Мајки какви капи и ставате сега за ова време на вашите бебиња?Моето не сака никаква, од кога е родено црка, живо се дере ако му ставиш капа.Зимата купивме една 3 пати поголема и едвај таа ја носеше, некое време или само тие на палтенцата пошироки што се, а и многу е саклетчија.Но сега кога има сонце ке мора да носи
Досега не, си јаде и тогаш. Еднаш имаше фатено коксаки вирус и имаше афти во устата, ама пак јадеше и си приплакуваше.
Да. Ко почнавме океј си јадеше, и почнаа долните кецови еден па друг па одма после горните и никако да пројаде детево.
Ножеби ќе треба да менувам работа, па ќе треба син ми во градинка да го оставам. До кога ги примаат без вакцина? И како јас како мајка тоа лесно да го поминам? Не очекував дека вака тешко ќе ми падне само помислата да се одвојам од него. Може звучи смешно и бизарно ама стварно мр јаде таа помисла, како ќе се одвојам, многу ќе ми недостига
Ако мислиш на ммр, се потпишува изјава дека редовно ќе го вакцинираш, мене ми рекоа на 13 месеци ама ако некој одложувал нека каже како
Бебе изеде парче од гума за бришење. Може да е мн опасно??? Мн сум исплашена Пробав да му го извадам ама се закашла и го голтна
Мајки чиј бебиња се околу 10 месеци. Освен оброците, по колку мл Ад млеко ви пијат децата на ден ? И дали сите 3 оброци ви се скоро секогаш по 200гр?
Бебе 9+ значи буквално ништо не јаде, само цица Дури и парчиња почнав да му давам затоа што бев сигурна дека ќе јаде така и ни така не сака Мислам дека се имам пробано ама може имате некоја друга идеја како да почне да јаде и како да сака ад Од 4 до 6 месеци јадеше многу, од 6 навака некогаш знаеше да згреши да јаде малку
Моево супер јадеше од 6 до 7,5 после се откажа од јадење . Се пробав, и после од 10 месеци пак почна да јаде, па пак прекина некој период. Од 12 пак почна да јаде ко да не видела и т.н. Значи прават како ќе им свирне, нема начин нит да му кажеш нит да го натераш да јаде. Без нервози само, ќе му помине преку ноќ.
Да се здружиме ние мајките на нејадачи и да готвиме еден оброк за сите, да не фрламе џабе храна Што ќе се прави памет немам
Паѓаат ли многу вашите бебиња или јас не ја чувам мојава како што треба? Како почна да стои, секој 3 ден е со нова џумка и како успева се на глава да се тресне. И не запира, ќе се тресне, вришти 1 минута и пак иде на истото место да стои.
Ne e do tebe do bebeto e. Moeto e mn pretpazlivo ic nema padnato...odi lazi na site strani ama na sedni stani vnimava ne se lupnuva....se lupna samo patiki koa i staiv I od krevet dur nr nauci ubavo sama da se siminja ne probuvase sama pa da padne
Не само што паѓа, туку знае и сам да се тресне. Сабајлето се држеше за ниска масичка, како се занесе право се чукна со челото во масата. А обично паѓа настрана, и тоа само дома кога сме, внатре. Надвор може по цел ден да стои (се држи за едно ѕитче), нема ни да се занесе, ни ништо, право како пушка стои. Не му се ризикува да направи трас на бетонот.
Значи се држи за масичката, се фаќа да се префрли на гарнитура, се занишува, паѓа на газе и главата директ во гарнитура доле во тврдиот дел. Ова 3 пати до сега до има направено. Вчера истото во креветче го направи, откако падна на газе, со главата директ во оградата дрвена. Мислам дека остарев 10 години од паѓањево нејзино.
Мука нема оваа. Не седнува она од стоење, се фрла на газ ми се чини. Без план лазење и исправање. Кај и текне, таму. Се фаќа за ѕид се исправа и гледа нема кај да се фати да седне, се фрла. Како торнадо е по дома.