Мами на бебо цело лице му се нафрли како осип црвени точки. Од двете страни. Има и малку на стомакот. Лицето го чеша се нервира многу. Во три ќе појдеме на педијатар. Искуство вакво некој?
Ако нема примано ништо ново освен млекото што си го пие (чај , капки некакви , сируп и сл), со некое ново средство да не си чистела? Да не го имаш мешано со други дечиња? Уз пат пробај да не се чешка, стави му ракавички и со памукче со ладна вода или физиолошки тапкај на местата...дур да појдете на лекар. Вакцина да не има примано ов скоро?
Јадеше ти нешто што досега немаш пробано? Да не го мачкаше со нешто на лице и тело? Некој нов крем, масло или нешто друго?
Веројатно нешто шо имаш јадено, штом сте на доење. Си јадела пред да се нафрли нешто алергено како цитруси, јаткасти, јајца, риба,....? Мене овие (а можи и уште нешто ама не се сеќавам) ми ги набори педијатарот како алергени кои можат да предизвикаат реакција кај доенчињата.
Немам искуство со нив, само како идеја кажав, бидејќи горедоле наведоа останатите членки речиси се што може да биде причинител.
Фала на сите за советите. Пред два дена ми крена температура и му дадов сируп парацетамол од алкалоид. Се изначитав низ нет за парацетамол и пишува дека исклучително ретко има несакани ефекти. Но не е исклучено, можно е да е од тоа. Друго ништо ново не сум вовела. Кремите не му ги менувам. Еднаш згрешив бев кај мајка ми и му ставив малку солеа крема. Се сцрвени жар, го измив и му се смири. Јас си јадам секаква храна од старт, не сум јадела нешто за прв пат деновиве, барем не можам да се сетам. И јас прво се посомневав на вруќаници па го расоблеков ама не ќе да е тоа. Едвај чекам да го однесам да видам што ќе ми кажат
Може и од температурата да е. Само еднаш имаше, или три дена? Може и реакција од сирупот, не е исклучено. Инаку тој од Алкалоид ми е многу јак, или можеби имам такво чувство дека големиов кога му дадов еднаш за болка во уво, не можев да го разбудам, а и кога го разбудив не ме препознаваше. Оттогаш не го давам тој, само Ефералган ако не дај Боже има потреба.
Само еден ден му траеше температурата. Три пати му дадов на 6 саати, дозирањето како што ми рекоа по 3 милилитри. Лицето му е најисфрлано но има и на стомачето малку. Барем да знам за во иднина да не му давам од тој сируп ако не дај боже треба. А ќе треба, дете како дете секакви ситуации ќе има. Само што никој не може со сигурност да тврди од што е... Инаку има многу светол тен и нежна му е кожата. Ептен е белчо.
Пред малку се прибравме. Докторката ми рече дека многу често бебињата се исфрлаат два до три дена откако ќе качат температура. Смета дека осипот е од вирус. Ми рече да не го третирам никако. Да почекаме неколку дена само да се повлече. Ако нема прогрес, пак на контрола.
A okolu cesanjeto? I mojot se isfrli posle 3 dena tt, niz celo telo osven liceto ama bese mazen osipot i ne go cesase
Ништо не ми рече за чешањето, само да и се јавам ако се влоши. Ми рече на местата каде што има сува испукана кожа да го мачкам со mustela.
Можеби е смешно прашањево ама ќе си прашам Синоќа бебуш се разбуди во 1 и првпат не сакаше да презаспие со цицање како обично што прави,туку си се смееше, се прецица,па исповрати неколку пати...дежуравме до 3.30 :/ Што правите во вакви ситуации,дали ги играте,им давате да цицаат или ? Нас првпат ни се случува,обично одма презаспива. Секој совет е добредојден 4 месеци сме.
Го презаспивам на било кој начин. Нема шанси да го играм колку и да е расположен, ноќта е време за спиење. @Capricorn Taurus мое мислење е дека не е од тт, ама добро, следи ситуација. Штом чеша е некаква реакција, ама не на вирус.