Како е сега подобро ли е детето? Иначе навистина нз како може при бактерија да не се даде антибиотик. Само ќе се маскираат симптомите и ќе се поновуваат. Ако не е проблем која бактерија е во прашање?
Еве сега читнав на нет, од 6 месеци нагоре бебињата се спремни да ја преспиваат цела ноќ А дали ќе успеам тоа е друга приказна, ама не се откажувам лесно. Барем да сведам на едно станување би било супер. @NewMama за дубак и јас размислувам, ама и да земам би ја ставала по 10-20 минути само колку да завршам некоја работа. За првото немав и си прооде на 12 месеци, ама почна да лази многу рано и седеше со нозете под неа, па уште лошо гази со ноџињата, ги врти навнатре, што според ортопедите е од лошо седење. Заклучок, и од друго може да се направи проблем со одот не е само од дубак, и се што не е претерано не е лошо според мене.
Толку да, колку да завршиш нешто. Е па ете се си има свое. Затоа сум на два ума. Ама секако ќе почекам барем 8 месеци да наполни. Сега се крева со рачињата и коленцата како кученце кога лежи на стомак. Малечка е уште.
Да, ќе си гледаш според детето. Оти секое си е различно. Кај мене првата ќерка на 6 месеца се исправаше сама и стоеше стабилно, на 7 веќе активно лазеше. И уште си е таков живец, слабо одвај 12 кг на 2 ипол години и пргаво.А малово скоро 7 месеци, а уште не седи стабилно, трома е и дебелка
Малце е поголемо моето, 7 ипол месеци има. Некој ден јади колку и да давам, нареден не отвара уста или плука и така. Ново им е, ќе се навикнат си викам. Иначе не користам дубак или џампер. Дури работам лежи или седи на под.
Незнам колку часа подразбираш под цела ноќ. Мојава има 11 месеци и една ноќ се буди за млеко, пример заспива во 7 и 30 се буди во 4 и тогаш не ни размислувам веднаш и давам да јаде. После 2 вечери може и да врзе 12 саати. Ако случајно се разбуди 3 часа откако заспала знам за вода и е. Ќе се напие и продолжува. Вака прави од 9 месеци претходно обавезно се будеше еднаш. Многу е мало твоето за да врзе повеќе од 6-7 часа без млеко.
Не е проблем само да видам убаво и нахнадно ќе ти кажам. Вака по сеќавање мораксела така нешто беше. Одговорот е дека детето оди во градинка и оваа бактерија била нормална. Добивме некако сируп еве пие неколку дена. Подобра е ама уште има секрет и фрфори јако. Долга е мојава приказна со носот богами
Па да ставовите се поделени за оваа бактерија. Мада сепак добро што ти дале антибиотик. Продолжи со инхалација и следи ја.
Колкаво рече дека ти е бебчето? Јас успев да ја одвикнам накај 7 и пол месеци имаше веќе 3 оброци мислам и ја осеќав дека станува од навика. На истиов начин како тебе нишкавме јас и маж наизменично, траеше тоа највеќе една недела, може и помалце. Само биди доследна ако си решила издржи до крај. Мојата уште се буди многу, ама продолжува со цуцла, е тоа како ќе го исфрлиме поима немам
За една недела ќе прави 7 месеци. Ама и јас гледам дека од навика се буди. Гладна гарант не е барем до 5 часот, т.е. 7 часа може да издржи без млеко оти заспива околу 10. Кога се буди само 2 минути цицнува и презаспива, значи само колку да се успие. И штом може да си презаспие со нишање не е гладна. Ако е гладна нема да заспие, како што беше сабајле во 7 ипол кога стана, односно после 9 ипол часа без млеко. Тогаш стварно од глад плачеше, баш онака жално. Ќе ви кажам за некој ден што сум направила. Целта ми е барем да сведам на еден ноќен подој ако не можам скроз да исфрлам. Инаку моиве деца не фатија цуцла, така што цуцлата не е во игра. А за вода да се надоврзам во муабетот погоре и мојата не пие многу и не ја форсирам. Давам со лажица после оброк само и испива по 30 мл некаде. Првата ќерка не сакаше воопшто вода до 10 месеца некаде, после почна да пие по малку.
Ke.pocne samo. Mojata.posle 8 mes pocna da podpivnuva t.e. da bara casata. Ne i meram kolku ispila poso i cica i mi nema poenta stresiranjeto i za ovaa rabota
Синко мој за некој ден полни 9 месеци, на ад млеко е, обавезно два пати ноќе се буди за јадење. Неколку пати пробувам да не му дадам да го смирам со цуцла ама се разлути ептен, па 1 саат неможев да го заспијам.. За дубак на првото купив кога направи 9 месеци, предходно немаше каде да го вози, живеевме во екстра мал простор, малку скрос го повозе, веќе имаше усовршено ползење, на 11 месеци прооде, на прв роденден трчаше За второво го извадив кога направи 7 месеци, ептен ретко го ставав ама почна да ми прави бељи, се затрчува и се удира во ѕид, или сестра му го удира со кола на туркање и најголемата причина, тргнав на работа па сватив дека свеки по цел ден го остава во дубак, дури и го ранела во дубак, така и стоел мирен па му го собрав, откако го собрав дубакот за 2 дена дете почна да ползи, за нецела недела се исправува на кревет или масичка со држење. Вода откако почна да јаде почна да пие по 30-40 мл по секој оброк. Јаде се, прво се радував, после се сетив дека и сестра му јадеше се кога имаше 8 м, па сега уста не отвара за жива глава
Site li zabi so temp treba da izlezat? Dolnite kecovi izlegoa ok ama na razmak od nekolku nedeli. Gornite kecovi odednas so temp,eve sega i dvojkite se gledaat dvete gore pak temp....a jas za gradinka.ja spremam taa edni zabi bez temp ne moze da izvadi
Ние досега имаме 2 долу, кецовите и 2 горе, двојките. Фала му на Бога немала тт. Освен што е нервозна понекогаш, најчесто попладне. Си велам и другите со лесно ќе ги извади Туку од колку месеци ги шетате бебињата свртени напред во количката?
Кај мене сите заби што ги вади ги вади во пар по два наеднаш, и ако едните ги извади со тт, другите се со пролив, и така во круг, сега 4ки горе вади со пролив се овие.
И мене најлесно ми е, тури цицката и готово. Нема шанси да нишкам. Мојата е 7м. ноќе 2-3 пати бара да цица.
Пие од петокот антибиотик инхалирам ама пак цело време хрчи буквално. Незнае да се искашла убаво и крчат и градите. Чиста е на гради ја слушаше др рече од секретот било. Незнам како 1 месец на се што правиме да нема некое подобрување.