Според мене може е поднастинато.. два пати поднастината беше, дали некое вирусче ја помина и каката зелена беше. Еве и сега зеленко и е.. првиот пат дури прв пат такво нешто гледав, зелено како темперна зелена
Не да е активен, нон стоп мрда нормално се памучно му облекувам, а колку време му беа водени чорапчињата не знам зошто сабајлето ко станавме го заприметив. Сега почесто ќе го проверувам. Знам дека и од АД-то може да кака зелено ама не беше вака, може да ми поднастина
Ако пие ад млеко каката може да му е зелена од млекото поради присуство на висок процент на железо во млекото, ова ти го кажувам бидејќи исто и на моето бебе каката му беше зелена па педијатарот ни укажа дека тоа е поради железото во млекото.
Не знам кај да го поставам прашањево ако не е за тука преместете го. Од кога почнавте бебињата да ги оставате да спијат сами во своја соба?
Од после првата недела со бебифонче со камера и нема гајле и обично да е че ја слушнам и правец кај неа увек а сеќавам оно ја немав пр она и сеа еве а сеуште скоро 8м сме од коа ќе заспие 9/10 еднаш до два пати се буди низ ноќта за јадење ..
Мајки сега го чистевме носето, влечев со аспиратор после капење извадив мрсулче крваво. Од шо можи да е? Капиларче нешто или да се упатам на лекар? Од памет се вадам секој втор ден нешто ново
Да, плунковите жлезди се доразвиваат. Нормално е и прсти да става во устето, преку нив прво го осознава светот. Не е поврзано со заби, иако сите така мислат, но има и бебиња што рано вадат прво запче. Најбитно е што е најнормално. @SophiaBella од аспираторот пукаат капиларчиња. Намали со користење, особено по капење, кај моето и само се чистеше носето така.
Од што би можело да ми се исфрла детето? Има ситни црвени брунки?? Симптоми никакви само брунки насекаде. И како да постапам
И кај мојава се случува понекогаш. Мене секогаш ме фаќа страв големава да не и дала нешто да ја рани, јас да не видам, па да реагира алергиски.
@vitamina можеби е розеола. Побарај слики на интернет дали е таков осипот. Се јавува после температура, за неколку дена сам поминува осипот.
Розеола вирус најверојатно. Ќе помине, не се секирај. Сите симптоми што ги имаше претходниве денови се од тоа. Нема потреба да ставаш ништо, ќе се повлече само од себе.
Има ли некоја мајка искуство со кашлица кај скоро 5 месечно бебе? Се откорна од кашлање, а мене срце ми се распарува...за еден саат сме на педијатар...до тогаш срце немам да го слушам