Да, во тој дел се. Негде околу 200 денари беа не ме фаќај за збор, ама долго траат пошто по 2 максимум во кашичка ставав благи се.
Мајка кога се консултирав со педијатарот во однос на креми за сончање добив совет за бебе и дете до две год не е препорачлив висок фактор како 50 заради хемикалии и дека подобро е фактор 25 со физички филтри па јас зедов фризидерм 25 фактор. Поздрав
Физичките можеш да ги сретнеш и како минерални. Во составот најчесто имаат цинк оксид или/и титаниум диоксид. Некои креми се комбинација од физички и хемиски филтри.
Тежина катастрофа. До 5 м. кога нормално пиеше млеко ставаше 800-1000 грама месечно. Родена е со мала родилна тежина. Нагло го намали млекото и почнавме со вкусови(многу тешко одеше) И почна 150 грама за 3 недели. Па 100 грама за еден месец. Па февруари беше ниту грам качен. Па почнавме секој ден месо и житарици. и сега за две недели качи 100 грама. (Без малку 7 кг) Полни пелени, кака 2 пати обавезно и мочки има. Сега пак за две недели ќе се мериме. А весела е, башка не спие денски. А ноќе се буди на секој саат.
Мајки бебе синоќе плачеше неколку саати по ред, до сега ни се нема десено такво нешто, со ништо не се смируваше.Моментално сме во 7 скок, но не ветувам дека е до скокот.Како нешто да го болеше така ми делуваше.Мажот ми вели сигурно запче ке му излезе, затоа е така нервозен, и се става во уста.Инаку сме 9+ а немаме ниту едно запче се уште и затоа не знам дали е до тоа.Како се однесуваат вашите бебушки кога вадат заби?
Големи се шансите дека е запче. И моето кога вади запчиња плаче навечер. Пробај мачкај го со гелчиња за заби оладени во фрижидер, би требало да помогнат во намалување на болката.
Ќерка ми е 8 мес, на 7 ипол извади прво запче. Никогаш немаше плачено навечер, освен пред да го извади. Вриштеше буквално, прашував и јас тука исто. Веројатно и кај вас е тоа.
Фала ти го мачкам од вчера, ама го немам ставано гелот во фрижидер, така повеќе ли помага? Фала ти Исто така нема плачено навечер никогаш, никако не се смириваше, и кога заспа како да липаше во сон. Сигурна сум дека е од болка, ќе видиме за некој ден дали е од запче.Фала ти
Мама не е само тежина показател за напредок. Пред сѐ поважно е детето да е здраво, весело, па да не губи тежина. Еве син ми на 11м има 11кг, ама шо ако ко е анемичен и со крш имунитет. Не очекувај да качува по пола кило месечно, веќе е "голема". Те читам низ темиве дека си многу насекирана, ама најдобронамерно опушти се, следи го бебето. Штом си е среќно така, така нека биде, таа нека те води.
Ладното им помага во болката. Исто можеш преку ден да му даваш од глодалките што се ладат во фрижидер ако имаш.