Мојава има 16 месеци и 10кг. Кога ќе ја видат дека трча сите се запрепастени. Мислат дека има 9 месеци. Толку мало бебе а трча и се качува по лизгалки. Нека се живи и здрави само .
Mojata od 10-11 do 14 mes mislam gram ne kacila 10kg negde e...ama ne i se zamaram ic poso ja gleam jade i ne zastanuva...baska bolestina edna druga od gradinka
Мојава не е некој јадач, ама вака така ќе изеде тоа што треба. И јас не се замарам со килажа. Ако не друго облеката и е износена .
Сега па баш ич не јаде. Се научи да плука. Битно има 4 заби, само не знам за шо и се Тешкотии мама, тоа е. Се буди постојано. Абе хаос сме. А нема сопирка. Не знае да си седи. Или скока или лази или се пентари.
Мами, некако насочена кон моториката на бебе до сега..... Па ме интересира од кога почнуваат да разбираат кога ги прашуваш каде е мама, тато или предмети?
Да те утешам, мајка ми вака за мене збори. Нит сум спиела нит сум јадела. Кога сум престанала да цицам, 2 мес млеко не сум лизнала. Во прво одделение 20 кила имав. До ден денес јадам од што мора, маж вика колку да преживееш јадеш. Такво си е детето, да е жива, здрава, чим е весела она и беснее, нема мака. А за будењето можно е од што е гладничка малце навечер често да се буди. Мојава откако почна вечера, повеќе спие....секако кога не е во скок или заб кога вади
Mom's Ај ко за прв пат на темава. 6+ сме. Во сабота планираме да идеме на планина ( у село де ама да ги пратиме трендовите) Татко ми си чува таму пчелки во двор. Не се плашам од алергии јас, седум генерации пчелари ваљда нешто во генетскиот код останало запушано ама мм ми мати вода. Што да земам за не дај боже од алергии од убод?
Мислам најубаво педијатар да прашаш, се тоа што е за алергија е за големи деца. Мене ми даде зиртек да си имам дома за секој случај и во аптека ми рекоа не е за бебиња ама ако дал доктор како препишал така.
Обично сирупиве за алергии се за над 2 год ама јас и имам давано Летизен по преппрака на педијатар, поради реакција на храна. Прашај прдијатар дали може тој или некој др сируп за алергиска реакција на убод од пчела.
Тоа алергија од убод може и од комарец, не мора пчела да биде. Мене ми препорачаа Аериус сируп за секој случај.
Направивме сефте со комарци пред некој ден, немаше ништо. Ајде ќе го барам педијатарот сабајлево да видам што ќе ми каже. Фала ви
Мојата е 9++ од пред две недели почна браво да кажува (плескаме со рачињата). Ама секое дете си е различно, нешто ќе научи порано, нешто подоцна. Пример она незнае и несака да лази, само да стои и да ја држиме да оди... Нека се живи и здрави, ќе научат се
Ќе почне уште малку, мојата пред две три недели почна, за 9 дена ќе прави 10 месеци. Плеска со рачињата и игра кога и пеам или кога има музика.
Ке почне кај и да е.Моето некаде пред да направи 9месеци почна и еден период немаше ништо поинтересно од плескање рачиња, дури и ноќе кога се будеше плескаше, беше многу интересен.Сега плеска само кога му кажеш браво и кога му пуштеш песнички ти вика браво што си му пуштил.Сега е сконцентриран на други работи.Ама моето уште малку ке направи 11 месеци Туку веќе кога сум тука да прашам од кога почнуваат да маваат рачиња за чао?