Кажувајте како ви спијат бебињава поголеми? Спиеше со извадена страница, залепена до нас, почна да шета и ја вративме. Денес од креветче затворена, се преврте преку оградата, се тресна директ на глава и сега ми се страв навечер дур спиеме да ја оставам во креветче.
Да не ви е на високо ниво поставено креветчето? Моето спие во креветче, спуштено најдолу и нема како да излезе од него.
Leleeee...ova mi e eden od pogolemite stravovi. Nasata spie so nas na spalna krevetceto i e za ukras doma
И мојава ќе си спие со нас од сега. Ниско е душекот, оргадата и доаѓа негде до гради ама детево мое е тешка џамбазка, на прсти се крева, се фаќа за летвичките од надвор и се влече. Не знам како и текнуваат вакви работи на 10 мес. Среќа ништо страшно не и е, освен една џумка и модрица на чело. Да ми е сега памет, транспортно креветче ќе и купев
Бебево споулаве со него и ние. 5ти скок ни е поминат пред црвената фаза сме. Може се заби, све јаде, еве моментално етикетата од перницата ја јаде, ич не ја пипам мирна е. Сакам да и сменам играчки, нешто да и задржи внимание повеќе од 5 минути. За некој ден 6ипол месеци сме. Имате среќа со некоја погодена играчка, со што си играа најмногу тој период да ми дадете предлози.
Лименка, упаљач и празна кутија од цигари не спасува периодов. Колку и да звучи класика балкански. Татко и зема ги излепи убаво да не се сецне или да лапне нешто и тоа само. Не знам колку глодалки купив. Што и дадам да игра не е заинтересирана, гледа само нешто само да глода. Инаку дека сака да седи малце повеќе сега па ја занимавам со меките коцки ги редам пред неа а она ги бутка. И купив и чашки за редење и сортер со обрачи ама нека и помине мерак на коцкиве па ќе ги промовираме тие.
Па не дека нема јадено и тоа ама најчесто амбалажата од влажните е најпосакувана. Мислам кога ќе почне да седнува сама да лази ќе ни олесни. Вака плаче нешто ако не може да фати или некое топче ако и избега.
Мојата во тој период многу си играше со меки книги и ќеси, празни шишиња и дрвени лажици од тие големите
Kutija illy kafe patroni....vadi stavi saat vreme....posle koa ti s epie kafe gi lovis niz stan ali nejse
Мајки дајте проверен добар рецепт за колачиња запче, путер колачи или слично Конечно запче извади жапката
Нешто што ќе шушка хаха. Синко со празно паковање од влажни марамици се изнагра и со ќеси. Исто и со пластично шише малечко. Вчера цел ден играше со балон со хелиум оние што се.