Ја земав 50ка. Моето е многу бело и нежно и мислев дека 25 ќе е слабо за него. Сега гледам дека пишува за деца над 3 год, па не знам дали згрешив...
Женчиња дали има друга беба што не плаче и не бара млеко или храна?!....значи умрев. Оброк по 3 лажички имаме . И уше нешто, ќе треба да се одбиеме од цице, од Х причини. Не ми е проблем за млеко како оброк, колку толку пие ад. Ама со цице заспива. И ноќе само така ја смирувам и презаспивам, пошто станува на секој саат, некогаш и почесто. Кажувајте шо и како да правам. Ум немам. Се мислам и си плачам.
За заспивањето навечер, доколку има можност некој друг да ја презаспива, една недела ќе се одвикне јас мислам од цицка. Мојава маж ја презаспиваше така од 6 мес, и прекина да се буди на саат за цицка дур не влезе во 6ти скок. Имаше плачки 3 вечери ама толку беше. Поспавме едно месец ипол, сега пак со скоков на 2 саати се буди ама тоа е друг муабет.
Баш вчера во Зегин ме убедуваа да земам фрези за мојава 8 мес. Друго немаат на залиха. Ако е над 3 год, да не зимам.
Ништо не сака да јаде? Ако има некоја омилена намирница па да ставаш по малку во секој оброк додека да пројаде? Пример, моево не сака месо, ама многу сака батат и сега во секој оброк со месо мора да има и малку батат за да јаде. Инаку во однос на заспивањето и моето порано заспиваше со доење, ама сега преку ден јаде цврста храна и подоите се намалени па почнав да го заспивам со нишање. Има омилена песна за спиење, ја пуштам на you tube, го занишувам и за брзо заспива (само му ги следам прозорите на будност). За навечер не знам што да ти кажам затоа што сеуште го презаспивам со доење. Пробувај разни начини, нешто мора да функционира.
50ка фактор е над 3. Јас почнав да го мачкам. Еве за 25ката, тој е за бебиња https://zegin.com.mk/mk/frezyderm-sun-losion-za-bebina-za-zashtita-od-sonce-spf-25-100-ml Не знам шо е со цените, на страната пишува дека 50ката е 693, мене вчера ми го наплатија 866 ден.
Од денес па до 25.04 има велигденски попуст на некои брендови на козметика во Зегин. Ти кое го зема? Еуцерин, биодерма, фрезидерм и др. се на попуст од денес, па можеби затоа е разликата во цени.
@brm_brm дали имате во скоро направено крвна слика? Може да нема имунитет ако е анемично. Си консултирала матичен за да ви даде б комплекс малку да зголеми апетит?
Здраво женски, пред некој ден почнав со испробување на вкусови со малата. Е сега ме интересира со оглед дека на круша, слива не им е моментално сезоната, дали дававте?
Вака е веќе 2-3 м. Крвна слика пред месец дена хб 129 железо 11. Ќе барам пак да направам. Пие од старт бејби вит витамини. Леле ум немам. А вака машала весела е.
Да. Круши има на пазар, давам такви, ма да ми рекоа дека сега ќе излезат и некои пролетни. А слива давам од готова каша. Имам и домашен џем али оти е со шеќер, иако минимално, не ми се дава на бебе.
Круша давам, сегде има. Сливи исто давам, има замрзнати. Едниствено праска и кајсија не сум дала зашто нигде нема да се купи.
Нера Критис од Зегин за бебиња, ама тоа до 7 месеци после обична флаширана онаа која вие ја пиете. Никад не сум ја превривала сум ја користела од флаша за АД
Фала мама. Ние па дека се во Тинекс пазариме и само се зјапам по сувите, не сум видела до сега. Ќе проверам во Веро