Абе ќути не барај беља биди благодарна што е такво Моево исто ако ме гледа ме бара инаку и без мене си седи без проблем со сестри им Изгледа годината е таква на дембелски бебиња
Да не се секираш, ќе почне И радувај се што е така. Мојава на годинка почна да цимоли по мене иако брзо и поминува кога ја оставам некаде и без проблем седи.
Бев и јас се жалела тука за мојата, иста беше како твојот, еве ја сега 11 месеци ела да те видам, 1 секунда не ме остава сама, прилепена до мене, кај татко и не оди а иначе го обожава да си играат(само јас да сум до нив) менуваат, ќе смени и твојот.
Se uci li pogolemo bebe od sise da pie? Za kratko trgam na rab, bebe ke bide od 8-4 bez mleko. Kupiv sise ke ostavam mleko ama ona ne znae da pie od sise....nekoja idea/sovet?
Јас напочеток кога немав чашка за вода купено и давав од шишето некои си 2 3 недели и не пиеше ама никакооо, интересно и беше само цуцлата ја гризеше и не се научи од него да пие а и нудев. Совет незнам каков да ти дадам освен во чашката што пие вода да и дадеш млеко. Земи од овие некапечките чашки со цефка или од 360° исто некапечка чаша, па пробај така..
Каква е таа некапечка чашка. Мојата е на ад претежно но сега сме на вкусови и вода не сака од шише. Како да и давам?
Кога ја земав на твистшејк чашата со цефка (првата слика) првиот ден незнаеше како да пие, ама и ја нудев, вториот ден почна да шмука што дури и јас се изненадив бидејќи предтоа читав како децата ги учат да пијат од цефка. Оваа вторта чашка ја добивме на подарок ама не знае да пие така ја гриза само ама и таа и ја нудам за да се научи. Убавото на овие чашки е што не течат, значи и да ја преврти нема шанси да протече вода.
Не знам како ти е ама знам како е скроз обратното бебе да го имаш... До вц не можам да отидам без вриштење, солзи, трескање од земја, а да не ти зборувам како излегувам од дома без него, на брзина колку да испазарам 20 минути, едвај на фризер отидов пред НГ, за пола саат работа да не си раат да излезеш пошто знаеш што драма ќе направи. Огромен стрес ми е тргнувањето на работа ради ова, уште не знам како ова дете ќе оди во градинка. Уживај си би ти рекла и гушкај си го бебуш.
Да така ја воведувам така е и правилно поточно два пати даваш осминка па после половина итн,исто со три дена пауза ,еднаш дадов со банана,и банана и палента комбинација. Можно е од жолчката да има реакција како мали црвени брунчиња на мешето? Прв пат кога дадов и сега втор пат исто се случи вечерта имаше па до другиот ден поминува.
Abe pie taa voda od otvorena ama uspat i plakne racete. Ama voda pie sto pie kako e raspolozena. Za mleko ne znam bas dali ke bide vaka efikasno pienjeto
Пробај бе мама, дур си дома експериментирај. Шолја, филџан, ракиена чаша. Ако не бива пробувај некапечки чашки, чашки со клунче, со сламка..
Јас користам битолско тетрапак ама за готвење само, во палачинки, лебче со банана, мафини. 7м сме. За пиење не сум дала и не планирам да дадам.
Нека и го измешаат млекото со некоја инстант каша и нека и го дадат со лажичка. На пример фритолино, чоколино...И мојот не прифаќа шише иако на почеток немаше проблем. Сега кога не сум дома му прават ретка кашичка измеѓу оброци и му ја даваат. Али тоа само кога сум отсутна, во спротивно си цица
Мамички ве молам за помош/совет... Избезумена сум, така да секој совет би ми бил добредојден. Малото ми има 1 месец и 12 дена. Денес бевме на контрола, супер напредува. Но на пупето ни рекоа дека има мала кила. Му се испапнува кога се напнува. Има многу насови и грчеви. Ми рекоа да ја следиме да не смени боја, за да не дојде оперативно да се решава. Ве молам кажете некој совет/искуство било што
Кај машките често се јавува, и на моја блиска бебето имаше, само од себе се повлече. Треба некој период да се следи, ако има промена однесете го повторно на др, но не правете оперативен зафат веднаш, консултирајте се неколку пати ако треба.
Имате појаси по аптеките за кила на папоче кај новороденче. Исто така и стегнат памперсот преку папоче може.