е арно де, нека спијат мојов на осум месеци правеше работи што деца на 15 ги прават ама ноџиња никогаш не фати пример. и пак е жив здрав прав кога ќе почнат така да споредуваат..
И мојата ич не спие преку ден. 2/3 пати во денот по 15/20 минути максимум. Навечер се буди на 3 саати.
Нека е жива и здрава малата! Пробајте со вештачки брадавици и адаптираното да и го даваш со шприц. Можеби веќе се навикнала на шише, па не сака да се помачи да поцица. Но, секако биди упорна и ставај ја на града цело време. Ви посакувам да се научите брзо на цицање...
Ако ти кажам мојот колку спиеше (па и сеуште спие освен деновиве) ќе речеш и јас лажам Секое бебе е различно. Само мајките знаат малце да забегаат.
@EuHenIa еве ние како поголеми, скоро две недели, исти бевме. Во болница цицаше. Дома кога дојдовме дали од гужва, од нервози, од што требаше време да навикнеме, млеко немав ич. Авент њуборн шише едно најмало, ад пие, ко швајцарски саат. Последниве два три дена цица, една, друга града и пие 60 мл. И после бљуцка. Лаком газ Биди упорна со цицето. Не се нервирај, јади и спиј ( јас не го правам тоа, а тебе ти кажувам ). Ќе ти надојде млеко ( од 20-30 ден ќе се воспоставела вистинската лактација). Се надевам бар малку ти помогнав.
@EuHenIa само упорност со ставање на града. Пробај со силиконски. Не постои генетика за немање млеко Само стимулација, ако не со бебе, со пумпа за одмолзување тогаш.
И мојот ич не спиеше. Јас од памет се вадев на почеток зашто сите ми викаа бебиња спијат многу. Ноќе убаво спиеше, се будеше само за јадење, ама дење не врзуваше ни пола саат и тоа еднаш до два пати дневно. И сега не е некој голем спанко на 2 години. Малку е понапорно за мајката кога не спие бебето ама па убаво е што се дружите. Не знам дали е поврзано со неспиењето ама мојов релативно рано прооде и рано прозборе. Сега на две години врзува реченици од по 4-5 збора понекогаш и знае кратки рефрени сам да рецитира. Постојат состојби кои се вродени и кои отежнуваат лактација. Пример ПЦОС. Јас бев еден таков пример. Животот ми беше пекол од самообвинување што не ме бива како мајка. Измачив и бебе и себе со инсистирање ексклузивно да цица зашто нели нема мајка што нема млеко. Октровение ми беше кога прочитав медицински истражувања на PubMed која докажуваат дека кај жените со ПЦОС има третина кои дојат без проблем, третина кои може да дојат со дохрана од ад и третина кои не можат да воспостават лактација. Се ова заради пореметени хормони. На крајот испадна дека сум во втората третина доев и додава АД по потреба. Пумпа за одмолзување не ми помагаше ич. На крај ја искористија други луѓе кои успеваа со неа да полнат шишенца и да оставаат млеко за бебуши. Јас влечев едвај по 10 милилитри. Затоа секоја жена со своја приказна. Не генерализирајте.
majki bebevo cel den spie,samo za cicanje se budi.Dali nekoja ima iskustvo so mali sitni mozolcina,i se napravija od zesko i ne ginat.
Мајки по колку време смеат бебчиња од 2м да седат во транспортер?? Кога шетаме воопшто не го вадам, освен ако треба да го надојам, значи по 3ч сигурно седи. Плус дома знам во транспортерот да го успијам па 1,5-2ч спие во него.. Исто и во релаксаторот по колку време смее да седи во него?? Иако ние не сме љубители на релаксатор, ама да знам ^^двата реквизити се од 00-месеци инаку.. Па сама рече од жешко дека и се.. Колку ти е облечена и која температура ја држиш дома?? Моево е склетчија, плус дека само во раце жива вода се прави, дома на 22/23степени го држам само по боди, панталонки и чорапи, а и кога го држам ставам на раката пелена да не се поти на мојата рака/блуза. Види следи со брунчињата, ако не поминува на педијатар, да не ви е и на вас некој дерматит и јас мислев дека е од топло инаку
Мајки само што се вративме од педијатар и ни даде дозвола да почнеме со кашички. Сакам дома да и правам па ме интересира како ги правевте почетните. Потечни ли да бидат? Прво од зеленчук што дадовте? Ми рече една недела зеленчукова друга овошна. И не ја измери . Нареден пат ќе и речам обавезно да ја измери. Во меѓувреме ќе се послужам со кујнската вага.
супер тогаш, баш мисла ме фати. Моево ионака 2ч спие, па јаде, како швајцарски е, така да ОК е, кога шетаме повеќе од 2ч пак не можеме да сме и ако сме се доиме, па подој ни е околу 20мин значи таман А за релаксатор не праша Иако 15мин ни се рекорд да седи во него, не па да спие Ве фаќа на кујнска вага сеуште?? Имаш тема за тоа види прочитај си убаво и ќе ти дадат совет ако имаш збунка (Воведување на цврста храна кај бебиња)
Ќе ти кажам како почнав јас како ме советуваше нашиот педијатар ,по три дена пробуваш една намирница лупена па варена ова не важи само за бананата ,блендираш и даваш да проба на почетокот по неколку лажички понатаму колку сака најмногу 80-100гр ако изеде толку тогаш се рачуна како оброк ,треба да дадеш каша 2-3ч после првото доење сабајле .Нас за првиот месец педијатарот ни напиша да пробаме јаболка,круша,банана,слива,морков,тиква,тиквичка,кајсија и праска .