Кога се роди моето бебе имаше совршени ушиња. Сега додека цица или спие на страна ушињата му се свиткуваат дури и се затворат на неколку секунди ако лежел на нив. Сега му изгледаат малку подвиени. Се плашам да не му станат клапнати/клемпави.... Има ли некое решение за овој проблем? Пробав со капа или стегач но не ги сака си ја мрда главата и брзо ги трга... Читав за некои мрежести капи специјални за таа намена, ear buddies се викаат околу 20е коштаат па мз дали да ги кпувам....
Ако му е генетиката таква, што и да правиш, нема да го промени тоа. Ако сакаш купи ги, но според мене, џабе фрлени пари.
Нас така ни се направи од капата на болница. На увото на долната страна (мекото) да го наречам се свитка и од тогаш така ни е
Сите се раѓаат со уши залепени до главата. Не значи дека вие ако немате, немал некој ваш предок што не го знаете. Можеби скокнало неколку генерации, па вашето дете го наследило. Сакате верувајте, сакате не, генетиката игра главна улога во тоа.
Така е. Другарка му ги лепеше ушите на бебето со фластери, па пак си се малку клемпави. Ген си е ген. Од малку што ќе се превитка не може клемпаво да стане.
И јас мислам дека е генетика, неможе од лежење малку на ушето да стане клемпаво. Јас од страв кога се роди и ставав од тие на глава со дебела лента памучни да и ги држи ушињата. После видов дека џабе ја стегам нема врска тоа и престанав.
Мајки да ве прашам за совет- се работи за бебе од 2.5 месеци и од болница има стафилокока на окото ( заразено од болница наводно) . Симтомите се солзавење и како жолтеникав исцедок кој сега го зафати и другото око и спуштена во носето. Од терапија примано има капки Тобрекс и Хлоранфеникол маст. Ефект никаков, дететво е со ист проблем. Некој со искуство, мислење? @joy1 @Annath
Терапија според антибиограм. Ако е детектирана стафилокока со брис, сигурно има и резултати на кои антибиотици е осетлива. На Тобрекс и Хлорамфеникол мислам дека не реагира, па затоа нема ефект терапијата. Да се смени антибиотикот и да се става не само во очи, туку и во нос. Стафилококата знае да биде досадна, ама може да се пролонгира долго време ако не се третира соодветно. И обавезно измивање со стерилна газа и превриена чиста вода или физиолошки раствор. Мајчино млеко и камилица во очи никако, дополнително ќе влошат ситуација.
Мами дали некоја имала искуство со tongue tie (пократка ресичка онаа под јазикот) кај малечкото? Ние имаме иако не е толку кратка и не е баш поврзана со врвот на јазикот и баш затоа немавме воопшто проблем со цицање од прв момент. Го плазиме јазичето, ама сепак уште во болница ни рекоа дека тоа може и треба да се корегира после некој месец. И дека може да има проблем со говорот. Во болница ни рекоа на стоматолог да одиме, ама мислам дека тоа е за на максилофацијална. Меѓутоа има ли такво нешто/зафат некаде на приватно? И дали воопшто мора да се сече тоа?
Внук ми имаше така пократка ресичка ама тој имаше проблем и со цицањето. Корегираа со краток безболен зафат на две три години, причината беше само говорот имаше потешкотии. Не е ништо страшно или болно, помалечко дури и поубаво да се корегира. Корегираа на државно тука , за приватно не би знаела ама сигурно дека може.
Со ласер на клиника, ама не знам дали е на максило или на орална хирургија. Брзо, безболно и веднаш заздравува.
Moze vo sistina toa da se sredi. Jas prasuvav sin mi ima na ustata gore ama se ispostavi deka nema potreba pa ne pravevme. Na maksilo e
Може да ми кажеш во систина кој оддел/доктор? И која е цената, доколку знаеш? Вие бевте на консултација па се виде дека не треба? И јас би сакала прво некој(стручен) да ја види па да каже дали воопшто треба. Нас не горе, туку долу под јазичето, ама не е многу кратка, како што кажав цица од прво фаќање.
Pedijatarot, Sajkovski ni kaza. Inaku telefonski prasuvav za cena i mi rekoa deka secnuvanjeo vleguva vo cena na pregledot e sega ako e nesto povekje bi bilo dopolnitelno. Cinam 2200 bese. Najubavo telefonski kje ti bide da prasas, oddel ne mi kazaa.
малку офф топик ке сум...оваа недела имам ужасни болки во снагата, се ме боли како настината или како да сум вежбала а не сум...пијам аналгин но само додека трае дејството не осекам болка...особено ме болат зглобовите на раце и нозе и стапалата-петите...едвај движам..дали сѕр имале вакво нешто какомболка и што да превземам
Мајки бебе некако ми шмрка со носето,а нема мрсулчина го чистевме пред легинање немаше ништо,ама еве ја слушам дише како носето да и е полно.Што да и направам за ноќеска,утре одиме на педијатар ?
Ќе го наместиш малку поткренато. Незнам колкави сте. Можеш под самиот душек на креветчето да ставиш нешто за да е од грбот нагоре закосено. Или на помеко перниче да го легнеш но, да се фати да е грбот и главата над перничето закосено ( се надевам ме разбра за како мислам ). Ако е легнато на рамно ќе му смета самото слевање на секрет и хрчење и ќе спие немирно. Затоа кога е малку закосено полесно ќе му биде за дишењето. Исто како и ние кога сме затнати на рамно неможеш да спиеш. Друго што можеш да направиш е : ќе исецкаш главица кромид и ќе ја ставиш исецкана во танирче ( како за кикирики танирче ) и ќе ја наместиш во близина на главата. Можеш над главчето ама не многу блиску зашто ако бебе прета може да ја истури па да направите беља ( да потфати и голтне ). Ова со кромидот ти е најделотворно за запушен нос, настинки, секрет и сл. Испробано и секогаш ми помагало, па и на многу мајки на форумов.