Толку јадеше и мојава на 6 месеци. На 7 и пол почна повеќе. На одмор бевме тогаш среќа имав повеќе кашички земено. Ќе почне да бара млеко прво на еден час, потоа на 2. Некаде на 9 месеци почна со 200 грама да јаде. Не мора да форсираш. Има некои бебиња од почеток јадат по 120 грама некои не. Мојава има година скоро па ќе и дадам едно смоки ако и се јаде ќе го изеде ако не ќе го мафта во рака и ќе го расплеска само. Не се секирај ќе почне да јаде повеќе и ќе намалува на млеко.
Дојдов да се жалам малку. Дали и вашите бебиња се лепенки? Леле ја не знам што ќе беше ова. Демнач имам луѓе само лази по мене. Со татко и седи по мене писка. Ќе ја ставам да си игра, јас у кујна нешто или јадење или садови, ја слушам цуп џуп ете ја у кујна по мене. И тука си седи си игра или се исправа по мене и квичи да ја земам у раце. Цело време ме следи да не и се изгубам од поглед . Ја стварно не знам како ова дете ќе тргне во градинка
Леле не да ме бара, тагува со солзи по мене. Не знам како ке се оди на работа. За грев се. Пробував неделава по 10 мин да ја навикнувам со жената што ми го чува поголемото, дека ќе мора и бебево на некој саат да е со неа, мислиш со Баба рога седи. Ич не ја сака, само што ќе ја види плаче. И не сакам на работа да тргнам, породилново ептен ми годи, дома со бебе најубав период, ако се лепенки период им е знам, ама паника не фаќа нас мајкиве. А за градинка не знам, кога поминувам само женски деца плачат мислиш ги коли некој, машкиве не толку. Немав проблем со градинка, ама со машкото, со девојкава ќе видиме. Ќе помине, не се секирај, горе доле сите се такви, поготово ако е сама со тебе дома. Тогаш повеќе не бараат
Иста е мојата 11м.Ќе отидам во веце отвара врата како шериф и вика де(ѕе).Големата исто беше.Ќе седнев на масата да јадам или нешто друго и ќе дојдеше со играчките и си играше под нозите, сега го гледам и ова сака да е поблиску до мене. Сигурност бараат, ама ќе помине мајка да преодат само, посамостални ќе станат.Ама мачни се.
И јас го пријавувам мојов батко во клубот на лепенките каде и да сум ќе долази до мене со трогателно кенкање и ко ќе го земам ќе се оцери
Уф почело и кај нас. 10 минути максимум седи кај други, можеби малку подолго кај татко и. Инаку писка по мене. И вика мамааа со крокодилски солзи. Ако ме види дека излегувам низ врата, целото се избезумува. Уште малку тргам на работа, ама не паничам. Ќе мора да свикне, тоа е...
Не сакаш верувај некогаш јадење не можам да и направам од што е лепенка убаво ми е де, не дека не ама некогаш стварно ти треба нешто да направиш и нема шанси. Преку ден со неа у вц одам, со неа кафе пијам, све со неа правам. Дури и во количка кога шетаме пола пат сме свртени напред пола накај мене зошо ем сака да гледа ем мајка и да не избега Него ај друго да ми кажете поискусните мамички. од кога ги ставате на нокшир? Некои ми викаат од кога ќе почнат да седат, некои од 9м некои од кога ќе биде спремно? Искуства? Кога е "најдобро"?
Големата почнав некаде од 10 м. Ама чисто да го запознае нокширчето. Некогаш седеше, некогаш не. Ама битно беше во близина да го гледа. На 18м го тргнавме памперсот. Така планирам и со малово. За нокширот, не за трагањето на памперсот. Тоа ко ќе биде спремно
I mene me zanima kako ova bi se praelo...sednuvas bebe i cekate da se izmoca/iskaka? Jas odam na rab realno mn malce vreme ni ostanuva doma 4.30 dokaj 7.30....
Здраво мајки Ние сме 7 ипол месеци малата несака да седи само сака да се врти во круг, го дига газето се лизга наназад.Кога ке ка наместиш да седне ќе поседи малце и тргнува по некое играче. Ако лежи лога ќе о ги подадеш рачињата не седнува одма на нозе станува. Некој да сподели ако имал вакво искуство
Иста беше и мојата. На 7 и пол не седеше и баш си викав ако не седне до 8 ќе одам на ортопед да видиме што е како е. Утредента си седна сама онака ко секогаш да седела. Така да не се секирај кога ќе биде спремна ќе седне.
Мами, До кога трае ова истражување глас на бебе? Значи јас не знам како не ја боли грло од толку пиштење, кога ќе пушти едно high pitched викање увото ми зуи отпосле. Како станува насабајле нема стоп Па ако некој не ја приметува се закашлува намерно и ако ја погледнеш се смее, јас пробав да и вратам неколку пати мене грло ме здоболе, она гајле нема.
tell me about it. На околу 6 месеци имаше можда една недела кај шо цело време си пиштеше. Од тогаш навака некои денови пишти некои не
Колкаво е? Моево цел 6ти скок го изнавика, со дерење нон стоп и прекина неколку дена откако излезе од скокот. Иста фаза со понизок тоналитет само имаше во текот на 4ти скок, после тоа се нормализираше
Тоа е, исто беше, секаде и секогаш се дереше, на нерви мава знам ама ќе помине чим заврши скокот. Јас се обидував да му покажам како тивко треба да ни каже ама палеше 1 минута наученото од лекцијата
Мајки Здраво, незнаев каде да пишувам во која тема,па ајде тука, секако се работи за 6 месеци бебе.Се однесува на мајките во Германија. Како ги лекувате таму вашите дечиња малечки па и големите? Одлучени сме со маж ми ке одиме, роднините што ни средуваат, велат овде освен парацетамол не даваат ништо друго.Секогаш вели дека нејзиното дете овде било нон стоп на антибиотици, како отишле таму воопшто никогаш не пиел,исто и со другите две таму родени.Имам слушано и од други за оваа. Значи моето малечко е 6 месеци до сега 3 пати на антибиотик Првиот од болница кога излеговме не испуштија со цефалексин ради ЦРП покачено. Вториот пат на 3.5 месеци фати Бронхиолитис, па не задржаа во болница ( инекции антибиотски) Третиот сега на 6 месеци кога фативме сите ковид па и оно.Сите брзо се издигнавме кај него беше друго,црвено грло почна, па сумамед пиеше имаше 48 ЦРП, го испи и се чинеше добар за 2 дена почна да кашла, ЦРП уште високо 36 други вредности сите ниски рекоа вирусот е таков ( не го тестиравме) и го остави матичната така и после 2 дена спуштил на гради И пак го вратија на сумамед уште 3 дена и инхалации.Срце ми се скрши ајде само нека биде добар си реков. Ама дома кога си дојдов си размислив како ние ке бидеме во Германија кога децата не ги лекуваат така како овде.Антибиотик скоро и да не даваат Страв ми е ако вака секогаш спушта на гради на секое разболување.Маж ми вели мене тоа ме и замислува.Јас сега сум многу блиска со матичната нон стоп и пишувам, и се јавувам, а таму ми вели он нема да го имаш тоа, а знае дека сум паничарка страшна. Сакам да знам како е таму некоја мајка што е таму да ми објасни, зошто стварно незнам како би