Мамички да ве прашам бебчето ми има 12 дена, на јазичето му се појавија како бели точки вчера понеизразени али денес повеќе, претпоставувам дека е од цицањето па дали и вам ви се случило ова? Дали е нешто опасно?
ана не се плаши туку речи сите бебчиња имаат такви наслаги на јазичето само важно е да му го чистиш редовно пример можиш со нистатин капки да ставиш на една газа која ке ја замоташ преходно на прстот и со самиот прст земи јазичето избриши му го не се плаши неможиш да го повредиш ако неможиш сама некој нека му го држи устето отворено а ти бркни со прстот внатре клај јазичето и лево десно помини со прстот
Ако сакаш да не му даваш капки мене ми помогна сода во превриена вода. Во едно филганче превриена вода едно лајче сода и со газичка или пеленка ке го чистиш на устето на точките бели и ти исто така ке си се одмиваш. Јас повеке си ставав намене пред цицање и не се бришев ке му дадев да цица и тоа ке си се нанесеше само повнатре и брзо му помина
ана не е страшно и на син ми му излегоа исто така со нистатин капки и газа го цистевме и му поминаа за 2 дена иако докторот ни реце да не го цистиме внатре само да даваме нистатин на јазицето
И јас сум за нистатинот, само уште ќе дополнам да ги мачкаш и брадавиците со нистатин, значи и устето и брадавиците, да нема јојо ефект повторно да му се појавува во устичката. Мене така ме советуваа ама кај нас не се има појавено белко во устето. Поздравче мила
Mami koga prv pat gi odnesovte malite na ortoped, mislam na onoj ultrazvucniot pregled za kolkcinjata? [mod-kirilica:qgayp0a0][/mod-kirilica:qgayp0a0]
Јас на три ипол месеци ја однесо првпат и веќе не ни планирам да ја носам (барем не по државниве). Лудило е,џабе имаш закажано, по 1 минута го гледаат бебето, снимка и толку.
И јас не сум го однела никако до сега на ортопед откако е роден, ниту еднаш, па планирам во најскоро време да го однесам.
ние бевме еднаш на 2 месеци, па сега ке одиме уште еднаш наредната недела, ни рекоа уште еднаш на 5, 6 месеци
Нас ехо на колковите ни правеа вториот ден од рагање и потоа кај педијатарот на старост од 10 дена и толкууу ... После само на обиЧни прегледи
абе и нас ни рече патронажната сестра на 2,4 6 месеци, ама ние само на 2 го однесовме и ете сега кај и да е к одиме
Ние бевме на ортопед на еден месец, мислам дека и на отпусниот картон од болница пишува ама не сум сигурна. Јас првиот месец не и ставав широк повој, кога бевме на ортопед ни рече да ставаме, некое здружение на ортопеди на југоисточна Европа препорачува обавезно носење на широк повој, и ни кажа после третиот месец никој не гарантира дека ќе биде се во ред со колковите затоа мора да се носи широк повој, па мене ме фати шубе и и ставав. Потоа бевме и на контрола на 3 месеци тогаш ни кажа дека колковите се во ред и не мора веќе да носи широк повој, а ни рече да одиме и на 5 месеци пред да почне да седнува и потоа кога ќе почне да оди. Па сакам да прашам дали има потреба и дали ги носевте или ќе ги носите на ортопед и пред да почнат да седнуваат?!
^ Маја да ти кажам јас немам намера да ја носам веќе на ортопед. Еден преглед направив да не ми е шубе, штом е се ок нема потреба од мафтање по доктори. Јас до 4 месеци ставав широк повој, еве неколку дена веќе не и ставам иако ниедна мајка (што ја сретнав на ортопед) не ставала повој,па супер беа сите. Сега само си вежбаме со ноџињата, си правиме масажи и тоа е.Нас ни рекоа на 8 месеци да идеме на контрола, ама нема да идеме. Иначе моево веќе седи, само станува и си седнува, неможам да ја легнам веќе. Знае и навечер да се фати за нешто па се тегне и на крај ќе седне, а на ортопед ни рекоа уште еден месец да не ја седнувам,ама што да и правам кога сама седнува...
Абе не ја однесов ни јас на 5 месеци, ама ете се отвори муабетот па да прашам, да не грешам. А за седење и мојата сака многу да седи, ама некако шубе ми е да ја оставам долго да седи, ќе поседи и ја враќам назад. Од полулежечка положба се исправа и седи, а од лежечка уште не.
и синко мој цело време се крева, едвај го пиеме млекото легнати, или почнавме сега во транспортерот да го пиеме, ехех, а широк повој и јас му ставав до 4 месеци
Јас не му ставав ни широк повој ни ништо на син ми откако е роден, тука во Гр. педијатрите препорачуваат само еднократна пелена, боди и шпихозна, ништо повеќе , мене така ми го облекоа уште од болница кога се роди па така и си продолживме. Кога прашав за широк повој ме погледнаа чудно и ми рекоа дека веќе многу години не е во употреба за бебињата , така да, еве сме до сега супер, за ортопед сакам да го однесам оти не сум го досега ни е еднаш однела, никој до сега не ми кажал од лекариве овде дека треба и на ортопед и секој месец кога одиме на контрола и вакцина ништо не ми кажале ама јас сакам да си го однесам еднаш чисто да си видиме како сме со колкчињата. За седење и ние вече месец ипол се дигаме, сакаме да станеме, сега вече 2 недели се обрќа сам на мешето па ја дига главичката , си ги вади сам рачињата и гука, па сам пак ќе се обрне на другата страна. Кога е во релаксатор сака да стане и ајс некогаш таму му давам млекце, а повеќе го легнувам на кревет му ставам перница и така во полуседната положба си јаде, во раце нема шанси не сака веќе одамна