Без никакви тестови ве префрлија на адц? И подобро е од него сега? Немој цимет во млекото да ставаш, ако не го прифаќа купи стапчиња ванила и 5 мин потопи во шишето пред да дадеш па извади го. А не сфаќам зошто полесна храна да даваш? И диетална храна? За ова би ти рекла со алерголог и гастро да се консултираш, не само педијатар.
На мојата и правеа алерготест на 4 месеци во Козле. Прават на 10 алергени од една епрувета крв од вена. Јас мислам подобро да испиташ пред да се носат заклучоци. Внимателно прочитај го составот на сите АД кои ги пиел и спореди, не е само кравји протеини има и еден куп други пропратни состојки. Почекај да се смири кожата неколку дена и слободно воведувај нови вкусови. Инаку ако излези дека е алергичен на млеко, нема да смееш да воведуваш млечни ни по 1г на детето. Сепак тоа зависи и од степенот на алергија кој ќе го пакажи алерготестот. Инаку поголемата ќерка се вцрвенуваше исто така на различни делови на лицето и по кратко време се губеше кога ќе се напиеше АД Хип Комбиотик 1, но не беше алергична на млеко туку така реагираше од соин лецитин во млекото
Со матичната денес се договоривме да почне со АДЦ, да го следиме дали ќе се среди за некој ден и после да направиме сите потребни испитувања. Кај нас секој ден по 2-3 нови му се појавуваат. А додека пие млеко самп црвенило се појавува и се губи
Не изгледа многу страшно. На што и да е алергичен од тоа моментално што го внесува не е висок степен на алергија, што не значи дека понатаму нема јави и поизразена алергија на нешто друго зошто склоноста ја има. Како и да е претпазливост со нови вкусови. Исто така размисли дали кога почна да пие Аптамил воведе некој нов вкус. Зошто можи тоа вцрвенувањр на лицето да е од некоја состојка на Аптамилот, но тоа што му се појавува по телото од нешто друго.
Во истиот период воведов цвекло и овес. Цвеклото ги ислучив ама ова продолжува. Сега ќе го исклучам и овесот да видам. А црвенилото се појавува додека пие млеко и го снемува за 1 мин. Памет веќе немам стварно. Земавме денес и од тоа адц ама несака да го пие. Пробав со банана да замаскирам ама и тоа џабе. Повторно дадов од обичното. Само ме става во мисла зошто не се исфрлаше до 6 ипол месеци а сега од аптамилот се исфрла. А од бебеланот ми бљуцкаше. Можеби ме требаше никогаш да преминам на 2ка. Како и да е ќе го носам да испитаме, ова се само претпоставки.
Препорачајте ми чаша за 11 месеци. Пие повеќе количински од кога се стопли и вода и чај, па полека да се одвикне од шише. Ја земав некапечката чаша на нук ама така стој не знае од неа. Дали да земам со цевче или клунче (пластично или силиконско клунче)
Со цевче. Не се откажувај и од некапечката, нуди ја и ќе научи. Можеш да пробаш и со отворена чаша, но прво вежбајте со јогурт бидејќи е погуст и поспоро тече.
So cevka silikonsko...moeto ja lapa smuka mislam ko od cicka u eden cug cela casa pie. Da se dopolnam iam nekapecka ama bebe ne nauci od taa da pie ali zatoa od otvorena i so cevka najubavo i odi
Силиконско клунче. Со цевка е тешко за одржавање и потешко за влечење. За некапечката на нук пред да ја нудиш одлепи го убаво силиконот од пластиката од сите страни. Најдобро е да го наводениш па да го поставиш. Понекогаш се лепи баш и тогаш е многу тешко пиењето што ни возрасен не би можел.
Кажете како да го натерам детево било што да внесе во себе? Нејќе вода,нејќе млеко, пробав дури и со сок кога ја видов сува пелената не бива. Што да и дадам завршуе пљукнато. Јадењето и е така така ќе изеде 3-4 лажички цица ама не е тоа тоа ако ја понудам ок ако не пак ок а и немам нешто многу млеко такада исто ко ништо да не изела пошто пелените се суви. Не малку него суви нема ништо. Од синојка од пред 21 до 8 беше сува.
И скок и заби ама имаше темп еден ден и сега и е фатен гласот и се поти мн и на све тоа она капка не дтава у удта ни млеко ни вода ни сок нешто бар да стави. Пробав и заспана и со шприц и со чашка и д аи ја дадам флашицата па што сака да праи, чеша непцата и се што ќе и дојде течност плука не знам више памет немам уште тоа фали да дехидрира
Доење само навечер за заспивање и кога ќе станеше у сред ноќ, пошто реално и нема после доење мах еден саат и бараше јадење дали млеко дали каша зависи од саатот. Такада и пиеше ад и цицаше и кашички, а сега ништо освен доењето нејќе јас ја ставам почесто ради тоа што ништо друго нејќе ама ете пелените суви и многу ми е страв да не дехидрира, комотно може со една пелена цел ден да претера и ги мењам од што ми е поише шубе да и останат поише од 3-4 саата на неа. Пополека и пуштам со шприц ако и голтне после више не отвара уста
А електролити? Нели имаше тт нешто беше болна и треба течност. Не знам дали е ок нека кажат или прашај док. И нека си е на града нека цица колку толку.
Никој ништо не ми рекол за електролити а сабајле ги пофатив у еурофарм. Ако до вечер е истата приказна ќе и земам па колку толку поголем ефект него ова ваљда ќе имА
Ефикасни се стварно ама моево за жива глава не ги сака...матичнава ми рече мешај ги со вода ама ги препознава и ми го фрла шишето..мене како возрасна многу ми помагаат