Ние сме 9 месеци и имам прашање. На бебе кога ќе му дадам нешто се тресе целиот и ги стиска рачињата како да е возбуден дека ќе си играме, сега почна да се случува тоа и со јадењето.. не знам дали е нормално така да се стиска? Не знам ни точно како да опишам, како од возбуда, како да сака да ми го земе пример предметот, ама не е баш пријатно за гледање, што знам... некоја слично нешто?
Познато ми е Ќерка ми е 8+ и исто така се радува, се тресе ги стиска тупаниците и се смее Мене ми е преслатка, сигурно не е ништо страшно
Не е ништо, ако го прави само по некогаш не по цел ден да му се стегаат муслулите. И мојава така правеше прашав на педијатар, ми кажа дека така искажувале емоциите. Еве не го прави веќе
Ќерка ми вака се притресува, што викам јас, од возбуда кога ме чека на хранилка да и дадам да јаде. Мене ми е многу слатка, како се радува така ми личи. Претпоставувам тоа е и кај вас
Внука ми е 4 години и се уште така се тресе со раце на страна поткренати, се тресе малку и со главата и е подзината. Така реагира на нешто ако се радува, се возбуди или и се допаѓа.
Мама леле господ здравје да ти даде. 8+ последниве две три недели знае пример когави зборип или гледа нешто така да ги притресува дланките т.е прстињата и цела рака.
Здраво Препорака за крем со заштитен фактор? Рано ли е или да почнам да мачкам на лице? Бебе е 8+ не сме виделе многу сонце до сега
Не е рано поготово ако бебе е плаво. За постариот користев Weleda, а за малово денес земав на Uriage. Не најдов Weleda во аптекиве што ми се во близина.
Да бело, плаво е бебушко затоа ми оди паметот дека треба да почнам да мачкам ама да се консултирам да не забегувам. Фала на предлог. Фала на предлог мами
Мами има ли некоја слично искуство,бебе е 11 месеци од вчера и се прават гурелчиња на очите чистам со газичка и топла вода но се прават секако пак,еве и утрово едвај очињата ги отвори дур не и ги исчистив и малку како потечени и се,може да е од што беше со затнато носе и со што може да се чистат? Ќе се консултирам и со педијатар но ме интересира и ваше искуство.
8+ од вчера не може да заспие Му се спие очи црвени му се затвораат Период е или? Начин за да заспие? СЕ е испробано ама никако не заспива Плаче плаче плаче па дремне една минута и се разбуди црвено во очите ама како наспано и за наредна дремка кога ќе му дојде пак исто Се преморив
Треба да го види педијатар за види да не е конјуктивитис, ама ако е очињата ќе се црвени, исцедокот јака жолта боја, кога ќе се исуши е жолто секако ама треба да видиш какво тече накај бело или жолто, ќе го пецка чеша. Само педијатар може да каже дали е или не е кога ќе го види. Чисти со стееилна газа и чиста вода, една газа едно око, друга друго око. Од надвор окото накај носот, не обратно. Вода ме би теевало топла. Чиста флаширана најдобро ладна. Во топла да не се шират бактерии не сум сугурна сепак ама мислам ладна само, никако топла.
Според wonder weeks не е во скок. Пред една недела демек излеговме од скок и навистина се примети дека сме излегле. Ама сега не знам… Баш сакав да прашувам да не има некој меѓускок.