Ние сме 2 месеци и моментално со дијагноза акутен бронхитис. И покрај мислењето од матичен педијатар да не се користи ништо кај толку мало бебе, освен физиолошки раствор, сепак по препорака на друг педијатар правиме инхалации со лекарства, бидејќи кашлањето стануваше се полошо.
Мајки ве молам кажете ми што да правам моево бебче има пролив? Се искака три пати за неполн саат течно и плус имаше како слуз и малку како крвче низ неа точки точки. Од што може да е? И што да правам? 2+ сме. Весела е, цица. Барем засега. Прв пат ни се случува ова
Малата денес ми е многу кенкава и плаче за во раце. 5, 6 пати мош и повеќе какаше по малку и зелено малку беше. Многу прде и ги истрга нозете. Мене ми се чини како да е проладена. Што мислите вие? Или па е скок во развој оној во трети месец?
По потреба ако гледам дека е затнато, ставам физиолошки од оние бебешките во ампула што се и после со тоа за влечење, влечам. Инаку ако си диши убаво, не го чистам носето.. тие тврдите мрсулчиња сами си искачаат по некое време, секогаш на бањање, после бањање искачаат
Не знам, како затната ми е у носето па мислев да не има некое мрсулче заглавено да пробам со пумпицата.
Нас експлицитно ни кажа докторката никако да не влечеме со пумпица. Капнувам јас само физиолошки кога ќе почне да "свири"
Исто, никако пумпица ни повторија двајца педијатри. Јас со физиолошки како во епрувета шпицам наеднаш и по инстинкт бебо како да дува и ги вади надвор мрсулите, беба свртено на страна, ако чистам десна ноздра свртено на лево и обратно. Првиот пат плачеше и се исплаши, сега веќе се навикна и се смешка, умно бебе мое Инаку чистам по потреба, најчесто сабајле по спиење ми крчи.
@kukla21 @emkaemka зашо не со пумпица? Мене 3 различни педијатри во ремедика ми кажаа да му го чистам со физиолошки и да влечам со аспираторче по потреба. Нас многу ни помага за да го исчистиме носето, инаку неможе мирно да спие, хрчи.
Прво многу биле мали и лесно може да ги повредиме, пукнеме капилари и ги учиме дека мрсулите ние ги вадиме, а не дека треба да дуваат Ако така вас ви кажале и само така го решавате проблемот и ви успева продолжете си. Мене така ми напоменаа, а и со пумпицата искрено ми е шубе, ми покажаа како да го натерам сам да дувне, а некогаш и со кивање ги вади па од аспиратор немаме ни потреба
Мајки моево бебе 2+ многу крчи.Тоа не е постојано во текот на денот.Нити носе тече нити има било какви други симптоми.Кога ја носам на редовни контроли матичната вика од млекото и е, но баш ме загрижува и башка кој и да ја земе зачудено ми вика "детево крчи ".Вас ви се случува ли ова?
На малово крајот не можам да му го фатам, цица, не цица,бљуцка. Многу е мало, една недела, обично е на адаптирано. Еве денес цицаше. Немам баш многу млеко, или бар така мислам. Си доби и 60 мл млеко. И после саат време почна да повраќа млазови, едно пет шест пати. Дали се прејало, или што ли му е?!
Најверојатно. Ама зошто ти повраќа во млазови прати зошто едно е да бљуцне 1,2 пати друго е во млазови. Следи го дали пак ќе поврати во млаз. Дали ждригнува? После јадење? Тоа е битно исто. Може ти надошло млеко и се нацицува. Оди и измери го. Кај менњ беше така па исфрливме ад. Сепак сеуште сте мали за ред ама ќе биде. И тоа ќе добива сила повеќе да влече. биди упорна само. И давај прво цице после ад. Кај мене беше нонстоп и покрај ад. Така ќе ти доаѓа и млеко повеќе. а и ако се измолзуваш.
Мајки загрижена сум ептен. На синчето попладнево му излезе кафена точка во белката од окото. Не е пукнат капилар сигурно. Кафена точка е..што може да биде?
@eli25 @Lolipop23 Во ред сме. Цицнавме пак. Лакоми сме. Најчесто ждрига или бљуцка кога ќе се залета, ама ова денес беше исклучок. Вие сте прави мајки.
И моевп знае да закрчи. Секоја недела ја слушаат и нема ништо. Докторката исто вика од млекото дека е