Совети, искуства од мајки за бебиња од 6-12 месеци

Дискусија во 'Бебе' започната од francais, 16 јануари 2013.

  1. TIGARCE86

    TIGARCE86 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 ноември 2012
    Пораки:
    1.441
    Допаѓања:
    2.598
    Пол:
    Женски
    Мила @green.eyes и јас κаκо тебе немам ниκој да го чува освен мм,моите се во Бт.золва ми си оди на смени пρва втоρа многу ρетκо и го оставам,аκо имам нешто итно на болница или на гинеκолог да не го носам со мене,свеκρва ми е почината и затоа и е толκу пρивρзан за мене κаде јас таму и тој :D
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  2. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Мислам дека се смири. Еве легна во 22 и воопшто не е разбудена. Последниов месец не е ова случено.
    Мислам дека ипак беше до стомачето. И купив сируп на природна база. Како сок за растварање е ама црн.
    @ubavka1 сирупот се викал Lass2.
    Одма се смири откако го испи. Најверојатно има некое дејство за да прорботаат цревата. Упатството е многу кратко и пишува само дека ја забрзува работата на цревата и е природен омекнувач на столицата. Може да се користи постојано како додаток на исхрана затоа што е сосема природен сируп без никакви додатоци.
    Знам само дека мм и дал после ручекот и јас и дадов вечерва и одма почна да испушта гасови. Прди без престан а и два пати искака нормално.
    Инаку за сите мамички кои имаат проблеми со бебушките со тврда столица, да знаете дека сирупов се користи од два три месеци нагоре.
    @joy1 заборавив да ти пишам дека не се жали на болки. Не плачи преку ноќ туку цела ноќ се будеше како нешто ја мачи и ќе ги собереше нозете.
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Мајки ве молам за совет.
    Веќе месец и половина ќерка ми ептен слабо јаде. Ретко се случува да изеде три оброци дневно.
    Јас веќе губам трпение. И тоа што го јадеше колку-толку, веќе не го сака.
    Вчера за цел ден изеде само 100 гр кашичка на фрутек и тоа и беше за цел ден. Ручекот и вечерата еднаш ги проба и потоа ни за жива глава не сакаше да отвори уста.
    Ми е страв да не и ослабне крвта.
    Незнам ни јас веќе што да и спремам за јадење. Зеленчук и житарки воопшто не сака. Овошје само и тоа минимално.
    Од бебе што јадеше се со сласт, сеганишто не сака.
     
  4. ubavka1

    ubavka1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2013
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    785
    Да не вадите забче бидејки тој период често децата одбиваат храна или пак незнам дали даваш уште блендирано или пасирано бидејки син ми преку нојк како да престана да сака блендирано и сега си јаде пасирано дури и месото самоо со вилушка испасирано го јаде, пробај така или пробај банана само мегу прсти сплескана и дај му ја син ми така најповејке ја јади а пасирана не ја сака.
     
    На НаталиЛили му/ѝ се допаѓа ова.
  5. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Нема шанси да јаде ако не е блендирано, се дави, плука. Житариците што ги јадеше порано (нели тие и кога се блендирани пак се осеќаат) сега нема шансибда ги јаде. Сака ептен течно, лапни-голтни што се вика.
    А забче имаме ново баш вчера го приметив. Ама ептен долго месец и пол, ептен многу ми дојде. И порано забушавала, ама 2-3 дена до 7 највеќе, а сме ваделе и по 4 заби наеднаш. А сега едно и толку време.
    Дај боже да е забот во прашање.
     
  6. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Мајки не најдов соодветна тема па тука пишувам.
    Решив на Благовец да ставиме обетки, читав,читав искуства и излегува дека помали подобро поминуваат.
    Кажете ми за негата после тоа, што да ставам? Или ќе ми кажат кај што ќе ги ставаме.
     
  7. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.030
    Допаѓања:
    37.348
    Пол:
    Женски
    И ние ќе ставаме обетки тогаш.
    Јас сакав да прашам каде да ги дупнеме ушињата? Или... било кој дуќан во златарската уличка во ГТЦ ќе ни заврши работа :?:
     
  8. leona83

    leona83 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2014
    Пораки:
    2.548
    Допаѓања:
    1.980
    Пол:
    Женски
    Па ќе прашаме кај ставаат...а може и попладне? Ваљда може ако работат до 20.00 ч.
     
  9. Rabbit

    Rabbit Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 септември 2012
    Пораки:
    2.265
    Допаѓања:
    46.293
    Пол:
    Женски
    Јас сакав да и ставам на малата обетки уште како помала кога беше ама се плашев зошто она спие на стомак. Не знам дали на почетокот би и пречеле или болело кога ќе спие? :?: Ама се решивме некако и ние на Благоец со обетчиња да бидеме :)
     
  10. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    20.213
    Допаѓања:
    329.964
    Пол:
    Женски
    И ние во вторник ке ставаме обетки.Се надевам нема мн да плаче :)
     
    На LaDyDoLl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    Вечерва за прв пат качивме температура. Цел ден ништо не и беше. Вообичаено.
    Кај 21:30 ја легнав да спие и не сакаше никако да ми ја пушти градата. Цел час седевме така, за по еден час да се разбуди. Случајно ја допрев за образот, и гореше.
    Не можев да и мерам темп никако не остави, а и мене ми беше страв да не го скрши, па поголема беља да направиме.
    И мерев со оние како трака што се, од аспирин. Ама не ја кажува точната темп. Само дека е благо покачена.
    И дадов 4мл парацетамол. И сега пред малку заспа. За 4 часа пак планирам да и дадам, ако е сеуште жешка.
    Челото и едниот образ и се жешки, а другиот не:?:
    И градите и се топли.
    Сабајле обавезно на доктор. Само ме мачи што не ја знам точната температура. Требаше некако да се обидам да и мерам.(facepalm)
     
  12. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.055
    Допаѓања:
    1.182
    А да се пбидеш додека спие? Јас не би одела на варијанта да спие бебе без да му знам температура. Ако ти е страв со живин уште утре земи дигитален, ем побрз е.

