На 6 воопшто и не ја седнував, откако ми даде дозвола ортопедот дека колкчињата се во ред почнавме со седнување на 7, а стабилно почна да седи од 7 и пол, брзо го совлада седењето. Ако сте поминале преглед за колкчиња и ако се развиени јадрата, слободно седнувај го, ама по малку, не го форсирај. Мојата е сега 10 месеци, не пружа раце за да ја земам, туку ги поткрева лактите, ми дава простор да ја фатам под мишки и да ја кренам, ама тоа го прави кога знае дека ќе ја кренам, пример кога ќе види дека ја тргам масичката од хранилката и се мести за кревање. Ако сака да ја кренам ми се беси за нога или ако седам до неа планинари по мене дури не си се намести да ја држам в раце. На 6 месеци немаше абер за вакви работи.
Пробај со обична чаша. И мојата не сака. Ама од обична пие. На почеток лижеше како кученце, ама со тек на време се усоврши. Уште се потураме, оти тешко е да определиш колку да ја дигнеш чашата кога даваш на друг, па дури и да е воздрасен, а не па бебе. Вчера купив од магичната чаша на Нук. Ама некако не ми се допаѓа. Ја пробав јас, треба да влечеш и тоа јако и пак пушта малку водичка. Јас би се уморила да пијам од неа. А не е ефтина па да пропадне, 600 и кусур денари е. Си велам на бебе најверојатно ќе му требаат месеци дури научи така да влече, па да ја користи. Му ја оставив полна на земја, игра со неа, па може ќе научи, ќе видиме.
Од дамна немам пишано тука, изгинав со двете Сега дојдов да се жалам. Малата направи 8 и пол месеци ,и излезе забче пред некој ден а вчера видов и горните кецови. За беља крена температура вчера и синоќа цела вечер. Доктор ќе рече нема врска тоа со забчиња. Немам кај да ја носам Охрид знаете нема детско па и викенд се погоди и ќе чекаме до утре . Е сега што сакав да ве прашам. Не ми јади ни вчера ни денес ама нииииштооо . Од три оброка се сведовме само на доење. Се плашам да не ми одјади, да не и се упропасти цел ред. Дали ќе се врати во нормала? Има некој со слично искуство ?
Нормално дека ќе се врати во нормала само да избијат забите. Пак си нуди ти јадење и две апки да апне ќе биде добро.Цицето ради утехата го бара.Незаменливо е.
Пред околу 1 час и се појави осип само на стомачето и грбчето. Ништо немам поразлично направено последниве дена. Од што може да е искуство некое?
И јас на тоа помислив. Од жешко да не е. И веднаш ја расоблеков. Не е многу али по куси ја оставив сега.
Најсоодветна ми се виде темава за прашањево. После воведување доручек и ручек, колку подои дневни имате? Мојава јаде убаво и меѓу јадење, 3 спиења, некако опаднаа дневниве подои, 3 останаа.
Во мај ќе наполни една годинка, па здравје преку цело лето планирам полека полека на нокшир да ја ставам секако лето ќе биде и мислам полесно ќе се навикне. Не планирам да ја форсирам ќе пробаме ако има успех тераме, ако не кога ќе биде спремна тогаш.
Да ми прави друштво некоја мама со бебе 7+ што одбива млеко, а и кашите со молење, едвај мала тегличка! А и со килажа стагнира, нормално нели..по 150 грама месечно . Ни се изгуби редот и со дремки и заспивање, а со тоа и јадење.
После една година колку да го запознае а за другото ама ќе си покаже кога му е време. Нема потреба од форсирање.
Да ти дадам еден глупав совет кој мене ми помогна. И мојава не јадеше на почетокот и и пуштив песнички на телефон да гледа и почна да јаде. До тогаш бев како тебе , секој оброк мене ми се плачеше. Откако почна убаво да јаде малку по малку и намалував. Сега веќе има година и јаде убаво. Не е убаво знам, ама мене добро ми дојде, најадена беше и јадеше за 5 мин. Во ниеден друг случај не и давав да гледа , освен за јадење, па почна да ја врзува храната со песнички. Сега кога јаде, сама пее, не ни треба телефон. Да напоменам дека и телевизор не пуштаме ако е она во соба, ниту ние користиме телефони, музика да.
Здраво ,каква перничка користите , јас до сега не му ставав веке е 1 година и сакам да му купам па да ми препорачате
Маж ми обично купува во Теоса месарата (најблиску ни е) но ако е свежо. Сум давала: - динстано - ситно сецкано за во болињезе сос - ситно сецкано за чорба грашок - ситно сецкано како додаток во пире од компири - блендирано како намаз за лепче *Моево е скоро 9