Bebinjata koi od raganje ziveat na visoko se adaptirani i ne im e problem. Naglata promena e taa koja predizvikuva problemi.
На деца и бебиња кои се анемични се препорачува престој во планина. А и баш добро ќе му дојде свежиот воздух на детето. И ние се мислеме да ја носеме на Пониква.
Јас планирам Ниже Поле да го носам, на 15 мин ни е барем чист воздух да подиши детето. Битола посекако е презагадена нонстоп. Гледам сега дека било на 1300-1600м надморска височина. Се надевам нема да имаме проблем.
Супер не е многу високо ко за прв пат. Нема да има никаков проблем, само корист, ќе ужива бебе. @forumce појдете, многу е убаво. Има многу снег и секој викенд е полно. Само нас претходната недела не вратија зашто имало многу гужва и се створило хаос горе.
Мајки ми треба ваш совет.На бебчето мое 3+мес.кај окцето и се познава како вена.Имала ли некоја мајка искуство со ова ?Поминува ли?Баш сум загрижена а и ме нервира многу.
Зошто си загрижена и како да помине? Сите имаме вени само кај нив повеќе се познаваат. Кај син ми кај носот е баш изразена и на чело горе.
Дали ви се случило и вас? Бебе заспива во 23ч.до 4:30 цица пак нана до 6:30 цица и до 9 нана..стануваме се средуваме цица и пак заспива... Денес во 12 како заспа до 16ч.спиеше го будев во 14:30 да цица цицна но многу малце со будење закачкање.Во 16ч.цицна 20мин.и пак заспа до 18ч. Зборот ми е дали е нормално да спие толку? 2 месеци сме весел е,се смее,кака,мочка,цица но 20мин и пак заспива...и чајче почнав 60мл.преку цел ден му го давав... И за оваа возраст до колку пелени полни треба да има?
Првите два месеца и мојата најубаво спиеше во него, а за креветче не сакаше да чуе. Оставај ја до 3 часа, не е проблем, така ми кажа ортопедот.
дали имате некој дневен ред на алтивности, за бањање, спиење , шетање, ние месец ипол сме ама немаме некој ред, се бањаме кога ми делува најрасположена а тоа е секогаш различен термин...секој ден ми мене време кога е будн кога спие...вчера спиеше вечерта од 6 до кај 9 стана за јадење се бањавме и си заспа, денес стана пак тоа време јадеше и си заспа па ми беше жал да ја будам за бањање...и од кога може некој ред да им се стави... Какво чајче даваш..
@delvi моето искуство покажа дека неможев јас да и воведам ред. Пробав се во исто време и капење и легнување ама не џабе, кога неа не и се спие ако сакаш на глава наместисе нема да спие. Кога и се спие и кловн изигравав да ја занимавам да издржи до часот кој си го зацртав таа зсспиваше од простум. Таа сама си го направи редот. За неколку дена е 7 месеци и можам да кажам дека има некој ред меѓутоа сама таа си го воспостави. За капење никогаш не ја капам во исто време. Пробав и така ама видов дека капењето не и игра улога за да заспие или слично. Некогаш ја капам сабајле, некогаш навечер некогаш на ручек, зависно од неа.
Јас да. @pile30 таков бич денот денес. И моево спиеше од 12 до 17. После во 20.30 одма заспа Сега цицаше и спие пак. Јас не ја ни будам дур спие. Ако е гладна не спие. @delvi преку ден тешко ред. Ама за ноќно спиење имаме ред. 8-8.30 одиме во спална и се успиваме. До 9-9.30 веќе спие.
@delvi Имаме ред навечер за купање и наутро "утрински ритуали", преку ден не и правам ред, што сака тоа прави.