Охх ела да се гушнеме и да си поплачеме . 9 месеци сме, страшен нејадач. Убаво почнавме, по блв сме ние. Ајде првите заби кога ги вадеше не јадеше, па се разјаде, таман се израдував и еве сега доле двојки горе тројки вади и пак не јаде. Тргнав на работа. Мајка ми по неколку пати и нуди одвај по неколку залчиња. Во петокот и оставив и млекце испила одвај 15мл. Одвај ме чека да се вратам и да се изнацица. Со педијатарот зборев, пошто убедена сум дека е гладна, ми вика не се секирај ако е стварно гладна ќе јаде верувај. Забите и се мака, ќе пројаде. утеха упм. Го чекам денот и се надевам дека стварно ќе пројаде.
Ако сте почнале на 6 месеци со немлечна исхрана, два оброци треба да има на 8 месеци мама, не три. Минимум месец ипол до два помеѓу оброци. А во врска со нејадењето, син ми на пола јадење почнува да плаче и да протестира, па го оставам да ја фати храната, сам си зема со прсти или од лажичка ја турка храната према уста. И така го јаде цел оброк. Пробај со различни текстури, топла/ладна, гледај да не е ни многу гладно.
Те гушкам мајка најсилно. Не знам навистина што ќе се прави. Само за цицка се тегне. Секако пробав. Свеки е во план да го чува ама уште не се пробале ни со храна, ни се заспивање. Ќе пробувам и јас да оставам млекце ако успеам да измолзам. Може и кај моево се заби во прашање, глода играчиња крвнички и се нервира. Ама а му доближиш лажица стиска уста иди па отвори му ја. Ме фаќа паника. Зар можно е да не се гладни толку саати? Дај боже да пројадат побрзо
Па и јас тоа викам. На 6 + почнавме, башка и ковид кога имавме една недела пауза со нови вкусови а сега вика за краток период три оброка . Ќе се побудалам. Што е многу многу е. А за текстури секако пробав. Поретко, погусто, пасирано , потопло, поладничко. Исто и со времето. Само што ќе стане од спиење, па еден час после станување, па после прва дремка... И да не е гладен многу пазам. И тој пак не и не. Прво почнуваме во хранилка. Се мафта лево десно со главата не можеш уста да му погодиш. Па го земам во скут на трпезариска маса со играчки пред него и така успевам да погодам уста ама па стиска ретко кога ќе зине да касне. Некогаш само лизнува со јазик и толку. Хранење цел саат за пола тегличка . Оххх се надевам ќе се смени
Ke projade ne se sekiraj. Mojata ne znaese od sise da pie, da zaspie bez cicka pa eve veke skoro 2 mes sum na rab i toa full po 8 saati saka nejke ke lapne nesto. Nit e gladna nit dehidrirana nit nenaspana. So zaspivase so babite, si jade - doduse so jadenjeto ne vidov nekoja maka...so siseto nekako red fatija ama 100tina ml vo denot i poveke voda i taka...se prisposobuvaat toa e
Фала на утеха мама Се надевам дека и моиве ќе се снајдат. Нема избор. Среќа и свеки што не покажува сомнеж. Вика ќе се чуваме, ќе се раниме, ќе си спиеме.. Дај боже да е така. Да си фатат ред.
Околу спиењето можам стварно да те утешам дека ќе се прилагоди одма. Мојава од кога е родена само со мене и на цицка заспива/ше. Никој немаше ни пробано да ја успие. Ама со баба и од прв ден си се успале. Првите неколку дена барала малце цице ама заспивала, после заспива без да бара. Ама со јадењето стварно не знам што ќе се прави. Пробај да му да дадеш само да јаде парченца евентуално.
Белки ќе се заспијат. Вчера и го симнав да го заспие за кратко ми го врати уплакан со солзи и мрсулчиња дури. Може кога нема да сум тука ќе биде и она поупорна, ќе нема избор. А за парчиња следна опција за пробување ми е таа. Овие две недели се ќе пробаме па што ќе упали така ќе тераме. Мм ме теши и вика кое дете не пројадело па и ова. Треба време и трпение најверојатно
Може уште не е подготвено за цврста храна мама. Знам бебиња што до 8-9 месеци биле на млеко. Од 6+ се почнува со запознавање со цврста храна, не значи дека бебушка одма ќе јаде заменски оброци. Прати го детето и остави тоа да те води, не е решение да им даваме на сила, здрав однос кон исхраната се учи од сам почеток. А и секако до година главна храна е млекото, додека преку немлечна исхрана главно треба да се надокнадат резерви на железо. Ти нуди му секој ден, да научи дека покрај цице постои и друга храна, колку касне толку, две лажички, две, утре повеќе, задутре помалку, со тек на време ќе си пројаде. Пробај ете и со парчиња. Пробајте и друг да му дава. Знам дека си загрижена бидејќи треба да тргнеш на работа, но ќе се снајдете, можеш и млекце да му оставаш, може па друг ко ќе го храни нема да одбива.
Мојата и млеко не сака, ани кашички сега едвај по некоја лажичка. Забче сака да никнува па си викам ај може до тоа е, ама се си мислам дека нема детево да јаде. Среќа првите месеци стави некое килце. Последното мерење само 100 грама. Мама а како сте со килажа? По колку ставате? Знам дека месец сме разлика мислам. Ние ни 7 немаме
Така си е мама. На сила ништо не бидува. Еве денес пробавме ориз за прв пат па таа ја сакаше со малку лажење ја изеде. Бебе брзо губи трпение а и може сеуште не е спремен како што викаш ти. Мака ми е со пумпа не можам доволно млеко да измолзам. Можеби ќе треба некој период адаптирано да давам. И тоа ми е на мисла. Ќе пробуваме варијанти па нешто може ќе погодиме. Фала на утеха
Малце офф топик јас . Неколку пати го имам прочитано ова на форумов дека млекото е главна храна до 1 година. Каде го имате читано/слушнато ова? Јас колку што имам читано до сега вика до 6 месеци млеко, после тоа се дава храна и се продолжува да се дои барем до 1 година. Како може да е млеко главна храна кога повеќето одиме на работа најкасно кога бебе е 9 месеци и кога бебе јаде 3 оброци дневно? Каде може да читнам за ова нешто повеќе?
Мајчиното млеко/формула останува главна храна до 1 година. Не за џабе во педијатријата децата до 1 година се викаат доенчиња. Дури и самата дохрана ја означуваат како комплементарна исхрана, бидејќи има за цел да го надополни калорискиот и нутритивниот дефицит на млекото. Иначе можеш да читнеш на официјалните страни на WHO, ESPGHAN, EFSA, европската и американската асоцијација на педијатри. Имаше една слика низ нетов за калории по месеци колку од млеко колку од цврста храна, не можам да ја најдам моментално. Дали до 9 дали до 12 месеци млекото обезбедува 50% од дневни калориски потреби, не ме држи за збор. А на тема почнување со работа. Во САД пример, по 3 месеци се враќаат, некои по 40 дена зависи од работно место. Нема врска едно со друго .
Скроз ми е нејасно како бебе ќе прима 50% калории дневно од млеко ако јаде 2 оброци дур мама е на работа, а нејќе од шише да пие. Ми нема некако саати во денот за цицање толку многу, кога ќе се воведат 3 оброци веќе. Ко малку подои да остануваат за да се 50% од калориите
Лајкот за поддршка мама . Дај боже пресврт да имате. Кај нас килограмите се должат на страствено цицање. Ако се прашува бебе тој би цело време да виси на цицка.