    Со лесно и брзо да помине.
     
    На НаталиЛили му/ѝ се допаѓа ова.
  13. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    @НаталиЛили ќерка ми не јадеше цел месец. Не ти зборувам за еден или два оброка туку воопшто уста не отвараше. Ама баш тој период ги вадеше четворките и колку и да притискав беше за џабе.
    Крвта и остана супер и кога излегоја запчињата пак почна да јаде.
    И температура може да крене од тоа.
    Ама ипак оди на лекар за да проверат грло

    Јас сум против обетките. Не знам зошто ама многу ми пречат обетки на малечки дечиња.
    И врзувам кикици и си и носам розеви бои а ушите нека си ги дупне сама кога ќе порасне. Што па бебе со обетки како божем задолжително е....Како теткици ми изгледаат сите малечки со обетчиња.
    Тоа е мое мислење
     
    На НаталиЛили му/ѝ се допаѓа ова.
  14. НаталиЛили

    НаталиЛили Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2014
    Пораки:
    1.389
    Допаѓања:
    8.354
    Пол:
    Женски
    И јас не сум за таа варијанта. Еве ја само се превртува, а јас само ја чепкам за чело. Малку е подобро, не е толку жешка. Се надевам брзо ќе помине.
    @anina и кај нас се изгледа забите. Еден и излезе, уште еден треба. Највеќе мака видовме со двојкиве долу. Четворките сите одеднаш ги вадевме и не беше волкку проблематично.

    Можно ли е да има температура од забите? Зошто ни кашла, ни нос и тече, ни пролив, ни повраќање. Само температура и црвени обравчиња.
    Аман нека никнат веќе и раат да си бидеме.
     
  15. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Малечката се нервираше и не јадеше па дури и и помодре непцето каде треба да излезе забот, ама Т не качи ни еднаш.
    Син ми па беше супер ама една недела пред ваѓање заб креваше темперетура до 39. Одма знаев што е и давав само Парацетамол.
    Секое дете засебна приказна
     
  16. Nova

    Nova Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    1.055
    Допаѓања:
    1.182
  17. snegulkata

    snegulkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.875
    Допаѓања:
    28.595
    Мила, знам дека си грижлива мајка, посветена на своето дете...среќни се децата кои растат покрај таква мајка. Но, кога-тогаш ќе се доведеш во ситауција да треба да го оставиш некому, на кратко или на подолго, без разлика, важно ќе ја имаш таа потреба. Можеби не си жена која сака забави, но сигурно си жена која некогаш ќе оди на работа, ќе оди да ја среди косата или ќе испие кафе со некоја пријателка. Зборот ми е, некогаш ќе имаш потреба да го оставиш, па затоа барај решение. Ако е стрината единствена опција, тогаш потруди се да ги ,,спријателиш,, повеќе со син ти. За вас да ви биде полесно, не за друго.
    Искрено, добронамерно ти коментирам, се надевам ми ја разбра поентата. Убаво денче! :*
     
    На joy1, TIGARCE86 и janula им се допаѓа ова.
  18. zuto

    zuto Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2014
    Пораки:
    3.890
    Допаѓања:
    28.549
    Потполно се согласувам, веќе се јави таа потреба од чување на малиот како што веќе кажав претходно. Стрината е единствената опција на која можам да се потпрам , но проблемот е што има здравствени проблеми и не може да крева тешко и да се наведнува многу. А мојов е во фаза на проодување, трча, па сака де в раце- де на земја. затоа не сакам да ја оптеретувам без потреба. Друга опција за чување немам. А кој не би сакал да го остави барем на саат време детето и да заврши некоја работа или пак да одмори? Особено тој што е фул тајм со детето знае колку значи некој да ти го причува. Барам опции за некоја следна таква ситуација...

    Фала на советите, се разбира дека ти ја разбрав поентат, само во мојот случај е тоа малку комплицирано :) имајте и вие убав ден.
     
    На LaDyDoLl, mila25ve и snegulkata им се допаѓа ова.
  19. PUPICA

    PUPICA Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    3.027
    Допаѓања:
    97.226
    Пол:
    Женски
    Majki da ve pozdravam,utre pravime 7m pa ke staneme poaktivni vo grupava :)Imam dve prasanja.Koga pocnavte da ucite da piete od casa so klunce i voopsto dali e preporacliva taa casa.I me interesira sto mislite,ima li prostor za griza,palcinjata na sinko otkako e roden mu se postojano vaka,krenati,go preklopuvaat prsteto do nego :^)|( IMG__20150494__111259.jpg
     
  20. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.202
    Пол:
    Женски
    Да ви споделам искуство со обетките, гледам многу од вас утре ќе ставате :sun:
    Ние ставивме пред месец дена, во златарската уличка во ГТЦ, ни рекоа мачкање со хидроциклин барем еднаш дневно и вртење на менѓушките во круг. После една недела престанав да мачкам, скроз и се Ок ;)
    Плачеше само десетина секунди после бушењето, излеговме од дуќан веќе смирени.
    Во спиење не им пречат, немајте гајле, плус се малецки бебешки медицинки.
     
    На leona83, joy1 и Rabbit им се допаѓа ова.