Моето е уште мало, 9 месеци, ама освен свеж воздух, здрава исхрана и два пати парацетамол чепче, поради тт од вакцина, друго немаат дадено. Ништо од тие додатоци што се пијат кај нас, нема. Само Д витамин до годинка и јас како мајка пијам јод, бидејќи цица моето. Имам пријателка, нејзиното е 3 год, пред некое време прв пат му дале антибиотик поради бактерија, ептен немале избор. Крвна слика кај бебе, па и кај возрасен - што е тоа Читам кај нас крвна слика и пред вакцини се правело, тука нема ништо такво, барем со моето досегашно искуство. Исто кај ортопед не сме пратени, на прв преглед имаше бебле ехо на колкчиња, што му го направи педијатарот, се беше ок и толку. Од друга страна, јас имам лош вид, носам наочари и одма ни закажаа термин за малото, тоа ти го кажуваат на прв преглед и согласно дали си имал проблеми со вид во фамилија или како кај мене (најмногу од компјутери), закажуваат на 6 или 12 месеци. Имам другарка кај нас, што пола фамилија и носи наочари и она сама примети дека детето (скоро 2 год) не гледа убаво, никој не и посочил да го носи на очно. Имаш задолжителни У прегледи, што се обавуваат во точен временски период од животот на бебето/детето до кај 12та год некаде. Таму гледаат како се развива, доколку нешто не е како што треба, те праќаат на дополнителни испитувања. Различно е, ама така функционираат и едноставно се навикнуваш. Еднаш кога прашав за моето што беше подзатнато, што да правам, ми рекоа - донеси го, само ако не може да јаде или да спие И една ноќ навистина не можеше да спие, му извадив едни зелени лепливи мрсули, кога го однесов, рекоа - ќе биде затнат уште 2-3 недели, ќе помине. Пази да не ми дадоа нешто Од друга страна имав ситуација со мене конкретно пред неколку години, каде што матичниот на некоја регулар проверка (исклучиво со раце и евентуално диши - не диши ), па нешто околу срцето му падна чудно, за 2 мин се најдов во друга просторија во неговата ординација со опрема каква што прв пат гледам, одма ме приклучија на некои апарати, па проверки на срце и што ти не. Да ми кажеше некој дека мојот матичен има таква опрема, ќе кажев - нема шанси. Имав ситуација кај што се лизнав во када и откорнав нокт на нога, ми препиша матичниот парацетамол Ама па од друга страна толку се одвикнав од пиење апчиња, додека живеев во Мк патев и од мигрена и кафетин ми беше нешто што морам да го имам. Овде чудесно исчезна мигрената (дали е од воздухот, не знам) и по апче посегам еднаш можеби во 3-4 месеци. Парацетамол Сакам да кажам и моето убедување е дека не прават ништо без реална потреба, но доколку има потреба и тоа како имаат стручни лица, апаратура и одлично здравство. Тоа контактирање доктори приватно, барем со моиве доктори не постои. Си имаш работно време, се јавуваш, закажуваш термин и одиш/носиш дете. Во исклучителни ситуации имаш дежурна болница навечер. Ова е моето досегашно искуство, верувам дека и тука е насекаде различно.
Ќе се навикнам и јас.Ќе морам.Големото ми порасна со антибиотик на секое разболување, со малото пак уште од 3.5 месеци на антибиотик, а секако го бројам и тој коа беше новороденче, и до ден денес незнам зошто го пиеше демек ЦРп високо имал. Сега и со ководов одма на сумамед 6 месеци е. Според мене добро е што така работат, овде се злоупотребуваат анитбиотиците.Се случи кај поголемиот од ракав да му препишат антибиотик, за црвено грло што најверојатно беше од вирус и ке му поминеше.И ајде јас они доктори сигурно знаат му дадов, пред тоа му зедоа брисеви од нос, и испадна бактерија, па ајде уште утрето одма друг антибиотик детето се отру од анитбиотици. Ама малото ме плаши до сега 2 пати има спуштено а некои викат дека еднаш ако спушти, на сркоја настинка така ке биде И знам кога сум правела муабет со блиски во германија ми велат, за грло има лижавчиња, парацетамол за температура и проспан сируп ако кашлаат.Ништо друго немат дадено на нивните деца,а близу се на возраст со поголемиот мој.Незнам како би живееле ние таму, страшна паничарка сум и на температура кога качува, и на секоја температура овде одма крвна слика.Малото за 6 месеци, 6 пати до сега крвна слика со тие пред вакцина и болести.Некогаш и јас се замислувам што е многу многу е.И баш сама се прашувам, како ги лекуваат децата во другите држави, и како ке бидам јас кога сме научени на овој начин. Црвено грло, дали вирусно или бактерија одма антибиотик
Cist vozduh, zdrava ishrana , setanje na ladno ...od doktor mozes da dobies kapki, nekoj sirup za kaslica ako mnogu kasla i paracetamol ako tt e nad 38.5 stepeni. I sekako inhalacija ako smetaat deka e potrebno.Krvna slika i crp dosega nemaat provereno 2 godini e inace moeto.Otkako trgna vo gradinka cesto i se razboluva voglavnom taa e metodata.
