Здраво мајки, моето бебенце за една недела прави 2 месеци кога ја ставам на стомак да лежи не ја крева главата а кога имаше еден месец си ја подигаше сеа само се заврте на страна и почнува да го шмука рачето или пак не се ни заврте па мора да ја кренам... дали треба да ме загрижува тоа
Мајки како одржувате хигиена на играчките,плишаните тропчиња што малите ги ставаат во уста а ги фрлаат и на земја ?
Мајки стари сме една недела. Цицаме, преку ден јаде спие, а навечер цица ама плаче никако да спие. Дали немам доволно млеко, де мислам дали навечер малку дохрана да давам. Ваши искуства?
Тоа според напредок ке се види.. дали треба дохрана или не. Може плаче од грчеви.. Кака, мочка убаво?
Нема само како црвенко е..гледав дали има некои точкиче у средина ама не гледам. Пред мене беше играчка имаше у рака, ќе видев да ја полазеше нешто
Мојава како ги научи рацете (поготово левата) ги јаде ептен сочно Мислев покасно иде тој период, ама еве веќе 10тина дена упорно "се слади" Скоро во исто време почна и да се крева нанапред. Прво главата ја креваше, сега од половина нагоре. Мислиш ќе стане.
Слатки им се многууу. Па колку гласно ги шмука. И мојава се крева. Ќе седне мислиш. Стави и раце одма газ крева за да ја земеш.
Исто гласна е сочно шмука ли шмука.. после на миење раце оти ако ги оставам се умирисуваат од што ги држи во бокс
За кревањето, неќна на ортопедот ѝ кажав дека сака да седе и ми рече сака ама погледни како ги крева газот и половината а не главата и рамењата, рано ѝ е уште, на 6м ќе седе. Да ве прашам нешто. Во ред ли е секое сабајле да и ставам капки септоаква по 2 во секоја ноздра за да ѝ го исчистам носето оти има мрсолчиња? Капките заедно со мрсолите излезат она сама си ги издува.
Ако се чист физиолошки раствор или солена вода, може. Јас секој ден на моиве им ставам во нос спреј Синомарин. Ако содржат нешто друго како ефедрин и слично, тогаш не.
Не содржи ефедрин. Натрум хлорид, магнезиум хлорид, калциум хлорид и натриум хидроген карбонат содржи. Сигурно може секојдневно да го користам.
Може. Јас наутро ги прскам моиве, поради греењето се суши воздухот колку и да навлажнуваш дома, па крчат со носињата. Вака се прочистува носот и сувите мрсулчиња излегуваат без проблем, со кивање или дување.
дали ги шетате на ладното ...сакам денес ако е убаво времето без ветар и дожд да се повозиме 10-15 мин со количката, ама и ми е страв дека немаме ни 2 месеца...ваше мислење
Обавезно шетаме. Нека не те плаши ладно, убаво облечено, во количка. Од ладно не се разболува, од вируси и бактерии се разболува. Ке му годи на бебчето. Ако е многу ладно бар 30- 40 мин сме надвор. Се разбира само ако е многу загадено не шетаме. @forumce и јас користам септоаква за двајцата редовно. За чистење на носе. Посебно големиот пред и после градинка. Само јас спреј користам. Полесен ми е ставање, зошто моиве бегаат.
Спреј и јас користам, грешка сум пишала. Не дава да и исчистам носето, едвај шприцнам, врте ја главата почне да плаче и така ги изваде.