Ааа и за земање од болница немам примедби дојдоа мајка, татко, сестра, свеки, културни беа се до моментот кога не ги извадија мобилните да сликаат во холот, па и бебе го местеа врвот беше кога мајка даде предлог пред Клиника да се наредиме да не сликаат Дома не накитија со бејби, па отварав поклони што носеле на мекици а јас толку бев фит што и ручек имав сила да станам да направам секако седев што седев, гостин во своја куќа се најдов, фино ми дојде и беба во раце и во детска ^^со гости уште немаме искуство, ама бебе заспива било каде само да е на цице и креветот му е во рацете на мама
Мајки да прашам еднаш кога сечев нокти на бебка ја сецнав малку течеше малку крв и и помина. Денес многу ми мрдна и течеше доста крв бааги и сецнав од кожичето на прстот. Цел ден сум ми е страв да не и повредив нешто си го мрда прстот ама сешто ми поминува низ глава. Ви се случило ли такво нешто
Ми се случило ама малку само ја поткачив и скоро и да не течеше крв. Ништо не е, штом не плаче и си го мрда прстето. Бргу ќе ѝ помине
Мајки син ми е 4+ и до пред 3 недели го заспивав во 9/9ипол и си стануваше во 4 за млекце и продолжуваше до сабајле со спиење до 7ипол, некогаш и 8. Сега го заспивам со исто време но ми се буди неколку пати во текот на ноќта и сака да го нишкам . Не издржува до 4 часот, му давам порано млеко и откако ќе го испие не продолжува со спиење, кога го оставам во креветчето се врти и се буди Незнам што му стана, преку ноќ почна вака да ми прави и си тера. Сабајле во 6 станува и тогаш го зимам до мене и така уште малку поспива. Инаку дента си спие неколку пати.
^ И јас имам проблем со спиењето на малово повторно. Станува и во време кога не му се цица, плаче и бара да го нишкам и шетам низ соба...вака барем два три пати и плус станувањата за цицање на три часа...сон немам сврзано повеќе саат ипол.... да не епак некој скок во развој? :О Вчера не ни преспа преку ден ни еднаш...вечерта веќе немав нерви, му викнав еднаш па цела вечер имав грижа на совест...а заспа во 1 по полноќ иако немаше преспиено Плус почна да се превртува,страв ми е до мене на спална да спие...па журка е работава...
И кај мене бебе само еднаш стануваше навечер ,сега станува по неколку пати и неможам да го успијам , ќе стане за јадење и после буден е неможам да го заспијам , кенка , сака да си игра. Ја папсана сум вие неколку дена ,имам само среќа што преспива преку ден па дремнувам со него. Инаку 6+ сме , може да е скок во развој?
Немојте да ги играте во никој случај. И мојава знае да се буди и да се смее, прета, ама јас цицката во уста и не ја погледнувам. Ја враќам во креветче и си легнувам. Првите неколку дена кенчеше по 15 минути, сега одма заспива. Ако ги научите на играње и нишање навечер, кај ќе ви биде крајот?
Се сложувам со @Luna91. Бебето треба да знае што е ден, а што ноќ. Ноќта е за спиење и не треба да палите светло кога ќе закенка и да играте со него. Мојата кога ќе промрда не и зборам ништо. И ставам цуцла и продолжува. Има денови кога се буди често и баш така правам.
@Luna91 @Black girl и јас му ставам цуцла и ништо не му зборувам ниту пак палам светло но сепак почнува да плаче а освен да го гушнам никако не заспива повторно :/ Се надевам дека само период ќе му биде и ќе се врати на старо
Мајки на син ми му излегуваат ситни брунчиња од што многу лигави, но се повеќе и повеќе му се шират по цело лице Имате ли искуство, со што да го мачкам ? Еве слика
Сoнце тoa убaвo сo буцкaсти oбрaвчињa, мaшaлa ќе ги ручкa тетa фaнa. Сo кoкoсoвo мaслo мaчкaв јaс му пoминaa нa ќеркa ми. Прoбaј штетa не мoже дa имa
Бебе ме побудалеа овие три дена. Кулминацијата ја доживеавме синоќа со кенкањето од кога заспа во 12. За пола саат се разбуди и буден до 4:30 утрото. Го нишкав речиси цела ноќ . По заспивањето се разбуди во 7!!! Тука веќе не можев, му викнав и плачев. Мм го зема. Ја дремнав до 8 и нешто а бебе весело гугало Ова бебе не спие и е уште понервозно поради тоа. Од кај 9-11:30 истеравме саглам дремка и тоа беше тоа. Еве нема уште заспано од тогаш. Ја си чувствувам грижа на совест дека вокнав и дека не ме бива како мајка Луѓе цело време скоро сака во раце овие три дена. А убаво спиеше и самси играше со играчките барем малку. Дали заби се ама мачкам гелче не гледам дека е помирен. Дали затнато дека носето не знам ама обеле косава мислам...скок во развој читав има на 4ипол 5 месеци ама не ми е тоа утеха. Капак со цицањето хаос..плаче а сака да цица, бара па фаќа и пушта со плачење....бара почесто од обично...не ми изгледа гладен полни пелени...и кога нешто не може да фати и стави во уста плаче до вцрвенување да не речам помодрување... Чаре? Нема знам ама да си прашам....
Исти сме и ние овие 2 дена кенкави само во раце сака плаче почна мн нервоза да ме мава. Ќе и подвикнам па после ми е криво. Се тешам дека брзо ќе помине друго чаре нема
Ај ве молам линкче ако има на фемина група пуштете ми за исхрана дозволена за време на доење.Знам дека се поделени мислења за ова а и се зависи од дечињата но сакам да прочитам зошто се еднолично јадам ем ми е жал за бебе а и ми се здосади и мене
кој ти кажа да јадиш исто едно што се мачиш само себеси Линк- Јади СВЕ што ти душа сака бара , газирано кафенце итн све ко и пред беба конзумирај си без гајле нормал гледај да не се прејадиш гравче зелка праз зачинето што и тебе бе ти сметало прво јади си се без гајле душо и ние сме на доење 7 ипол мес е и све си јадам од старт.
Ќе следиш дали бебе реагира на некоја храна. Нема правила. Викаат само чоколадо, газирано и кафе да се избегава. Друго е индивидуално.
Јaди си шo ти душa сaкa. Јaс не јaдaм грaв зaрaди грчеви, нo грaв иoнaкa не јaдaм, и гaзирaнo избегнувaм. И пoртoкaли јaдaм и чoкoлaдo и кaфе и јaткaсти плoдoви и рибa се aпсoлутнo и бебе е супер. Не се плaши јaди си се.
Ох фала ви на сите Ми кажа патронажната да не јадам портокали а пукната сум по портокал и мандарини...само банани јаболко ананас можам...леќа,грашак,боранија никако гасови правеле...еве и кафенце нес со млекце пиев слабо бебе немаше гајле но ајварче каснав и плачеше...а вчера тостче со вратче каснав еве и денес е кенкав и ги крева нозете и запискува но тоји кога му се јаде така прави ќе го ставам на цице и се смирува одма... Што викате ќе пробам еден ден да видам како ќе се однесува...се само месо,ориз,компир,суво мачкано нешто,супа домашна,шпагети со сиренце,јаболко,банана,сокче фруктал јаболко бистар е тоа јадам секој ден а и на секој 4-5 дена по 2 ледени коцки...и ми се смучи од еднолично дури апетит снемувам... Дали пиете витамини некој?