Совет од педијатар ми беше постепено да заменувам оброци, еден ден еден оброк 2ка, следниот 2 оброка се додека не се заменат сите со новото млеко. Процени си колку време ти трае една кутија и колку денови ќе ти требаат за промена на 1 во 2.
Има ли друга мама што има бебе што не накачува на килажа? Иста килажа како претходен месец замислете. А крвната слика и е добра. Хб 126, а железо 10. Јес дека не пие млеко ама се разочарав. Стагнира со килажа, не спие ноќе. Не се осеќам убаво. Ова последен пост ми е за неспиењето, си ветувам.
Да ви се приклучам во клубот на бељаџии мојава зверка обожава со даљинската да си игра. Се исправа на масата и само гледа да чапне нешто и да фрли . Почна да се исправа и на комодата кај што стои телевизорот и го пипкаше екранот, па сега масата ја тргнавме и ја стаивме пред комодата. Си се шета низ цел стан (среќа што ни е се бејби френдли). Најново интересно и е да земе играчка, ја носи во купатило, се исправа на кадата и ја фрла внатре . А за НЕ циркуз е, ти и викаш НЕ тоа те гледа, те разбира што и кажуваш, се смее така шмекерски и си продолжува . А во една книга демек за психологија на бебиња и деца имам прочитано дека као до 2 години не го разбирале концептот на НЕ и за да го спречиш да не прави нешто решение било да му го скренеш вниманието со нешто друго
Мами, како носето даби тече на бебе. Така прозирна течност. Настинка е ова или? Може од ладниов воздух деновиве шо шетавме? Што да и правам, освен со аспиратор влечење?
Како се дава пробиотик прашок на новороденче кое е на доење? Јас мислев капки се, но во аптека рекле за новороденчиња биле прашок Пробав да се измолзам и со лажиче, но многу густо дојде и се засркна бебе
Ако сака да пие од шише ќе му го раствараш во измолзено...ако не земи си Ваја, Диа Стоп, Нормиа сите се тие за бебиња, цел форум дава од нив, како било само прашок за новороденче, така можеби им одговарало на фармацевтите
Кога веќе треба да седнува и да седи стабилно? Моето има 6+++, не сака никако да седи. Кога го ставам да седне ми пружа отпор. Некогаш успевам да го залажам ама се навалува одма нанапред, како топче се склопува целиот и на крај си легнува. Едит: нема абер ни за лазење, само се врти како рингишпил и се собира како змиулче.
Не знам колку многу прашок има, јас давам Д витамин во вид на таблета која се топи во уста, мене ми беше шубе така да давам па на почеток и мешав со измолзено млеко и со лажичка давав, сега давам со вода исто во лажичка. Е сега таблетката е мала па не е многу густо.
Мојава е 7+, уште не седи скроз исправено стабилно. Значи лази по цел стан, а не седи. Стабилно седи само во прва фаза седење, со рачињата напред потпрена.
Ние сме 7 и пол месеци , седи веќе стабилно т.е пред да влезе во 7ми веќе почна ама и рачињата ги држи напред да не падне. Си вежба а сеуште не се врти , страв ми е ако ја прескокнеме фазата за вртење
Ова не сака ич да лазе. Кога ќе му избега играчка одма крева раци и нози во вис и поцрвенува целиот од нервоза. Само на моменти газот го крева нагоре, ама не знае што понатаму.
Секое бебе си е различно, не се мисли мајка има време. Мојата е 7++ седењето е веќе испраксирано способна е дури да се посегне по играчка без да се струполи, исто така од полу лежечка во седечка позиција може да се исправи сама без помош. Да седи почна на 6+, се врти и влече исто без проблем ама за лазење абер нема, повеќе сака да се исправи…
Ќе земам утре биогаја, и патронажната ми ги препорача. Инаку прашокот е провен, што нели се смета за добар пробиотик. На парче го давале, па мм земал за цел месец 20 денари едно парче и нема упатство само такви кесички му дале.
Маж се праќа со слика и со напишано што точно треба да земе, ако не ќе се врати со којзнае што Ова ја ко паталец ти зборам
Па во аптека го оправаат како ова е подобро од тоа, и јас да сум ќе послушам оти од кај знам Баш за прашокот за папче што е, на Б му е името не ми текнува, патронажната рече да го земеме, си запиша име тој се, во аптека му дале маст оти побрзо заздравувало со маст. Денес патронажната ме искара дека на незатворено папче не се ставало маст. За никаде не сме
Веројатно во Зегин сте биле, тие се увозници на Провен. Земаат провизија на нивните артикли и затоа го убедувале.