Мајчиња, како одржувате хигиена на лицето на бебе? Ние се миеме лице секое утро со вода, мачкаме чат-пат јекодерм, кога бљуцкаме бришеме со лигавче или се миеме со вода.... Вообичаено има по две три брумчиња, што се губат до вечерта. Денес има дваесетина, поприлично е исфрлана. Можам ли нешто да направам да не и излегуваат брумки?
А кажете ми ве молам на 3 месечно дете дали да и ја купам малата или поголемата жирафа Софи и што е разликата меѓу овие две глодалки?!
Разликата е во големината и цената. Јас се мислев за малата ама големата беше на попуст тогаш , си реков ај големата и така ќе расте нека му биде поголема и таа ја земав. Попрактична и попривлечна мислам дека е за нив големата, но ти ќе си одлучиш која ти се допаѓа
Јас прво му ја купив малата, многу ја сакаше, ја искина, партал ја направи од што му беше цело време во уста. Потоа му ја купивме големата, ама неа не ја бендиса многу. Јас би те советувала да му ја земеш малата бидејќи таа повеќе ќе му одговара на оваа возраст, поубаво може да ја фати и загриза. Големата за после 6 месеци.
Ние големата ја имаме, ја грицкаме неа, ја фаќаме за вратче и муцето или ушето со едно рокче е во муцето на Софи. Софи на квадрат
Мојата освен да ја земи во раце Софи и да ја фрли (во таа фаза сме сега ) за ништо друго не ја употребува. Се друго пика в уста сите можни играчки, алишта, лигавки, и се што ќе најде на дофат освен Софи. Кога ќе и ја дадам ја фрла.
@fana @Luna91 сама се тепа . Зема играчка и мава со цела сила горе долу и баап...или на глава ќе се мани или на стомак..... Не и иди паметот