Е како да објаснам на мм... јас и допуштам пошто гледам дека има обиди за лазење ама само ако намерачи т.е има некоја цел пример пархет, влажни марамици, кеса, хахахха и одма скока како жабче А мм не и дава. Таман ќе дојде до работ на подлогата тој ја врти, а па таа за секунда се врти како саат. Вака и го попречува развојот. А бап е како жабче, се влече со рацете и го крева газот и како да скока.
Абе се некој глупи коментари од неинформираност на луѓево. А ја па бетер, уште се замислив. Ама му дадов на бебе уште од врата што се вика да цица. Јадно тоа па не ме пушти до заспивање вечерва.
Таа знаци дека ќе вади заби има од 3 мес мислам ама тоа е изгледа. Ја намачкав синоќа коа викна, тек во 5 ми се разбуди за цицање. Преку ден ми вика само во кујна коа сум. Јас и правам јадење, а таа вика по мене, а ја погледнам се паѓа од смеење. А кај други си иде без проблем.
И јас ќе купував уште една подлога зашто ми лижеше паркет, па почна низ цел стан да ми лази и ми нема поента. Омилени за глодање и се папучи за по дома, ко кутре. Мајка ми коа ќе ја види како ја пставам да тера кај сака, коса и се крева. Она тепих на перење даваше да лазело детето. Она на тепих ја става, оваа правец во кујна на плочките да лиже.
алал да ви е кога ви лазат , јас кога сум во кујна да правам јадење вришти А на нејадењето препишувам на запче, боцка а и бело има на непцата Чекам да пробие убаво па да нарачам
Да се редат бисерчиња мама . Вришти и мојава некогаш. Завчера киснев спанаќ во легенче едно, да го мијам, почна да ми вришти. Истурив спанаќот во мијалник и го дадов легенот, уста не отвори пола саат се изнаигра
Се е изближано, се е пробано од покуќнина сега дека оди по секаде кај се држи мора да проба прво дали е вкусно прво трчав по неа секаде не и дозволував ама џабе 2сек ќе тргнам поглед и она си продолжува до сега фала богу супер е ништо не и е
Мајки што идете на работа и доите - колку пати дневно цицаат вашите бебушки? Мојава цица 6 - 6:30, во 15:00 кога се браќам од работа и тоа одвај чека, не може да дочека ни да се соблечам. После пак цица накај 18:00-18:30 па за заспивање во 21:00. Некогаш знае додека си играме накај 19:30-20 да дојде така од нога да си подцицне и да си се погали со цицето (да не и избега случајно ). Ноќе цица накај 2 и накај 6. Ама голем проблем имаме со нејаденје. Нејќе ич да јаде. По ептен малце каснува, по 3-4-5 лажици.
Сабајле пред да одам на работа, кога се враќам кај 16:30-17:00 ипол, па следно за заспивање кај 20:00 отприлика, пошто кај 18:30 вечера јаде. Исто знае да се мази дур си играме и да ми симнува маица. Плус оставам некои 100мл за преку ден пошто до сега се чуваа со бабите и си ги пиеше. За жал во градинка не даваат да носам измолзено така што ќе останеме на овој распоред. Мојов исто слабо јаде, ребрата му се бројат.
Здраво мајки. Ве читам за нејадењето. Бебе е 9 месеци и е на АД, 4 пати во 24ч пие млеко. Но исхраната и нас не ни е нешто баш. Повеќе сака купечки каши, со пилешко,телешко, мисиркино, ама колку месо содржат уствари тие Повеќе комбинации со месо и зеленчук испробав со батат, компир, ориз, морков, спанаќ, кромид, пиперка, праз.... Ако измешам повеќе работи баш како манџа да дојде нема шанси да јаде. Ако сварам пример само компир и стек, може да касне некое лажиче. А од готовите каши околу 100 125г на оброк одприлика. Почнав и трет оброк да му давам ама многу пати несака. Павлака,урда, палента, и некој инстант млечни каши единствено со мерак ги јаде, а пример за појадок просо, гриз измешани со овошје несака, и само вртиме едни исти оброци Има 9.600гр, а роден е 3300гр. Дали да земам нешто за имунитет или апетит?? И препорака што ако за вашите бебиња сте користеле? Педијатарот ми вика таман е килажата, ама некако многу едноврсна храна ми јаде. Извинете на долгиот пост
И мојов е голем нејадач а стасен цицач. Ни 2 лажици нејќе да касне да му го сметам за воведено. вака устата за храна. Сега за сега не е проблем ама за месец кога ќе тргнам на работа што ќе се прави не знам Не ти одговорив ништо ама барем се пожалив
Антоније Хаџи Антоновски од Орто Плус Пед https://ortoplus.bookwisely.com/mk/iwge/empls/8595?showhelp=0
Со килажата сне супер. По пола кило месечно си качува. Родена е 3030г сега има 8800г. Одлична е за тоа. И педијатарот ми вика така. Абе остај се. Иста е . Денес во градинка од 7ипол до 2 беше. Ама ништо не јадела бре, ништо. Одвај успеале 2 лажички просо да и дадат. Носев и шмукалче и тоа го плукала. Мајка ми кога ја земала и дала гравче, каснала 5-6 лажички и после се вратив јас. Се прерадува и се изнацица. Еве ја на 5ти ќе праи 10 месеци уште вечера немаме воведено зошо нејќе да јаде . Цел ден е гладна човече . За неа цицката е институција
Почнав пред два дена со работа и вака правиме. Сабајле во 7 :30 цица па во 9,9:30 доручек со татко му, измеѓу овошје (шмукалче) или павлака, накај 2:30,3 руча со баба му и во 16:30,5 со радост чека да цица. Среќа се поднаучи да јаде па сум малку раат во тој поглед. Се мислам да не му е малку тоа дур дојдам ама па беба е задоволна и расположена освен што мислам дека со поглед ќе ме ишмука, ама па тоа можеби е од што му фалело цицето и мама. После цица пред заспивање и вчера почесто се будеше ноќта за цицање (3 или 4 пати). Деновиве ќе бидам и втора смена па ќе мораат да вметнат и вечера. А место ужинка после доручек може пак ќе му дадам да цица (за да направам некој баланс со градиве). Бар така мислам дека е ок.
Мајки како се справувате со деца лепак по вас ? Јас ако излезам од соба одма почнува да плаче и седи на врата дури да влезам Значи не можам ни до тоалет да одам на рат
Моево не бара во раце ама сака цело време да седам до него и да си играм. А излегов и почнува да свири
Ако сме у дневна да седам да играм со него иначе не ги рецка играчките а ако сум во кујна ме тегне за нога ми се беси да го земам ако сум во тоалетот стои пред врата и кенка. Лепенче