Мојата со месеци не јадеше или по малку, тргна у градинка и таму се разјаде. Во градинка се јаде, па и бара репете, а дома ме зеза. Веќе не се нервирам, ако јаде ок, ако не пак ок А се знае, и блендирано и пасирано и парчиња, ама џабе кога не можеш да се разбереш дека треба да јаде.
Другари по нејадење, само палачинка проаѓа во последно време кај нас. Лажица да не види со каша. Обиди се секако ништо не губиш, не може повеќе да не јаде од ова Ако нејќе сама да гризне пробај на помали парчиња дај и ќе врти низ уста нешто.
Мајки здраво. Бебе 7+ вади горе 2ка е сега денес има некој пролив еве ја 4 пат се искака така. Од кога ја приметив дека е пролив и имам дадено само млеко и банана. Сега ќе и дадам и ориз. Прашањето ми е како да и помогнам вода мн мн не пие и мн ми е страв од дехидрираност. П.с. и цица ама не ја задоволува па давам ад
Ама мојата стагнира и со килажа. Инаку нема да ја мислам. Кажувај рецепт нешто. Да ја сечам или цела па да ја грицка? 9м. Се е индивидуално. Некои прво ќе проодат па после ќе лазат.
Ова ми е базата на палачинките. Некогаш ставам пола банана или друго овошје некогаш подметнувам рендан зеленчук (морков, тиквица). Погусто од тенките палачинки треба да биде тестото. Секогаш нудам цели палачинки па некогаш е расположен сам да гризне ама претежно јас му кршам и му давам.
Ај да пробам белким нема да се удави. А можам пример кајгана да направам и така да си ручка? Мека ќе е?
Мека е, ама мене тенка ми искача немам толку мало тавче за едно јајце кајгана на тивко печи ја со капак врз тавчето нема утка. Нема да се удави, се си знаат, ние не им веруваме многу
Здраво на сите. Син ми е 10ипол месеци. Има 3 оброка и ужинка плус цица меѓу оброци и навечер се буди за цицање. Оброците му се 200 до 230грама и ги јаде без проблем. Се има десено и 250г да изеде ако искочи некогаш повеќе. Со оглед на тоа дека секаде каде што читам пишува порциите да се помали ми е страв дали можеби може да му направам проблем со желудникот? Да напоменам дека големината на оброците ми е по препорака од матичната и никогаш не му давам со сила. Секогаш сам си јаде инаку е 8.7кг и сега на последното мерење беше само 170грама поправен за 40 дена.
Здраво, бебево страшно не поднесува топло и сега почна да се исфрла и да се шири. Дали мачкате со нешто?
Само голо и не го изложувај на сонце. И моето беше такво, неколку дена ептен се криевме од сонцето, надвор само откако ќе се заоблачи или кога почнува да се стемне го изнесувам и му се повлекоа.
Јас сум од тимот ровки јајца на око, кајгана не ми е баш омилена Затоа и не ми текнало со повеќе јајца да направам. Гледам мм кајгана ќе јаде почесто Прво давам цела, сам да си стави во уста ако фрла давам на ленти, ако нејќе така залчиња му кршам.
Ај кога сме кај јадењево да си ја кажам маката. Синко ништо не става во уста. Под ништо мислам и на предмети. Лиже, глода што ќе стигне, раце става во уста, ама да носи предмети со рака до уста - јок. Сѐ што ќе му дојде при рака фрла. Оттаму ни за храна не е заинтересиран. Знае само да мачка прсти, а да проба да лизне не. Јадеме со него заедно и џабе. Претходно не му се мислев многу ама 10 месеци е веќе и почна да ме јаде црвот.
Исто мама. Мојата само смоки гриза. Друго ништо. А за килажата да не ти раскажувам. Вие белким ставате по некој грам.