Не би се секирала за вода, знаат колку им треба. Мојава летоска имаше 6-7 месеци и пиеше 150-200 мл вода и сметав дека е многу, ама кога и да пробам да и намалам плачеше. Сфатив дека водата не и менува оброк ни млеко и ја оставив , октомври некаде намали, сега пие околу 100 мл. Знаат колку им треба.
И ние сме таа возраст, исто не сака вода да пие, но и никакви други течности освен што си цица. Па би сакала да знам дали е тоа нормално?
Кај нас нема воопшто ред , секој ден различно станува па незнам до колку часот е идеално за појадок? Ние имавме проблем со пролив па одложив и здравје утре сме на педијатар и ќе почнеме од петок Ние сме 6+
Мајки кога почнаа да ги пружат рацете да ги земете и да ве гушкаат и да седат сами стабилно? Ние сме 6+ и сеуште ништо..
Накај 8:30h. Еј трето дете паметиш кога седнало , јас немам поима , ама изгледа 8 беше. Имам книга како радосница се си запишувам таму .
Може кашичка со ад млеко да ја блендирам? Пример овесни снегулки накиснати со ад млеко да отстојат и да блендирам? Допирот на сечилото со млекото да не е проблем?
Како блендирате пример јаболко? Имам рачен блендер ама тоа да во ставам во тенџерчето каде што се вареше а претходно истурам вода така?
Дека е мала количина ставам во тесно мало садче/чаша или тањир плус од водичката повеќе ставам дека само потечно јаде и блендирам со рачниот.
Мајки ние вчера бевме на педијатар, качивме само 160гр а иста должина е од 5ти месец кога бевме а сега сме 6+ .. 9280гр и 68цм Дали има простор за паника? Педијатар вика нема никаква паника, тоа било најнормално ама да си слушнам и уште едно мислење
Нема паника мајка. Супер килажа имате. Кое помалку кое повеќе ќе става сега. И Ние сме во првата група