последните гости сега шо ги имавме фамилијарни со деца, најбезосетни досега од сите шо биле. Седеа до 11 и пол вечерта, па морав да одам во спална да заспивам бебе. Од 9 и пол до 11 се мачеше да заспие, ми заспива само в количка, а спалната е мала и од креветчето нема место да се помини, па количката не ја бери внатре. А спомнав низ муабет дека само в количка заспиваме, ама луѓе без осет. Мизерија.
За земање од болница свекрва сакаше да се наличи ама му кажав на мм дека само он сакам да дојде ,така и беше. Инаку нешто што највеќе ме извади од кожа си идеме дома свеки и свекор ми наличени дома ајде ок ,поручекта дојдоа и моите и јас седам во полулежечка состојба (најудобно ми беше) и иде ред за кафе и свеки вика ајде снао стај кафе и ја сериозно? И мм стана и и вика ти ок си? Вика мм уживај ја ќе ставам кафе а она се повлече. Видов само на мајка ми колку и падна криво ,само го земав бебето и си се повлеков во соба. Инаку за гости без осет има еден на мажот ми другар уште бремена кога бев ми отекуваа многу нозете подолго ако бев на нозе или ако седев на стол ,они мака немаа до 3 саат седеа . Неќна исто дојдоа ај демек порано оти мене бебе кај 21 ми заспива како заседнаа до 01 саат ,а другиот ден мм на работа и ич не се устручаваат дека бебе спие викаат гласно , се смеат ,страшна работа.