По аптекиве има гел-маст на природна база се има од неколку фирми. Се мачка тенок слој на градите на детето и на носето олеснато е дишењето и помага да се исфрли секретот. И прави и дневна хигиена со спрејче физиолошки раствор ќе и растече носе. Може ќе го исфрли
Утре точно 10 месеци ќе прави. Каква журка ми приреди синојка.Од 9 саати сигурно 4 саати висеше на цицка, буквално на 20/30 мин се будеше, стави и цицка спие. Она секако ниту една вечер до сега ми ја нема преспано без најмалку 3 будења. Ама ова ноќеска не се издржуваше. А немам срце да ја одбијам, секако слабо јаде храна и многу малку напредува последниве месеци. И само си чекам да почне да спие подобро, и си чекам, и си чекам…..
Хербифит сируп за искашлување на природна база е од 0+. Мачкај на гради и грпче Експулмо (Павле). А за носот незнам ни јас веќе за мојава. Најдобри резултати диво оригано за бебиња и ацидосалус два пати дневно. За бактеријата обавезно антибиотик.
Исти случај сме. Мојава 10 месеци и една недела, секоја вечер исто може 4-5 пати најмалку се буди секоја ноќ а некогаш и повеќе, дај и да цица за 2 минути заспана е само што ќе ја ставам на кревет ете ја повторно. Мислам дека е до скоков 7 Можно е и кај вас да е од тоа. Си помислив конечно дојде време и мое дете да почне малку да поспие без да сум во близина и ете 7 скок и цело спиење се поремети, денско, ноќно. Сите скокови се катастрофа кај мојава ама овој изгледа е најмногу
Девојки здраво … Бебе е 8ипол месеци, значи овие денови готово немам нерви повеќе, плачи вришти и само МАМАААА. Нон стоп е на цицка на вечер а сакам во креветчето да спие. Невозможно е !!! Како да ја одучам да не виси на цицка ?
Не си сама. И јас сакам да ја одучам да не виси на цицка. Веќе 5 6 месеци цело време е така, нерви немам ич, особено ноќе телото ми трпне од нервоза. Воопшто не уживам во доењето, искрено. Ако има некој совети нека пише. Истоштена сум...
Совет: да се помириш дека е така и да не се нервираш. Win-win ситуација. И кај нас е така. Читав што како да направам, чаре нема, или ја барем не најдов, и сега тераме така додека трае. Да се нервирав ќе беше многу полошо. Не може да се постира како видео ама еве линк, изгледај го, може ќе ти подолесни дека не си сама: https://www.instagram.com/p/CW4P-9DIzqA/
Ако сакаш тоа да го направиш сеуште е рано. Околу година можеш да пробаш ама ќе се спремаш за неколку непросоани вечери. Јас синко го одучив околу година и 3 месеци од што морав бев бремена со второ.
Уживам во доењето не дека не, само сакам да ја одучам од висење за да научи да спие во креветчето. Скок поминавме, дали заб е во прашање или не знам, не јади како пред 1 недела заспива во 12 на вечер катастрофа сме
Жени, бебуш 8+ последниве 5-6 дена се дере на цел глас, дури се закашлува од што се дере, го одра грлото. По цел ден се дешава ова освен ако не го занимаваме нешто и тоа му го одзема вниманието. Нема улога дали е во раце или не, и во раце се дере, оглувевме више. Во 6ти скок е и мислам дека вади заб, нервозно се чеша, све во уста, се лигави и ми одбива храна. Дали е можно дерењево да е поврзано со вадење заб, не знам кај терам више, се обидувам да имам трпение и полека му зборувам да не вика, поготово кога сме на гости ама некогаш стварно морам да избројам до 10 за да не му подвикнам и некогаш не успевам па ќе го искарам па ептен ми е криво
Od skokot ti e,si go otkrile pak glasot i mojata isto vo toj skok a ne i e pogodeno vristenje opasno davase. Posle se podsmiri ama nauci deka a vikne site ripame pa ne podjebava sea malce interesno i e
Оф леле истоо вчера тоа што го видов од неа никогаш не е била ваква во 6ти скок сме, вчера втората дремка беше со вриштење, плачење за ништооо буквално за ништо. Ја мачкав со гел да не е од забите ама ни тоа не беше, р'жи, се дере уши болат. Денес ќе видиме како ќе биде се надевам нема да го доживееме тоа од вчера Едит: мајки помагајте кажете како да менувам памперс, да ја облекувам без вриштење? Памперс веќе е премија да сменам ми бега со гол газ низ собата и едвај ја фаќам да и го наместам, се умам да земам гаќички само незнам на која фирма се добри. Облекувањето исто така ни е со молење и плачење мислиш ја колам а не ја соблекувам
Еве ме пак со добри вести. Цела ноќ преспана од 10 синоќа до 8 ипол сабајле. Онаа ноќ на 4ти према 5ти беше критична (мислам дека беше 3та ноќ по ред откако почнавме со одвикнување), стасав до степен да се откажам се разбуди 3 пати едвај ја успавме по пола саат нишкање беше и вриштење во меѓувреме. Ама си реков морам уште ден два, ако не биде ќе се откажам. И завчера изненадување, се разбуди само 2 пати, не се ни расони, само кенкаше во сон ја нишнав малку и за 2 минути заспа. Ноќеска само малку закенка околу 4 часот, ја нишнав повеќе од страв дека ќе се расони, ама мислам дека и без тоа ќе продолжеше. И во 8:30 стана без плачки, наспана и среќна. И дадов да цица, се нацица убаво, сега е уште посреќна, а мајка и е најсреќна за успешната мисија. Еве поддршка за сите што сакате да ги одвикнете од ноќно цицање, само решителност и јаки живци и бидете спремни да не спиете 3-4 ноќи. Штом ми успеа со 2 деца, големи цицољупци, гарант ќе ви успее и вас.
Bas sinoka te mislev dur cicase bebe u nokta ama mojata bas cica, so goltanje ubavo so se,ne e da povlece nekolku pati i da zaspie.
Кога читав статии на оваа тема пишуваше дека после 6 месеца бебе е спремно да ја преспива ноќта, а методот го одбира родителот. Може да е радикален, веднаш да се прекине, да се остави на чување на некој друг, на пример на баба, ама тој е потежок и за двете страни. Најдобро е прво да се намали должината на ноќниот подој на 2-5 минути, а после да се почне со одвикнување. Ако си јаде убаво преку ден не е гладна ноќе само е навика.
Леле а ја мислев вриштењето во 4ти скок е страшно. а за заебавање да не ти се верува дека те врти едно прцле, мојов кога му викаш "не" за нешто, престанува демек и после 2 секунди те гледа у очи и пак пробува да направи што наумил
Абе мојава повеќе од 10секунди ништо не ја интересира, само да скока, да лази и да се исправа сака. Неколку дена да ме спасуваше и мене мустелата за пеленски ама од што ја гризежеше и стискаше изглеа ја дупна некаде и ја видов пола уста и беше намачкана со кремот и денес и ја дадов цуцлата си играше(цуцла не цица од 3ти месец) и со неа успеав да и го сменам пеленото, до кога ќе биде интересна она ќе видиме после тоа ќе бараме друго