Верувам дека тука влијае и карактерот на човек и нашиот скептицизам спрема здравството, што си го носиме во нас. Реално на доста познаници овде, наши Македонци, овој начин и не им се допаѓа многу. Можеби сме навикнати на лекарства, можеби сме попаничари, не знам што да кажам, можеби се плашиме од лекарски грешки... Мене лично овде здравството и лекарите никогаш не ми потфрлиле и не ме праќале од врата на врата, за бесконечни дијагнози, ми се покажало дека секогаш кога имало нешто посериозно, веднаш се уклучува аларм, што се вика и се наоѓа проблемот. И кај мене и кај сопругот. Бебе е уште мал, од април ќе почне во градинка, ќе видиме таму како ќе биде и дали сеуште ќе мислам вака.
Здраво мами, дали знаетр за некоја игротека каде што можам даноставам бебе на саат два да си игра, они да го анимираат, јас да завршам работа што имам, исто од таму на лап топ?
Пред 18м детето го нема развиено тој рефлекс (или како и да се викаше) па веројатноста е мала дека ќе го одвикнеш. Точно ти кажуваат родите.Нема овде ало докторе си има работно време од кога до кога.Подле тоа се оди на итна во болница и си чекаш ред нек8гаш дури и 4 ч. Мојата голема од 14 м оди на градинка и беше преку една бедела болна, сега е 5,5 години и до сега има пиено 3-4пати антибиотик ради болно уше и еднаш од мк доби антибиотик. Терапијата е капки за нос, шируп и многу течности, ибупрофен во случај на температура и толку.Добиваше како помала за спуштено на гради салбутљмол капки за инхалација и орално и тоа.На др одам само за да пише оправдување за да нега на дете инаку не морам да одам си ја знам терапијата. Исто и со малата , секој месец е болна од дада и освен капки за нос ништо не е добила, ако е бебе( 11м). Не се сеќирај ќе свикнеш. Ние е во Мк сме пренапорни чиниш доторите во сопственост ни се па ќе го гнавам, а не дај боже да не ми одговори ау на гилотина ќе го ставам.Чиниш они немаат право на одмор и на живот. Иако вака лечат тукашните шашаво јас им верувам максимално и потполно. Кога ние бевме од ковид болни бебето ми беше 2 недели.Се јавувам во брза помош да прашам дали да дојдеме оти имаме симптоми на настинка , а не сме тестирани и бебето ми шмрка и плака многу.Ми рекоа седете си дома масирајте му хо мешето грчевите почнале.Не отидовме стварно беа грчевите.
За колку време минува лепенка фаза? Фластер?Не можам во веце да идам без таа да дојде, не дај Боже да затворам врата, писка вика. Исто сами со големото да излеземе нема шанса мора и таа да е со нас. А не спие ич денски и ништо не можам од неа.
Isto i moeto. 6 meseci sme probuvam da go istavam da lezhi da sedi samo mu davam glodalki sedi 5-10 min i posle mu teknuva deka e sam i vika Ne znam shto da se pravi a za 3 meseci na rabota ke trgnam. Onaka sedi nekogash so baba so tatko mu ama ne e toa toa se vrti me bara
Здраво дали некоја мајка се по качила со високо AST? Реф. Вредност 15-37,кај нас е 55. Иначе имавме и стомачен вирус.
Еве моево 2г и 3м има,уште заедно си одиме во вц и крева паника кога ќе излезам од соба како во Америка да сум отишла
Знам дека е нормално, но да прашам дали сме единствени Ќерка ми е веќе 6 и пол месеци, кога седи и кога лежи, дури и кога цица телото ѝ игра, значи и кога е во место, телото игра како гасеница, горе долу. Познато ви е? Сигурно се спрема за лазење или не знам, секој дел од телото ѝ мрда
Не сме уште 6 (за некој ден), ама исти сме скроз . Само кога спие е мирен, иначе како на батерии е цело време. Почна веќе да лази војнички. Spoiler испаѓа како да те демнам низ темиве, стално ти реплицирам, ама то је
Еве ја и мојата. Скоро 8 месеци, мирна е само кога спие. Иначе нема застој, мора да се мрда уште во стомак таква беше
Од кога беше во стомак преташе, уште не е прекината. Јаде прета, спие прета, се бањаме прета, мењам пелена, прета. Како машинче да има во газето, не и застануваат ноџињата
Мами и моето е помало, и уште малку ќе полни 6 месеци, ама еве и јас ќе пишам. Пред некој ден почнав да пишувам пост, не знаев убаво да се изразам и да го доловам тоа што го сакам па се откажав од пишување. Во кратки црти ти го пиша тоа јас што сакав, а не успеав . Значи скроз исто Не сте сами и во ова, како и во многу други работи
Темпераметни деца си имаме бе, шо? мм вика блазе си на воспитувачката во градинка што ќе треба да ја пресликува
Мене ова ми личи на дерматит,ќерка ми имаше под лактот во поблага форма, со биодерма атодерм се повлече. Како и да е нека потврди педијатар.