Моето ги извади горе сите наеднаш, жлебинката беше распукана на сите, прво ѕирнаа двојките, не знам дали имаше 2-3 дена и кецовите А јас да прашам, кога излегуваат 3ки и 4ки? Знам после година, ама можно ли е порано?
6+ Сме, многу малку е спиена посленидниве денови. Сега се враќам од вакцина, и заспа во кола. Се надевам денес ќе надокнади со спиењево, греотица е, плус вакцинирана
Накај мене свртена 7 месеци. Сега ја вртам обратно и несака плаче. Па јас одам пред количка а ќерка ми ја турка или обратно за да се навикне. Но сепак не сме сега многу по количките дека е зима. Се надевам од март натаму дека ќе седи обратно.
Мајки кажувате дали имате исксутво на беба за некој ден 6 месеци, едното оче од вчера и солзи ,малку е црвенко и сабајлево имаше мало гурелче. Ако одам кај педијатарот понеделнички за око у пм сигурно ќе ме отера . Се јавив ама зафатен бил ми рече сестрата хаос биле со болни дечиња.
3 имам сменато.. од Охрид сум. Сите што се од тука знаат. Ако некој знае добар педијатар а да не е од Струга нека ми пише. Катастрофа е тука. Се оди на контролен преглед секој месец и бебе само ако крене температура над 38. Инаку уште од врата викаат што го носиш. Ова ми е искуство со поголемиот син.
Па речи им дека ти е досадно дома, затоа го носиш, да ги видиш како се. Не ми се верува, зошто се носи бебе на педијатар?! Оди во плодност, нека го прегледаат таму. (не знам дали во ох имате приватни педијатри, ако има, одете таму).
A zosto da ne e od Struga? Jas kolku sto znam detskoto odelenie vo Struga e edno od najdobrite vo drzavava. Pa tamu ima i 3 pedijatri od Ohrid. Doktor Nade, Vlatko i Gjorgi.
Мoетo имаше ставав тoбрекс се среди. Пo една недела пак се пojави црвенo и жoлт секрет. Пoчнав да чистам 3 пати сo стерилна газа и физиoлoшки, се среди oкцетo за 3 дена. Кoга ќе чистиш чисти ги двете сo различни гази.
Кај д-р Ранко го носам моето, и мене ми е матичен. Не е педијатар, но и бебиња има кај него. Секогаш е многу гужва, но бебињата обично не чекаат многу. Супер е докторот, внимателен. И јас многу барав педијатар. Го однесов еднаш кај Колеви, 8 дена имаше малото, и не сакам ни да се потсеќам колку беше безобразна и ненормална жената.
Колку време во текот на денот бебињата ви гледаат тв? Нас ни се пуштени песнички на тв и гледам 90% од времето да има некакви активности. И дали ви гледаат цртани додека јадат на пример? Од тоа никако неможеме да се одвикнеме иначе сме скоро 10,5м
Песнички и пуштам на телефон ама телефонот тегнат на страна да не го гледа. Телевизорот работи ама ако се загледа и го гасам. Секако кога ќе пораснат ќе бидат пред екрани, нема потреба од толку мали. А за јадење се е изгаснато за да нема никакви дистракции и да се фокусира на јадењето.
На поголемото дете му пуштав редовно уште пред годината. И приметив дека малце заостанува со некој работи и од кога прочитав дека не е добро згасив скроз неколку месеци па се си дојде на место. (Ова важи само за моето дете сите различно се развиваат) Ама еве го ден денес на 2 год јади само со цртани. Ако не му пуштам два залаци и толку ќе биде. На малава воопшто не и пуштам 6 месеци има, ако некогаш фати со погледот ама ја тргам. Или пример ако ја преслекувам во дневна и е уклучен тв тие 2 минутки. Инаку не. За ова дете јадело не јадело нема цртани. Планирам од година и пол на така да и пуштам по малу. Немора да значи затоа што има контра примери на ова - но, гледањето прекумерно тв е поврзано со доцнењето на говорот. Па треба да си процениме сами дали детето е потегливо или треба да се "турка" . Секако во 21 век не е добро и да ги лишиме од технологија но се треба да биде умерено.
И ние сме 10.5месеци,не и пуштам цртани само песнички некогаш во позадина, али повеќе јас и пејамтв е пуштен ама мн и не го примеќа, ако се загледа и го гасам. Од сам почеток ја хранам без тв, само со играчки на хранилка, сега веќе кога си јаде парчиња и без играчки дека и е интересно да си фаќа сама и да јаде. Има време за се, јас гледањето цртани го замислувам тогаш кога ќе седнеме заедно со неа да гледаме и таа ќе не испрашува за секој лик и се што се случува ,а до тој момент има уште многу
Можда глупаво прашање но навистина не знам кога уствари се мачка гелчето на непцата за запчиња? Ептен е нервозна сигурно ја мачи тоа,непцата и се веќе набабрени ,па да не треба да се мачка веќе гелче
Мајки требаше да одиме на вакцина сабајле ама ми искрсна нешто па сакам покасно Да не знаете кога е пауза во Јане Сандански?
Една мајка по групине праша, дали може да излезе прво второто запче, па првото Може одеднаш. На буцо мој одеднаш му излегоа двете двојки и еден кец горе. Ене го се гледа и вториот кец. Во врска со цртаните. На големата и пуштав уште од 9 м. Беше слабокрвна и очајно пробував да зајаде со се. Со цртан само ќе лапнеше некоја лажичка. И не верувам дека постои дете што побрзо зазборело од неа. Имам видео каде што после првиот роденден брои до 10, само 7 испушти да го каже. Сериозно. Праќам видео во лп за тој што не верува Сега син ми ќе полни 8 месеци и не е изложен на екрани. Пуштам песнички на телофин, ама не гледа екран. Така планирам да терам додека можам. Муабетов ми е дека не се толку страшни екраните(секако се што е претерано не е ок),само треба да се процени како му влијаат на детето.