Не сакаше ни мојата, ама кога нема избор, а и се спие, ќе засака Инаку само на цицка заспива од кога е родена. И откако тргнав на работа не сака да спие со баба и со нишкање, т.е. дремнува само по 15 мин, додека не си дојдам јас па да заспие со цицање.
Ела де те гушнам. Заби се. Еве ја и мојава. 4 ги вади наеднаш и вришти ли вришти. Страшно. Не можам веќе да ја слушам, не знам која лудница да ја фатам . Јас и мачкам Дентинокс гел и тој многу помага, има и анестетик во него за болка. Пробај кога ќе почне така да вришти намачкај би требало да се смири.
Значи исти проблем имаме со таа разлика што мојата е 10 и пол.Дремнува без цице 15мин. Што велиш за 3-4дена ќе успеам?
Да, само да си решена, да не попуштиш. Првото го одвикнав за 3 дена (на 13 месеци), ова сега за 4 дена (скоро 7 месеца има). Тешко е, мава на психа плачот. Ќе има моменти кога ќе си мислиш дека го малтретираш бебето, дека не си добра мајка штом му го ускратуваш задоволството, па маж кога ќе те убедува дека е гладно, да му дадеш малку само да цицне. Ова посебно е изразено ако ти е прво дете. Со второто сега сум поладна, не се потресувам за ситници, ама на мм му се спиеше, а мораше да нишка па во најкритичниот момент ептен ме напна дека е гладна да сум и дала па после ќе ја нишкал
Втото ми е.Големата за 3 дена ја одвикнав со нишкање на 13м ,ама се будеше и понатаму до 2год,ама ова не легнува да го нишкаш , се дери на цел глас.Тепа ,штипи само да стане опасна е ептен,затоа ми е страв да пробам, а и од кашите не јаде повеќе од 5 лажички.Ама морам веќе ќе почнам на работа уште малку.
Пробај, нема што да изгубиш освен неколку неспани ноќи. А како цица, ја земаш ли во раце кога се буди ноќе? Мојата спие до мене во креветче залепено до спална и само се препружам и и давам, не ја дигам. Сега кога ја одвикнував само ја нишкав на газето наместо цицање. Ако се разлутеше ептен мм ја земаше и ја нишкаше во раце. Инаку и кај мене големата не јадеше ич, ама малава сега е буце и си јаде се убаво, може и по 200гр да изеде (голем филџан од браво кафе и е мерката од баба и )
Мојата исто спие до креветче до мене , ќе цица и ја оставам назад ама не сврзува повеќе од 1ч, само на цице спие подолго.Ќе биде нема бебе што не е одвилнато од цицка .
Лелеее јсс го пробав ова... 1 вечер и се откажав, премногу плачеше... се убив од плачење пред врата, маж ми влезе да го нишка и да го заспие Како да издржам? ептен сум утепана и ненаспана на 45 мин ми се буди... иначе сме 6 месеци
Мачкам и јас Дентинокс ама само моментално му помага, после пак иста песна. Денес почна носот да ми го гризе од што не знае више што со себе Периодов само на цице и на кисело млеко е, ништо не јаде
45 минути е пречесто. Пробај прво тоа да го средиш да врзува по неколку часа сон. Пред спиење ќе јаде/цица и ако се разбуди брзо ќе пробаш со друг метод да го успиеш. Кога ќе дојдеш до некои 3 пати во просек будење ноќе може да се почне со целосно одвикнување. Јас морав да побрзам да ја одвикнам оти одам на работа, инаку може ќе и дозволев да се луксузира уште некој месец, ама мојата не се будеше толку често. Вака се мачиш и ти и бебе, а тоа е навикнато со цице да презаспива и те користи ко цуцла
Твојата барем кисело јаде. Мојава шанси немаше јадење. Чим доближи до уста ја заболува и плаче и толку, нема шанси јадење. Само цицање. Денес конечно касна малце, изгледа дека и пробија сите па се смири малце.
Еве денес пак ќе пробам... срце ми се кине кога плаче ај баш ќе пишам како сме прошле. Живи ненаспани сме во мм. Тој кутриот спие во дневна зошто беба на 45 мин се буди... се тресам уште од сега, а уште не е станат
Мислам дека кога те прочитав како сама да сум го пишувала Исто ќе пишував, значи луѓе ништо не и е погодено пишти вришти не сака сама да игра не сака да јаде лиги до нозе лом. Не сака да спие ама апсолутно ништо 8++ стварно не знам што да правам избудалив, со полека не ќе и викнам после ми е криво Ако знаете што да направиме кажувате
Лајкот за поддршка, ич не ми се допаѓа иначе. Да, тоа заборавив да спомнам, какво играње сам какви бакрачи, ако сум подалеку од нето 50cm одма вришти со солзи со се, во тој црвениот период не беше ваков... Дури и во хранилка кога го ставам урла навечер ми се буди цело време со врискање, таман намали со будењата, сега по 10 пати во вечер се буди, раце ми паднаа и мислам дека се шлакнав више.
Мојата е точно 6 месеци. Пред да влезе во 4 скок воопшто не се будеше ноќе. Откако влезе во 4 скок и излезе од него се буди ноќе често и презаспива на цице. Што е најжално она е на ад, а имам малку млекце колку да се залаже. Значи се лепи на цицка само за заспивање. Цел месец сум гроги. Ај преку ден маката што ја имам и нејќе да спие тоа го замижувам, само во раце може да сврзе. Чудно ми е што до 4 скок спиеше цеееела ноќ. Не знам како да постапам.
Има ли некое друго бебе како моево? Значи шокирана сум колку не ме засака ова бебе Абе еднаш да заплачеше по мене. Мува не го лази. Ако сум тука гледа само во мене ама и да не сум тука нема гајле. Чао му викам и заминувам, тој се смее. За една недела 8 месеци ќе прави. Кај сите оди, си подава раце без проблем. Значи не е фер
Јас , еве ја скоро година ќе прави. Ич да не се секираш, поарно така. Мојава вика мама само ако нешто ја боли или е гладна.
Исто ни се случи... скроз исто. Ноќеска пробавме пак со мм... исто вриштење, пак се откажав... немам памет искрено. Јас не гроги, на чоек не личам