И моето се вцрвенува после бањање, безразлика што користам. Имам до сега користено бекутан, биодерма и уште една фирма, нз како се викаше. Секогсш е истото. А и на мене ми се случува тоа, секогаш после бањање имам црвенило, како пликови. Не знам зошто е тоа така.
И мене ми се праи така, на лице и на гради, установив дека е од топла вода, може и кај вас од тоа да е
Синоќа во 3 ипол тоа не разбуди. Мавање, ама убаво и константно, ќе лази во даска она. Јас не знам како не ја боли и како не се буди. Не знам што да и правам
Не дека мојов е јадач ама секој ден истата рутина му ја правам и од почеток до сега има разлика. Седнуваме во хранилка, лигавчето е исто, од една чинија негова го хранам и полека полека научи дека се јаде па отвара уста. Сум приметила дека само топла кашичка сака да јаде, штом излади се мршти и нејќе. Пробај менувај текстура, дај му да ја допре храната само да си осознае. Им треба време за се нешто. Ќе пројаде, кој човек не јаде
Под маската имаш резервоарче и во него се става со шприц 2мл-4мл зависи. Инхалацијата да трае бар 10тина минути Најдобро е мал физиолошки да си земиш мало тубенце за да не ти пропадне така , со игла и шприц си влечиш и ставаш во резервоарчето и тоа е тоа.
Пишала @Poppins погоре појаснување каде се става. Ние моментално правиме два пати дневно меѓутоа со ампула синомарин. Тоа ни е препорака од педијатар. По пола ампула за инхалација. Бебе е 7 месеци.
Мене прашањето ми е како ви седам малечките? Ние малку пред да правиме годинка бевме болни и препорачано ни беше инхалирање…не бре брате никако не седеше…ни занимавање ни цртани ни музика ни јас да носам исто маска ништо..кај нашиот инхалатор освен маска има дел и за во уста, е него го сакаше интересно му беше…маската никако…ако имате tips and tricks пишете, ќе се најдат за во иднина
Јас немам искуство со децава мои , немам ни инхалатор свој , досега сум немала потреба , а и против користење инхалатор на своја рака сум , затоа што колку арно толку и лошо може да се направе , пр ако е бaктериско , ќе се разнесе бактериата насекаде со инхалацијата. Затоа секогаш консултација и преглед со доктор прво , не со фармацевт , оти и они знаат да препорачуват инхалации низ муабет дијагнози да дават Јас сега пред нецел месец бев разболена и од сестра ми го земав и она ме учеше тогаш како треба , и првпат користев во моиве 28г Колку што имам слушано од други само тоа е решение , занимавање со песни цртани , подавање омилени работи , и да се издржат некако бар 10м
Искрено не знам совет да ти дадам. И постариот а сега и бебево седат без проблем.Ако мислиш дека може да помогне на малово пред да почнам да го инхалирам прво му го пуштив така инхалаторот да го чуе како брчи ( имам инхалатор стар 10 год), па маската него на лице а другата големата кај мене на лице. И следно правевме инхалација со синомарин. Седи мирен малку зачуден најверојатно дека му прска малку на лиценцето.
Кај нас да. Со молење јадевме, по цел ден врескаше и навечер не спиеше ич убаво, цело време се вртеше, кенкаше во сон и на моменти знаеше да почне ептен силно да плачи.
Јас кога ќе му ставев маска, ставав и на мене и пеев цело време додека трае инхалацијата (зашто сака кога му пеам ). Ставете и двајцата маски и прави нешто што знаеш дека сака
Луѓе хелп со совет Малиот е 7месеци и 2 недели,до сега немавме некој проблем. Се како што си е редот си одеше, фаза по фаза,скок по скок.. Меѓутоа еве веќе една недела како почна да писка по дома како навиен..Му нема крај,земи го во раце ,па шетај низ стан,седни го на земја со играчки писка,легни го писка,ќе му кажам чекај сега мама да се облече писка,на хранилка писка.. Детево немаше работа со ова пискање,што му стана не знам.. Вака друго се си е најнормално,нема нешто да кажеш што отстапува. Уште нема заб извадено и стварно не знам што да мислам. На моменти е не баш згодно,цел ден ти писка а ти не знаеш како да удоволиш.. Молам за некое мислење/искуство.