Моето бебе ги пиеше овие капки од третиот до шестиот месец, така што сигурно може и на 9 месеци. Инаку, му давав по 3 капки еднаш на ден после јадење.
Бебе се доџапа до картонска опаковка од чоколадо и брцна во уста. Одма го видов и му ја земав мислам дека не каснал од хартијата иако беше разлигавена а и во уста не успеав да видам нешто. Ако случајно каснал има простор за паника или ништо нема да му е?
Ништо нема да му е Јас малово го допазив и пак ке најде некоја тетратка од сестри му и се нешто во уста става
Како ви спијат бебињава, што размислувате за перниче? Јас не ја ни покривам, се откажав и од тоа. Ќе ја ставам на една страна од креветчето , на скроз друга ќе ја најдам сабајле. 1000 пати менува позиција , некад и седната знае да заспие. Се плеткаше во ќебенцето, па после плаче сите и се виновни што не е наспана. Ако ставам перниче не верувам дека ќе го искористи
Колку време трае периодот на нејадење во тек на вадење заби? Излезе едно запче ,а јадење никако не сака ништо не јаде
Јас имам таква нејадачка кога вади заби. Првите кога ги вадеше пошто беа 4 наеднаш и горе и доле 2 недели не сакаше ништо да јаде. Одвај по едно залче. После таман почна убаво да си јаде, почнаа горе двојките да и излегуваат и сега пак не јаде. Еве втора недела веќе. По 2-3 залчиња само.
Дали меѓу доручек и ручек имате цицање/млеко? Или може последователно да дадам доручек па после ручек, а после ручекот да си терам млеко?
Да ние измеѓу имаме еден подој. Ако во 7ч цица станува во 9ч и доручекот и е во 10ч,потоа околу 12ч цица и заспива,во 14ч има ручек и до вечер цицање на 2ч.
Никакк ред да фатиме. Ич не сака млеко/ад. И воопшто не ни плаче од глад, ако не ја понудам јас да и дадам.
Да , моето е на 2-2:30 часа од сабајле а попладне хаос Па моето јадеше и после пола саат или саат му се спиеше веќе Ќе се воведе ред ваљда
Можеш оти да не. Ние имаме доручек, па дремка, па кога ќе стане цица, па дремка па ручек. И кај нас е ако му дадам да цица ќе цица, сам не бара
Има 3 дремки од 30 до 50 минути, во цел ден и се собира спиење од 2 до 3 часа. Знае да направи и 4та дремка пред спиење од 20 мин. како малку да се освежи.
Кога почнува да кенка за спиење во тие 3часа? Јас почнав повеќе да ја држам ќерка ми. До прошла недела 2 саати макс. Сега и накачувам на 2 ипол, последниот прозорец 3 ама многу ми кенка тие задни 45 мин. 6++ е исто.
Знае да закенка и порано од 3часа, пробувам да ја заспијам ама не сака,осетам кога и се спие и тогаш ја заспивам,малку ја прошетувам низ собата со песничка и така заспива. Да ти кажам денес се разбуди во 7:30 и заспа во 8:30 Се разбуди во 9:30 и заспа дури во 13:20 и во 14ч веке беше будна,значи заспа после 4 часа и спиеше само 40 минути. Сега заспа во 17ч пак после 3 часа и ке видам колку ке спие ако спие малку може да направи уште една кратка дремка од 20 мин а ако си поспие сега повеќе вечер во 22:00-22:30 ќе заспие и се буди за цицање 2-3 пати. Не е многу голема спијачка преку ден,овој ред ние од кога направи 6 месеци да не си подречам се надевам вака ке продолжиме. Ете тоа е нашата рутина со спиењето. Инаку веќе имаме и 2 оброка мислам дека пишав погоре преска. P.S сега може кафе да се пие