И јас се препотувсм и се тресам како да ми е ладно. А цело време со ист јорган се покривам и пред да родам и сега..... Читав дека поради тоа што доаѓало млекото.... незнам. Можеби некој веќе знае.
Потењето е од надоаѓањето на млекото, поточно од хормоните кои уште не се убаво регулирани. За хемороидите, нешто на природна база. Со првото ставив чепче Факту, од едно ми помина, после второво ништо не ставав, се мачкав со крем на база на невен. Се смирија одма.
Majki malava cela nok se budese na recisi pola cas...malku cicak i zaspi..posle pak na novo..edvaj vo 6izutrina zaspa...eve sega spie se budi ama zagrizena sum nekako mnogu mrzelivo cica i mnogu kratko.
Мајки малата од кога ми е родена на десното око и се појавува жолто и цело време и солзи. Ја масирам да се среди каналот земав и брис нема ништо, ама еве веќе 4 месеци не престанува. Цело време и е насолзено окото. Некој совет?
Истиот проблем го имаме и ние. На лекар ми кажаа да масирам и да измивам со камилица или физиолошки. Ако нема подобрување ми рекоа капки тобрекс. Сеуште не сум земала капки, пробував без нив, но изгледа ќе морам да земам, бидејќи вака не поминува, а за брисеви ништо не ми спомнаа.
Мојво девојче скоро па 4,5кг е и навечер пелената и е преполна. Не ја будам да не се расонува, па не знам дали е време да преминеме на 2ка пелени? 2 дена по ред и протекува пелената не затоа што лошо е наместена, туку преполна е Да менувам во 2ка? Си велам не ме кошта да пробам, секако ќе ср искористат, ако не сега, за некој ден.
Odi na 2ka. Jas 1ca koristev samo edno od najgolemite pakuvanja, ama mi se budese navecer pa menuvav. Po kolku casa svrzuva?
Веќе сте за 2јка слободно почни со 2јка. Ем покомотна, ем ќе ја стегнеш кај струкот. Кога ќе ја залепиш кај струкот треба да имаш еден прст луфта ( за да не ја стега при полно меше ). Има еден трик за да не пропушта..... ( на јутуб го имаше ) ќе ја отвориш пелената и ќе ја превиткаш наопачки ( се надевам ме сфати ) значи пред да ја ставиш нанадвор ќе ја превиткаш па ќе ја ставиш, па околу буттчињата со прсти убаво ќе ја наместиш да дојдат нанадвор како карнери што се. Со самото тоа превиткување нанадвор, внатрешниот ластик кој треба да ја држи пелената ќе го наместиш и ќе ги опфати бутовите. Пробај ќе видиш, па ќе пишеш дали ти успеа и како ќе си задоволна со трикот .
Во 8 ја легнувам. Прво будење 12, 1, цица и продолжува. Се буди кај 3-5 иста шема и следно кај 8. Не и менувам пелена да не ја расонувам. Секако со затворени очи цица и продолжува. @sofi2107 не е до местењето. Последниве 2 дена само е така. Пелената е преполна. Поголема е, повеќе јаде и мочка
@kukla21 те сфатив дека не е до местењето, сепак горе објаснетиот начин верувај многу повеќе ќе ти користи кога ќе почне и да се превртува, постанува, лази итн. Во однос на величината на пелената.....јас секогаш по препорака од поискусни другарки, практикував пр. доколку 2ја започнува од 5кг, а бебе има 4кг+ одма идеш на 2јка. Така и понатака терав и терам со величините.
Дефинитивно сте за 2ка. Моето маже со 3800кг ја преполнуваше пелената и беше прокиснат секоја вечер. Од кога земавме поголеми, навечер сум раат.
мн е ситна разликата измеѓу 1/2 нема да згрешиш у никој случај у буквала сите користиме по пактче две единица и одма на 2 се оди па на 3 тие бројки мм брзо се менуваат и не е некоа разлика голема у големината .. по килажата на пелените никад не се води гледај по беба како и стоат дали има луфта дали а затегаат и у краен случај ко сеа пропуштено тоа значи одма нова бројка ние 4ка а користиме од пред да е 8 кг она а веќе одиме на 4+ а 4ката се до 14кг а она нема ни 9 па сеа види се е до бебушките конструкција и др раб килажата на пелени е една обична бројка по мене ..
Друштво, како се организирате кога излегувате околу доење/дохрана?! Моево често цица, значи не е опција надој ја и оди Ако земам ад, треба некаде да го правам, па да мерам температура на вода за растварање на млекл, па за пиење.. Некако ми се чини комплициранк, а ми се скита
Комбинирано искуство од двете деца. Секогаш измолзував од сабајле и си пробував среќа дали ќе фати флаша, па да и понудам. Доев во кола, на паркинг, со надеж да држи барем два часа, иако де знае дека со деца нема секогаш ред, одев таму каде има опции за доење... температура на вода за млеко никогаш не сум мерела. Ставам топла, не жешка, во термос, па не менува многу температурата за 2-3 часа, и така давам. Предходно спремно дозерица, флаша при рака, термосот...поедноставно здравје.
Ние сме на ад. Кога излегуваме ставам во термос млака вода да можам да растворам,(искрено не мерам температура на вода). Си ставам мерици во тие пластичните од џамбо што се. Го растворам млекото и и го давам. (затоа ставам во термос млака вода да можам одма да и го дадам, да нема потреба од ладење) Имам купено и од аптека како термос чанти што се за да ја чува температурата на веќе направено млеко но џабе воопшто не се ефикасни. Вака со термос ми е поедноставно.
А не внимавате на која температура го растварате млекото? Дека пишува на кутијата да се раствара на 40-50, а се пие на 37. Јас пазам на ова кога давам.