Со лесно и убаво да ти нана бебе вечерва. Утре на педијатар ќе го види па ќе ти каже што и како. И во иднина кога и да хрчи, носе затнато или растечено, секогаш поткренато да спие малку на косо ( сепак адекватно наместено грбче и врат/глава ) и ова со сецкан кромид слободно неколку вечери...кромидов е спас ( барем на мојов секад му помага ) .
Da gnilo se osekam koga ja zimam momickata vo race mislam nekoj zglob ke mi se ofkaci i ke ja ispustam...ne sum sedela na promaja..
да ве прашам за останување будно имаме бебенце 11 дена, и некогаш таман се успала после доење ќе се разбуди, и не може да презаспие останува будна и по саат и повеќе.. колку ви се будни малите од еднаш на оваа возраст? како да правиме? да ја ставам на града ќе заспие пак ама штом ја тргнам пак се буди..
Мајки кога почнавте да ги вадите бебињата надвор? Дали го почитувавте тоа непишано правило " 40 дена"?
Синомарин раствор и пумпа.Бевме на лекар,нема ништо на плуќа,и грло и е здраво,рече има мрсулчина подлабоко да и ставам само раствор за да и спаднат на долу.
Не го почитував "правилото". Дваесетина дена имаше на прва прошетка во парк моето бебе, тогаш јас бев спремна првпат инаку би и порано. Чист воздух секако не прва прошетка во сити мол да биде.
Од како си дојдовме од болница шетаме, и во природа и по молови. Ретко кој го почитува тоа бабинско правило. Ако не е многу ладно надвор и мајката се чуствува добро не гледам причина за дома седење. И тебе ќе ти дојде убаво малку на воздух.
Мене докторката тука ми рече дека е сосема во ред да се шета една недела после раѓањето, ако надвор е потопло од - 5 и ако бебето е потешко од 3 кила. Уште не сме биле на официјална прошетка, само 2-3 кратки излегувања досега
Првпат шетавме кога беше две недели,ама дека сред лето рано наутро. На свеж воздух поубаво спијат плус за мајката е поубаво дома едно исто па исто. Сега навика имаме да мора секој ден да прошетаме.
Имаме 6 ипол недели, имаме многу грчеви ама убаво јадевме зависи мегу 90 и 140мл. На 4 саати. Еве деновиве јадеме почесто на 3 саати и првите 40-50мл ги пие нормално потоа почнува да се тегне да се трга па и да вришти, па со молење нишање и бели звуци некако 90-100мл да испие. Незнам што да направам. Инаку пие мое измолзено или адаптирано исто се однесува и со тоа и тоа млеко. Некој совет што да правам? Да го оставам со 50мл испиени, па да јаде на секој саат? Незнам повеќе жал ми е и што фрлам мое млеко кај нема доволно ке затоплим 130 он со молење 90 ке испие.
А зашто го затоплуваш измолзеното м.млеко? Не се затоплува м.млеко, треба да го пие така како што би го пиел и кога цица. Измолзено можеш и на 1ч размах да даваш зависи ако бебе е гладно зашто м.млеко е побрзо сварливо. Додека АД се дава на најмалце 3ч според наведеното на самата кутија зашто е потешко сварливо и појако. А на града да го стаиш цица ли? Форсирај на града да е прво па после понуди шише со измолзено и нека испие колку сака. Распоредот со АД ќе ти го каже педијатар колку пати на ден да даваш. Еве и оние со искуство кој комбинирано давале ќе ти кажат како да даваш АД. Најубаво да се советуваш со педијатар кој го следи напредокот на бебето. За грчевите давај вода сварена со неколку зрнца ким. Пример во 100мл вода ќе ставиш 5-6 зрнца ким заедно да врие. Откако ќе зоврие поклопи и остај да отстои 10-15мин па прецеди. И давај по малку колку сака. Но, не сите 100мл за да не го заситиш и да нејќе после млеко да пие. Можеш после млекцето после 20-30мин понуди малку некоја голтка.
Видов дека е месец и пол бебчето, но незнам дали станува збор за поситно или покрупно бебче, моето се роди малечко 2,500 и на таа возраст 60 и беа доволни и добро напредуваше. Не мора секогаш секое бебе да пие по 100 мл.