Совет кој крем да го земам на биодерма? Има 8 месеци и кожата на образите му е многу сува и црвена. До сега користев мустела и за бањање и за хидратација на лице. Нема ништо ефект на лицето кремот, сакам да земам на биодерма, која е разликата помеѓу овие две што ке ги ставам на слика. Исто и за купка сакам да ве прашам дали има многу разлика помеѓу маслена на еуцерин и биодерма, зошто гледам на еуцерин е намалена од 400мл. Да напоменам по телото нема црвенило, само на лицето, ама сакам превентивно да сменам.
Првата со бело капаче е за екстремно сува, втората за сува. За купка јас би зела Биодерма да се од иста линија. Ама можеш да пробаш и со Еуцерин двете се добри.
Еве колку што успеав да сликам, можеби не личи како да е екстремно сува, ама суво е, и рапаво а и црвено. Стварно незнам која, и двете се за атопичен дернатит така?
Потврдено од лекар ви е дека е атопичен дерматит кај вас и по препорака го земавте? Зошто јас заклучив дека и кај нас е тоа по тоа од тука што читав како личи дерматитот. Бебево не се чеша, ама црвено е
Не треба да се чеша. Се чеша кога ќе стани полошо како флеки на одредени места. Вака по сликата ова не чеша и ова можи да биди почетна фаза или пак вака да остани и да не се влоши. Мене ми личи на атопичен дерматит. Е сега би требало општо цела кожа да е посува на цело тело. Првата ќерка имаше атопичен дерматит, иако не бев на кожен лекар за да ми потврдат, јас исто прво од читање сфатив дека има потоа педијатарот потврди. Исто почна вака само на образите во вториот месец некаде. Сега и втората ќерка има, обично ако едното дете има големи се шансите дека и наредните деца ќе имаат за жал. Само што сега кожата на цело тело е екстремно многу сува. Како и да е во вашиот случај јас би мачкала со крема за атопичен дерматит.
Ве молам кажете со што да го занимавам моето , брзо му се здосадува на под.. не сака никако на меше уште од раѓање, а и на почетокот на 6ти месец се превртуваше а сега ништо, веќе 7м и 4 дена сме ... Само во раце сака да го шетам низ стан, и све да фаќа што и да види
Почесто плаче за да шета низ стан, поинтересно му е така него на под да е.. Се надевам некогаш ќе му текне да се преврти и да си игра
Ама понекогаш остави го малку да плаче , бебе така се учи , то плачи ти крени го и сега навика му остана во раце
Јас кога ќе ми заплаче на под кога ја ставам, ја оставам и излагам од соба. Кога не ме гледа одма прекинува со плачење и се заигрува.
Плаче за да шета низ стан затоа што знае дека ако плаче ќе шета низ стан ист проблем имав на почетокот, но го оставав да поплаче за да сфати дека плачење не е = ќе ме земат во раце и сега веќе со месеци се игра сам. Кога го оставам знае да заплаче но знае и дека нема да го земе никој и престанува. Ако му се здосади, седнувам до него, го заигрувам и се тргам по некое време.
И јас не го шетам низ соби. Мм го шета. Му давам играчки, на кревет го заградувам и си игра, некогаш и јас со него. Гледа мрт5 има репризи детски емисии, светот на бакјте, светот на Биби, приказни,... Поточиња.. Понекогаш му пеам јас, или пуштам на тел детски, ама оддалеку телефонот.. Почнува да лази и не е многу сигурен.. Се качува по перници и сака да стои. Во креветче поретко го ставам оти се подига многу и од ќошињата знае да се удру(со мрежа е креветчето) горе има пластики... Инаку сака повеќе да стои, некогаш и на прсти. Моето плаче најмногу кога е гладно или му се спие многу.
Ех моето сака по телефони , дека е на камера почесто со домашните а и јас седам кога ме бараат или одмарам затоа ме гледа..
Моево се радува ако се слушам на тел со некој, без разлика дали со камера или на слушалка.. Интересни се.. Душички.. Моето и во уста сака да го става тел.. Хаха се става во уста..
Добри сте вие, мене ме кара кога зборам на тел. Телефонот го сака само за грицкање и за музика, и секако, себеси да се гледа во камерата. Заљубен е во себеси уште од сега.
Има бебе што пролазело и проодело пред да седне? Моево лази ко војник низ цела дневна, нејќе да седи. Јас ја ставам да седи, она го крева газето да се исправа и се џитка напред да лази. Од што е брлива мислам дека нема да научи да седи. Без да мрда може 7 секунди само и мерев прееска. Има ред некој што прво треба, седнување, лазење??